Добро де не сме Шведска, немаме манталитет како Шведска, ама ете ви ја Белорусија слично племе како нашето, немаа затворено ништо, имаа спортски наптревари со илјадници гледачи.
До сега имаат 12200 случаеви, 79 умрени, 919 нови случаеви, ама како и русите и они почнале да тестираат се живо, имаат 17000 тестови на милион или 161000 вкупно, по скоро 10000 прават тестови дневно или околу 10% им се заболени со масовно тестирање (кај нас вадеа 10% со одбрани),
и да не заборавам имаат само 92 критични пациенти, значи без никакви мерки според некој требаше да има илјадници мртви, ама нешто ги нема, добро има диктатор ама не можеш да скриеш илјадници мртви во земја од 10 милиони која не е затворена како Северна Кореја.
За Еквадор се велеше дека има 8000 мртви повеќе од лани, а во корона мртвите се само 663, оние 7327 изгледа умреле од страв.
Јасно ни е на сите дека е посмртоносен од грипот, ама како одминува времето се гледа дека не е онака како што првично се мислеше.
И за маските, ИЧ не ми се допаѓа тоа што мора да се носат, предлагам место казни да ни дадат да пополнеме некаква изјава дека ако се разболиме да не не стават на респиратор, мислам кој се плаше нека си носе, маркетите и било која фирма нека си напише на влезот дали е за маска или не е и да си знаат оние што немаат маски дали смеат или не смеат да влегуват.