Коронавирус (COVID-19)

Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
ОК е да се ублажат мерките... ама тие мерки се ублажуваат со напомена задолжително да се носат маски, да се држи растојание од два метри, и да се одбегнуваат билокакви гужви.

Е сега размислете зошто и покрај олабавувањето на мерките во Данска и Босна, кај едните се намалува заразата, а кај вториве повторно се зголемува... ние во која група ќе бидеме?
:kafence:
Затоа шо се шпекулира со бројките.Па замисли една Турција со над 100000 заболени има скоро ист број на смртни случаи со Шведска.Дали Турција со најголем број на пушачи има подобро здравство од шведиве или нешто друго е во прашање?:cautious:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Дечки ај со политикава олабавете.
Да се дополнам бидејќи изгледа маливе букви се проблем, ЗАБРАНЕТИ СЕ ПОСТОВИ ЗА ПОЛИТИКА, ПАРТИИ И ВО БИЛО КОЈА ПОЛИТИЧКА КОНОТАЦИЈА.
Таквите постови ќе бидат избришани и ќе добијат казнени поени.
 
Последно уредено:

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.546
Поени од реакции
2.736
МЗ: 69 оздравени, 29 новозаразени и четири починати лица од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти.
– Скопје 18
– Куманово 36
– Дебар 1
– Штип 1
– Велес 10
– Гевгелија 1

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања и потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на клиниката од 24 април и 87 годишен пациент лекуван на клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од с. Зрновци (Кочани) на 62 годишна возраст, на болничко лекување од 21 април.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1494, бројката на оздравени пациенти е 807, на починати 81, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

Направените 362 теста се преку: ИЈЗ –285, Ветеринарен ф-тет -11, Авицена –9, Биотек –26, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода -21 и МАНУ -10. Досега во земјата се направени вкупно 16798 тестирања на ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 48. На кислородна поддршка се 27, а на механичка вентилација е 1 пациент.


Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 26 пациенти. Од нив 4 пациенти се на респираторна машина и уште 3 со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 44 позитивни и суспектни на Ковид-19.

Сега нормално овие 3 дена ке имаме по максимум 15 случаи со оглед дека е продолжен викенд и тестирањата ке бидат сведени на минимум и оп пандемијата стивнува.Пациентите на респиратори полека полека за жал си умираат секојдневно али најбитно е да пренесат дека се излечени луѓето по дома со никакви симптоми.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.132
Поени од реакции
34.635
Во тој контекст:
Perhaps the most surprising finding of the study was that expression of the gene for ACE2 also correlated with the activation of genes that turn on interferon production.

Interferon is a protein produced by the body to fight off viral infections by disrupting viral replication and activating immune cells. For this reason, interferon therapy is widely used to treat hepatitis B and hepatitis C.

But in the context of a COVID-19 infection, the role of interferon is unclear.

On one hand, the virus targets interferon-stimulating genes as a way to infect cells. On the other hand, the interferon production should also block the viral production of SARS-CoV-2.

It is possible that the virus has found a sweet spot, essentially hijacking the body’s defenses against viral infections for its own purposes.

“It’s hard to make any broad conclusions about the role of interferon against this virus. The only way we’ll begin to understand that is through carefully controlled clinical trials,” Shalek says. “What we are trying to do is put information out there, because there are so many rapid clinical responses that people are making. We’re trying to make them aware of things that might be relevant.”
The findings appeared in the journal Cell.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.546
Поени од реакции
2.736
6 проценти починати кај нас.Не знам како е по другиве држави али мислам дека е многу ова кај нас.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.246
Поени од реакции
84.286
6 проценти починати кај нас.Не знам како е по другиве држави али мислам дека е многу ова кај нас.
процентот на мртви можам да да го регулирам повторно, со број на тестирања
а бројот на мртви на милион жители, потешко
мада и таму сме најлоши на Балканот, по Словенија
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.613
Поени од реакции
7.743
процентот на мртви можам да да го регулирам повторно, со број на тестирања
а бројот на мртви на милион жители, потешко
мада и таму сме најлоши на Балканот, по Словенија
Словенија 6.42% од вкупно заразени.
Македонија 6%
Бугарија 4.3%
Албанија 3.96%
Босна и Херцеговина 3.93%
Хрватска 3.6%
Србија 1.98%

Кај нас и пост мортем се тестира кај сомнителни случаи и тие влегуваат во статистика. Кај други балкански земји не е така. Релевантен податок ќе биде колку е зголемен бројот на починати годишно или месечно во однос на просекот од минати години за да се детектираат непријавените ковид смртни случаи.
 
Последно уредено:
Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
Оваа работа нема да запре сè додека не бидат заразени 60 до 70 отсто од популацијата“ – изјавил Мајк Остерхом кој што е лидер во Центарот за истражување на заразни болести при Универзитетот во Минесота.


Должината на пандемијата ќе трае најверојатно од 18 до 24 месеци, затоа што имунитетот се гради постепено кај луѓето“ – се наведува во истражувањето.
Тие исто така навеле дека епидемијата Ковид-19 е најслична на сезонскиот грип, но дека истата се шири многу побрзо и полесно.


 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.613
Поени од реакции
7.743
1588347818689.png

Просек на заразени е 28, значи овие денови имаме заразени во рамки на просекот.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.546
Поени од реакции
2.736
Ова е мислам еден од најделикатните моменти во врска со кризата.Зошто додека беше напнато повеќето луѓе беа водени од страв и се чуваа колку толку.Сега оваа недела плус како се повеќе се фаворизираат овие олабавувања на мерките мислам дека е доста опасен период и треба да се внимава повеќе а не тука луѓе ми зборат ке се враќало во нормала.Која нормала бе човече се поремети цел свет.Се фатиле да се отвориле кафичите и кафаните а не се свесни дека и да се отворат кој свесно барем месецов ке иде по кафичи или да јаде таму.Па уште ако и келнерите ми се со маски ракавици и пластики околу масите која би била поентата да се посетат тие места.Од друга страна па кафичиве од мојава страна на Вардар ке бидат Бангладеш па оди таму на контрола и ке треба по брза постапка да се затворат одма.Еве во Вухан отвориле се и пак човек нема таму.Готово влегол стравот и паранојата и тоа си го прави своето.

Јас се молам и надам како што рече доктор Пановски и ова да биде како Сарсот кога го снема одеднаш поради кои било причини и ова да го снема зошто оваа нова нормала што сите ја рекламираат ке биде се освен нормала.Која нормала не дај боже да кивнеш надвор или у канцеларија некаде ке треба утре на работа да не доаѓаш и сите у самоизолација 14дена.Јебем ти таков и живот и економија и се.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.134
@Krstev
Овде можеш да прочиташ детално.

Блиц за издвојување, температура до 37 со 4 имав едно добри 24 денови.
Носот ми е затнат се уште и само крвави парчиња вадам.

Психички се оправив, со подобрување на времево си ги вршам физичките активности.
Последните 5 дена имам друг проблем. Рани во устата, едвај јадам. Хаос ми стана имунолошкиот систем.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
@Krstev
Овде можеш да прочиташ детално.

Блиц за издвојување, температура до 37 со 4 имав едно добри 24 денови.
Носот ми е затнат се уште и само крвави парчиња вадам.

Психички се оправив, со подобрување на времево си ги вршам физичките активности.
Последните 5 дена имам друг проблем. Рани во устата, едвај јадам. Хаос ми стана имунолошкиот систем.
Фала за инфо друже, а пошто не можам да ти пратам приватна порака... побарај спреј Проафтол од Dr. Bacheff, го има мислам во Еурофарм, ако не таму сигурно ќе го најдеш по други аптеки.
Доста ќе ти помогни со раните и со болката.

Со помин и сè најдобро.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398
@Krstev
Овде можеш да прочиташ детално.

Блиц за издвојување, температура до 37 со 4 имав едно добри 24 денови.
Носот ми е затнат се уште и само крвави парчиња вадам.

Психички се оправив, со подобрување на времево си ги вршам физичките активности.
Последните 5 дена имам друг проблем. Рани во устата, едвај јадам. Хаос ми стана имунолошкиот систем.
Веројатно сам си си го сјебал имунолошкиот систем. И мене ми паѓа имунитет коа сум под стрес, ми искачаат авти и рани во уста, херпеси. Ќе си напраиш од ништо нешто, млад си олабави се малце :icon_lol:
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
@Krstev
Овде можеш да прочиташ детално.

Блиц за издвојување, температура до 37 со 4 имав едно добри 24 денови.
Носот ми е затнат се уште и само крвави парчиња вадам.

Психички се оправив, со подобрување на времево си ги вршам физичките активности.
Последните 5 дена имам друг проблем. Рани во устата, едвај јадам. Хаос ми стана имунолошкиот систем.
Рани во устата може да бидат афти, раните се ограничени со бел круг, ако не си имал порано тогаш навистина имаш ептен ослабен имунитет, недостаток на витамини и истоштеност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom