Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
ДК,

...Целиот пероид од ова коронава го поминав без маска...од петокот морало задолжително бидејќи казните за фирмиве ќе биле толку и толку евра...
----------------------------------------------------------
Имаше еден цртaн филм со две мечиња мислам и едното на другото му вели " Унка (едното така се викаше) па, ти имаш две глави"...
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Никад не сум се чувствувал толку незаштитено...
-----------------------------------------------------------------------------
Страв ми е'...
------------------------------------------------------
То е.
 
Кога ќе ги видам снимките од времето кога сум бил помал ми доаѓа да се ликвидирам. И тоа на ваков начин:

funny-gifs-fat-kids-shouldnt-bet-allowed-to-go-on-slides.gif

А најголем срам ме јаде кога ќе видам како ме облекувале. Тогаш ваква ми е реакцијата:

BFyTy9.gif
 
Сабајле само ја и Мрме селекторон на трчање ама ок е, може овие опструираниве атлети искачаат малце покасно :icon_lol:
 
Татко ми е легенда.
Му купуваш нови маици, поло маици, некои маички со крагња, обични со апликација, он ги фрла некаде и секојдневно ги носи твоите маици што си ги добил на Кенгур 2000 или во проектот "Ние народот, проект граѓанин 2003"...
Растргани, излижани, расшкембавени...
 
Не ми треба плакети признанија, ленти појаси, сликање за на фејсбук, сакам само добро да се збориме да ја измешаме потта, знам чукнат сум малку во глава ама тоа е :icon_lol:.

Ми вика фабриката не работи, не работи ама јас одам на работа, мора да има стражарска служба. Со дуќанот нема од каде роба да сум земал, се снаоѓам велам (дваесет години фамилијарен бизнис имам за три сезони блузи, маици, крпи, пижами,тренерки чаршави,ќебиња итн...). Со љубовниот живот како, велам има и за клецање (тука искрено зариба работава, ама не сум пичка да кукам да се жалам :icon_lol:)...


 
ikcc0irt6qv41.png


Претседателот на Ирска каде и да оди со себе го носи своето куче...

Кај нас да беше ќе го викаа кучкарот, болварот, смрдлив пес...
 
Драга Кајгана.
Морам и тука да ја споделам фотографијава затоа што ми буди многу чувства.
Ова е можеби најдобриот момент што го имам фатено до сега. И дефинитивно моја омилена фотографија. Да почне да се опишува можеби и нема да има крај. Фатено е преку задна врата на градски автобус на партизанска некаде кај симпо. Стоев позади, автобусот застана веројатно заради возило кое стоеше пред него и детево се појави пред мене. Среќа реагирав брзо уклучив камера и го фотнав, а во истиот момент автобусот тргна. Немав претстава како успеав да издејствувам така навремено.
Одприлика е пред 3год. ја најдов во стариот пц, а скоро и да ја имав заборавено. Квалитетот е слаб, но сепак се е доволно добро доловливо.

received_246046789835992~2.jpeg
 
Стариот келав е светски познат тренер, има вештачки колк и операција на колено, младиот е светски шампион кој што учи од него. Силата е на 0.5 проценти се е техника. Магичен танц и симулација на борба за живот и смрт.

 
Драга,
29 април
Светски ден на танцот
Screenshot_20200429-224809~2.png
Празникот на секој љубител и изведувач на танцот. Денот кога сите од цел свет се здружуваат, ги полнат салите и театрите, и овој ден го прославуваат, се разбира, со танц. Оваа година, за жал нигде во светот не се прослави овој ден на сцена. Сите сме затворени дома и се справуваме со пандемијата, и во најмалиот простор, пробуваме да се одржиме во форма.Screenshot_20200401-194344~2.png
Преку видеа, цел свет пробува да го врати расположението кај луѓето, и да го прослави овој ден

86e5cc2e8a0dd324516f3300f88907ae.jpg
Во целиов овој период во карантин, мислам дека никогаш не ми било тешко како денес.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom