Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Дека раговарал со лица од крим техника. А и според полицаец што бил таму и имал во кариерата видено многу тела, немало шанси починатата да е само 2-3 недели, трупот бил распаднат сосем
:)

Друже, од ова си патиме. Се споредува знаење на доктор на судска медицина заедно со полицаец што видел многу тела и некој од крим техника што нема никакво медицинско образование туку е стручен само да обезбеди сцена и да собере докази.

Распадот на еден труп зависи од повеќе фактори - температура, влажност на воздухот, оксигенација, трауми, болести, големина на труп, изложеност на животни, изложеност на ларви итн. Се случувало да ексхумираат труп година дена починат а да има израз како вчера да умрел.

Значи до ден денес медицината не може конкретно да каже кога точно настанува rigor mortis што е просто стање по смртта, ќе се потпреме на некој џандар што имал видено доста трупови и што кажал доста распаднат бил.

Во некои случаеви на судска кога немале идеја како да најдат точно време на смрт, ги наоѓале точниот вид на ларви какви што ги нашле на трупот, собирале од метео инфо прошлиот месец какви температури имало низ деновите за да видат за колку време ќе се формира ларвата и тоа фаќало недели. Сега Наќе и Оливер со 3 реда школо користат народ што гледа на CSI како овие работи се изготвуваат за 3,5 минути и ќе дробат за декомпозиција на труп.

Ако некој сака, нека пише ПП, имам доста интересен учебник по судска медицина на англиски, чисто кој сака да добие претстава дека специјализацијата не е заебанција.

Дека е нешто многу чудно со велешката фамилија е чудно, не викам не ама би почекала доктор на судска медицина што ќе каже околу периодот на смртта. Затоа и те цитирав, зошто крим техника и рандом полицаец треба да си се држат во нивната сфера, исто како што докториве на судска не им дофрлаат кој може да е убиецот.
 
Сега беше гостин на 24, тоа го рече. Дека раговарал со лица од крим техника. А и според полицаец што бил таму и имал во кариерата видено многу тела, немало шанси починатата да е само 2-3 недели, трупот бил распаднат сосем. Мислам и лаик да си ќе препознаеш толкава разлика, дефинитивно го прикрија случајот, ама затоа Американците нема да им преќутат и тие најдоа такви тела.
Кој кул тип ќе е тоа човече. Цела судска медицина Vs. Дечкото од око што погодува.
 
Сега Охрид кога ќе се наполни, мераци ќе биде по плажите и Градиште. :D
 
Мислам дека истата политика за шерување твитови важи и во овој дел од форумот, ама ќе си ја пробам среќата.

Еве, „брокерот“, наводно одел у школо (викам наводно, пошо стварно ако одел ќе научел дека име на село се пишува со голема буква), епа другар му од школо, на кој он многу му веруе, види шо му кажал....

Прегледај го приврзокот 248010

Не можам да тврдам колку во проценти, ама добар дел од информациите што ги читате за вирусов последниве месец-два, потекнуваат од вакви места. Утре минитстерот на прес ќе одговара на прашањево и ќе си го ебе времето за глупости.
Ќутек за оние шо оделе без маска, а за овие, што?
Две-три недели наназад се вртат истите муабети, некаде 1000, некаде 2000, а во Кратово дури и 5000 евра за да те пишат починат од корона. Досадно е по дома...
 
Две-три недели наназад се вртат истите муабети, некаде 1000, некаде 2000, а во Кратово дури и 5000 евра за да те пишат починат од корона. Досадно е по дома...
Да бе, оти од поќе има пари во буџетот кај нас па решија да се расфрлаат со пари, 3000 евра за корона даваат а 20 000 евра земаат за секој емигрант шо ќе влези во државата, и така во круг, да врти парата шо има везе :pos: Абе пет минути умот да му го имам на ваквите да олабам тро ништо неќам поќе :)
 
Сака некој кладба дека на 1ви Мај излезеноста до 14:00 ќе е сигурно 80% :D Скара собирање со роднини мераци убав ќе биде овој Мај штета само многу ќе не избрзаат до 2 да се напраиме летва потоа како ќе се прибереме незнам ама сепак браво добра одлука :)

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Празно буџетче. Колку е казната за под дејство на алкохол? :icon_lol:
Подобра тактика од Мурињо имат овие :D
 
Јас работам во болница во околината на Чикаго, и не е чудно, туку е алармантно и застрашувачко.

Колку пари ви даваат за да кажете дека од корона умрел?

:icon_lol:
 
Колку пари ви даваат за да кажете дека од корона умрел?

:icon_lol:

Еве сега и во Британија ги кандисаа изгледа старечкиве домови за пари да ги кажат сите дека умреле од Корона и утре статистиката за мртви во Британија ќе биди лудница.

ММЕ на Геј и Килари.
 
Nepopularno mislenje: zosto duri SEGA, po 1 mesec karantin e zadolzitelno izleguvanje so maska?
 
Празно буџетче. Колку е казната за под дејство на алкохол? :icon_lol:
Подобра тактика од Мурињо имат овие :D
Ја да сум ќе наредам цајкани на секој влез од гадовите околу 13ч и секоја кола шо ќе наиде ќе ја држам колку можам повеќе и така ќе дојде 14ч со огромна редица и потоа по 2000 евричи на секој плус што ќе има многу пијани буџетот има да крцка, само проблем е што изврашителите не работат до 30 јуни, ама за два месеци ќе издржат преку кредитите од ММФ, СБ, ЕЦБ...
 
Ќути, арно не си ти.
 
Nepopularno mislenje: zosto duri SEGA, po 1 mesec karantin e zadolzitelno izleguvanje so maska?
За тебе лично, затоа што се покажа исклучително ефикасно во Јужна Кореја. Заболени татко и ќерка кои носеле маски, имале контакти со 1100 луѓе во период од 10 дена и пренеле само на еден, додека една жена не носела маска во период од 7 дена заболела 41 од 64 контакти.

Не лажат дека треба да носиме, Трамп рече не требало, си го видела некогаш да носи маска?

Ќе испоумриме од бактерии.
 
Nepopularno mislenje: zosto duri SEGA, po 1 mesec karantin e zadolzitelno izleguvanje so maska?
Оти така му се сонило на Вилипче, пардон на таа комисијата за заразни болести и така он за сликање служи.
 
За тебе лично, затоа што се покажа исклучително ефикасно во Јужна Кореја. Заболени татко и ќерка кои носеле маски, имале контакти со 1100 луѓе во период од 10 дена и пренеле само на еден, додека една жена не носела маска во период од 7 дена заболела 41 од 64 контакти.

Не лажат дека треба да носиме, Трамп рече не требало, си го видела некогаш да носи маска?
Prvo, i na info reklamite odea poraki deka maski ne stitat.
Sega, obratno.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom