МЗ: 69 оздравени, 29 новозаразени и четири починати лица од Ковид-19 во изминатото деноноќие
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти.
– Скопје 18
– Куманово 36
– Дебар 1
– Штип 1
– Велес 10
– Гевгелија 1
Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања и потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на клиниката од 24 април и 87 годишен пациент лекуван на клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од с. Зрновци (Кочани) на 62 годишна возраст, на болничко лекување од 21 април.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1494, бројката на оздравени пациенти е 807, на починати 81, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.
Направените 362 теста се преку: ИЈЗ –285, Ветеринарен ф-тет -11, Авицена –9, Биотек –26, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода -21 и МАНУ -10. Досега во земјата се направени вкупно 16798 тестирања на ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 48. На кислородна поддршка се 27, а на механичка вентилација е 1 пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 26 пациенти. Од нив 4 пациенти се на респираторна машина и уште 3 со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 44 позитивни и суспектни на Ковид-19.
Сега нормално овие 3 дена ке имаме по максимум 15 случаи со оглед дека е продолжен викенд и тестирањата ке бидат сведени на минимум и оп пандемијата стивнува.Пациентите на респиратори полека полека за жал си умираат секојдневно али најбитно е да пренесат дека се излечени луѓето по дома со никакви симптоми.