Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кајги...
Никогаш се немам исплашено или срамено од било каква работа и да работам али едвај чекам да се олабави ситуацијава со вирусов па да потражам нешто на струката.
Пс дојди на мандарини неможам да ги изедам
 
Порано во тешки времиња имав креативност за барем јак пост да напишам, како што стареам ниту имам мотивација ниту креативност ниту волја да направам нешто во врска со тоа.

Два месеци сум скрос без никаков социјален контакт, освен електронски, искрено не сум сигурен дали е добро или лошо тоа, најверојатно не. Убаво ми е вака ама и не.

Денес и беше роденден на бившата. И после 2 години сеуште ми фали. Таа најверојатно во ретките моементи кога ќе и текне на мене сигурно оди во стилот нешто вака.. "Уф, како сум можела да бидам со таков дечко", и не ја обвинувам.

И сега што, нешто е fuck up во мојот ум, не дека не сум пробал, колку и да пробувам пак се враќам на истото.
Не сфаќам нешто, можно е да сум глуп, ама многу се трудам, не знам како.

Нешто не сфаќам.
 
Драга,

Заврши прекрасниов мирен викенд. Излезеш на тераса и уживаш додека да зајде сонцето. Ке чуеш цвркорење на птиците, по некое куче и шансони од џамиите. За жал од утре се враќаат шоферите на мото ГП трката, сообраќајот како да живеам во Истанбул и секако гужвите пред маркетите како да следи апокалипса. :(
 
кајг,

ова работава од дома веќе почнува да ме мава на психа - не дека ми фалат колегите или канцеларијата ама иу од дома седење со 75 кафиња од 8 до 11 испиени. зедов вчера машинката бам косата, бритни 2007 не ми е рамна.
од другите вести, поленов ме сотре оваа година, алергичен ко никад до сеа. ја па уште јорговани у саксиички, да мирисало дома. четврток ќе си дочекам да ме прегази роденденот и да ми додаде болка у уште еден мускул у грбот пошо ова до сеа не е доволно. ќе вежбав демек дома од коа затвори теретаната, ама мрзата е поголема од идејата in hello body hello ghost.
спотифај па у позадина тепа некоја all new indie плејлиста небаре у центар на берлин живеам со цимер архитект и несфатен пинч со црвено-бела бандана врзана на вратот шо лае у 7/8 такт.

одам да напраам 76то кафе кајгано, денов ќе трае подолго од шо може да се поднесе.

бај
 
Го слушам сега Бојко како изнесува свои тези за јазикот на нашата држава. Македонскиот јазик не постоел според него, а ние цело време сме биле во заблуда. Еј зборуваме на него, а всушност да не постоел. Да не ни кажеше Бојко, ние ќе си умревме без да знаеме. Не ми е јасно како може луѓе ограничени како балкон да бидат на најважните позиции на една држава. Ајде историја на еден народ можеш да успееш да негираш и да се обидеш да ја промениш во учебниците. Ама јазикот да се обидеш да го негираш, треба да си ненормален. Короната нека забрза и нека биде поефикасна, оти со вакво темпо не се издржува меѓу вакви тешки пациенти како овој Бојко. :toe:
 
Возам низ град, сам во моја кола нормално маска -НЕ....на дисплеј читам 26 степени..башка спарно. Гледам лево-десно цело Скопје -маскенбал....хаос, нервоза почна да ме јаде.
Паркирам пред зграда, доаѓам пред лифт и гледам колона....еден фраер од влезов решил ред да прави по двајца да се возеле. Е тоа ми беше капак од целава абнормална ситуација што се дешава, и фатив спринт по скали до 9ти, богами се издував
 
Се лутат дека сум им рекол Македончиња, они биле Македонци, не Македончиња. Епа што да правам кога јас за Македонци ги сметам оние примерни граѓани на Македонија, а не оние од Марс паднати. Кучено на брат ми е попримерно, научи дека треба да врши нужда во вц, овие уште не научија да фрлаат ѓубре кај што треба. Маски и ракавици по улица. Ај што фрлаат по улица туку посебно не можам да ги разберам оние што фрлаат ѓубре во лифт. Ги разбирам тинејџерине што кријат цигари во лифт да не ги фатат дома нивните. Ама овие бе, јадел сникерс ѓубрето го оставил горе. А не е прв пат да речеш ајде, туку години уназад. Толку те мрзи бе до 7ми спрат да го држиш у рака или немаш место у рацете зафатени ти се држејќи нешто друго. И после држава сакаат да имаат. Со Филип и Александар да се фалат сакаат. Да стане Филип од гроб, што направи држава, да ве види ќе се самообеси човекот на плоштад. Смрзнат петел да им дадеш да бркаат ќе им избега, Македонци биле они. :tapp::tapp::tapp:
 
Драга,

во чест на она што ќе беше денес 68-от роденден на еден од нашите најзначајни драматурзи - Горан Стефановски, интервју со неговата сопруга, Патриша, каде таа се присеќава на нивниот заеднички живот во Скопје, со децата Игор и Јана. Вечна му слава!

 
Од слика на денот да го издвојам моментот на новинарот од сител што му правеше интервју на Борисов преку скајп. Буквално се тресеше ко невин тинејџер кој прв пат оди на дејт со девојка. Речениците одвај ги изговараше и 15 минути му правеше такси муабет за времето пред одвај да го праша дали ќе не блокираат или не.
На крај интервјуто заврши со јас те сакам ама како другар и баш би сакал мојот дечко да биде како тебе откако Борисов му кажа дека сме пресна земја и може да си зборуваме на каков и да сакаме јазик, дека се договориле со Заев дека Гоце Делчев е бугарин кој се борел за Македонија, дека сме братски народ и први не поддржале за нато и еу и најмногу среќа ни посака.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom