Позитивни и негативни работи на Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата NonameMacedonia
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 август 2012
Мислења
239
Поени од реакции
170
Како што може да забележиме последните 30 (па и повеќе) години сите се доселуваат од провинција во Скопје. Јас уште на почеток да напоменам дека сум од помал град (околу 30.000 жители) и мислам дека дека не треба, не мора па и несакат да живеат сите во Скопје. Не дека го мразам Скопје или имам некои презир, сакам да дојдам еднаш или два пати месечно во Скопје да ги посетам CityMall, Водно, Матка, Zoo и слично но јас не би можел да живеам во стан од 49 квадратина на 13 спрат со птиците горе, секогаш си заминувам и не останувам во Скопје. На тое што се доселиле во Скопје, ако може да ми ги искоментирате сите позитивни и негативни работи и дали сте задоволни од одлуката?
 
нема негативни работи, поготово ако живееш у радиус од 5км од центар, све ти е на допир на дланка, секоја институција, болница, работа, социјални места за дружба, све. И најбитно од се, можеш да си го бираш друштвото, за разлика од малите места, каде што си осуден да се гледаш со едни исти луѓе цел живот, иако не можеш да се уклопиш со нив.
 
Не Ви прече што нема паркинзи, и што ако не живееш во радиус од 5км. Или ако живееш во стан, наместо во куќа, не ти пречи живот во стан?
 
Гледам си пишал дека редовно идеш во Скопје. Незнам што гледаш, ама упорно го форсираш овој муабет со станот и квадратите.
Еве за твоја информација, и во Скопје има куќи. И во Скопје луѓе живеат на 500 м2. Има и станови поголеми од некои куќи во останатите градови.
 
јас живеам подалеку од центар и нормално е отежнато, мораш да бркаш автобуси навака натака. Не е сјајно но се издржува. Иначе куќа си е куќа, и ја сум во куќа и не би се менел никад за стан, поготово у вакви периоди увидувам колку предности има во поглед на живеењето во стан.
 
Живеам во строгиот центар на градот и сè ми е во тесен радиус од местото на кое сум лоцирана, сите клучни објекти, институции и збиднувања се одвиваат и ми се на дофат од само неколку чекори.

Затоа и најчесто палам патики и пичам пешадија низ Скопје, со авотмобил и бус многу ретко се возам.

Недостатокот би бил преголемиот сообраќаен метеж и бучава кои се случуваат во центарот, недостатокот на соодветни паркинг-места (иако ние сме во зграда со свој сопствен паркинг, па од тој аспект немаме таков проблем), како и општопознатата преголема загаденост на воздухот во градот.

И повторно би ја одбрала оваа локација, а гледам и сите од внатрешноста на државава гравитираат кон главниот ни град, па малку повеќе пречи и гуши таа непланска пренаселеност и гужва, со што се губи човечноста на градот.

За „Скопје 2014“ ко чир на табан, кој го уништи дотогашниот пооргански и поубав негов лик, можам да напишам цели фермани, но така ќе навлезам во сосем друга тема.
 
Како што може да забележиме последните 30 (па и повеќе) години сите се доселуваат од провинција во Скопје. Јас уште на почеток да напоменам дека сум од помал град (околу 30.000 жители) и мислам дека дека не треба, не мора па и несакат да живеат сите во Скопје. Не дека го мразам Скопје или имам некои презир, сакам да дојдам еднаш или два пати месечно во Скопје да ги посетам CityMall, Водно, Матка, Zoo и слично но јас не би можел да живеам во стан од 49 квадратина на 13 спрат со птиците горе, секогаш си заминувам и не останувам во Скопје. На тое што се доселиле во Скопје, ако може да ми ги искоментирате сите позитивни и негативни работи и дали сте задоволни од одлуката?

Ова за секој е индивидуално, но за мене ко интроверт, кој сака тишина и приорда, Скопје е пекол. Јас се надевам дека во животов ќе успеам да купам/изградам куќа надвор од густо населено место, во природа, каде сам би си ја одгледувал храната и каде би дишел чист воздух. Не викам дека е лесно и дека нема многу работи да фалат, али само тогаш мислам дека ќе се осетам ослободен, без некој мене да ми смета или јас да сметам некому.
 
Не Ви прече што нема паркинзи, и што ако не живееш во радиус од 5км. Или ако живееш во стан, наместо во куќа, не ти пречи живот во стан?
Потекнувам од стара скопска фамилија и живеам во стан цел живот....поголем од "49 квадрати" на 2км од центар. За паркинг....секако дека имаме паркинг..е сега не секогаш може колата под прозор да ти биде, но некаде ќе најдеш место. И да, на 9ти кат живеам..според мене што погоре -подобро. Фала богу постојат лифтови. А за куќа секако дека е подобро, не можам тоа да го оспорам.
 
Последно уредено:
За сречу доста је 30 квадрата, ако знаеш да си го средиш животот. А Скопје ти ја нуди таа можност.
 
Гледам си пишал дека редовно идеш во Скопје. Незнам што гледаш, ама упорно го форсираш овој муабет со станот и квадратите.
Еве за твоја информација, и во Скопје има куќи. И во Скопје луѓе живеат на 500 м2. Има и станови поголеми од некои куќи во останатите градови.
Идам за работа за ништо друго, и имам право да сум гневен сите останати градови пропагат за сметка на Скопје, само некогаш ќе забележете дека и не р толку убаво сите да живеат во Скопје.
 
Идам за работа за ништо друго,

Не дека го мразам Скопје или имам некои презир, сакам да дојдам еднаш или два пати месечно во Скопје да ги посетам CityMall, Водно, Матка, Zoo и слично

(y)

А тоа што другите градови пропаѓаат на сметка на Скопје мислам и дека не е вина на скопјани или тие што доаѓаат тука да живеат.
Секој има право да си одбере каде сака да живее. Ако на некој му се живее во голем град и не му пречи таквиот живот нормално дека ќе се пресели во Скопје а не во Куманово на пример. А чим многумина се одлучуваат на ваков чекор, сигурно нешто не штима во останатите градови.
Крај краева ако сте толку загрижени за нерамноправноста, што не почнете да одите Струмица, Штип, Кратово, малце таму да потрошите пари па со тек на време и тие градови ќе заживеат.
 
Тема треа да се вика, како ви се седи у стан, нели е поубаво у сфое дворче,скаричка,не ти сметаф комшие... : D

Сфе си има сфои предности, а и недостатоци.
Предност у Скопје е што моеш да најдеш сфак дн работу, подобро платену од било кој помал град, ама и пропорцонално живот е поскуп у Скопје.Предност е што имаш голем парк на располагање,зоолошка, поише тргофски центри, поише места за да мезнеш и пинеш, да искочиш наечер у диско, тоес има сфе за сечиј фкус, од метал рок сфирке и рап дисови, до шабанарско тепачки биртие до сабајле, убави средени пабови за пифце, убаи ресторанчиња, кафанчиња, ланџ барови и кафиќи.Има ги и у други градови, ама вамо избор е поголем и пошарен.Предност е и што не е ридско брдски стил, моеш да возиш точак по цел дн без да се умориш.Водно е друга прича ,сфак град си има блиско некое планинче у кое моеш рекреативно да шеташ

Недостатоци ги има пуно. Гужва,сообраќај, афтобуси, поготово у тајм прајм пред и после работу,слично е како у Делхи,Калкута...
Скопје е град за около 300 000, за жииф над 600 000 сигурно.Нема паркинзи, пренатрупани су мали зградичке по Дебар Маало,глеам и у Тафталиџе, а ваљда и на други места.Летоска е мноо вруќо, загрее се тј асфалт од булевари, гори ваздух.Зимуска е презагадено, некако не диши убаво бш Скопје, нешто не штима у аеро динамику.Комшие скопски су најнапнати, одма полицију вика за малце погласно, а не га ни интересира дали некој нешто слави, битно њега му смета музика треа сабајле рано да стане да иде чк до зелено пазарче зшто тамо марула е за 3 денара поефтина. Најбрзо се напнуеф скопјани од сфи македонци,нервираф се заради провинцијалци, а чисти скопјани искрено ретко.Али што е криф некој Кире од Виницу, што тамо плата му е 10 000, а и нема услови да се школуе и што се вика нема куде да изеде добру пицу или слично. Крива е политика на распределбу у нашу државу. Од почетак наамо се пумпа некоја филозофија на град државу.
Дај бе да се сакамо, без разлику на сфе.

За многу години македонци, од каде и да сте.
Виолета Томофска.
 
Кпмлетно се содласувам.
 
Де бе не сме до толку лоши комшии, добро не сме ко кумановци ама ипак не сме толку лоши. Многу полоши од нас се Охрид, Битола и Прилеп. Охриѓани се најтерсен, да донесеш чупе во апартман полиција ќе ти викнат. Исто и овие од Прилеп се мало терсен, често идам таму и без скандали и драми не сум поминал, се им смета.
Кумановци, кочанчани и стурумичани се најопуштени, се на шала тераат, не му се замараат многу.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom