Коронавирус (COVID-19)

Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
Прееска во дневникот на Сител имаа репортажа од парк колку ги почитува народот мерките... 90% од тоа што снимија нит имаа маски, а останате ги чуваа на врат како украс :facepalm: а нормално паркот беше фул.
Кај ќе отвараш кафани и училишта, па уште 1 Мај да било ко нормален ден до 19 часот слободно да шетале... лупај таму карантин 4 дена ич око да не ти трепне, стока од народ сме. Нит држење дистанца, нит носење маски, групирање по 5-6 лица, катастрофа!!!
Е ова е типично македонче, коментар глеј шо прават другите, а сакате да се споредувате со шведо. Шведо како прво нема да ги примети, како второ ич не го боли шо прават, со извинување и да се суредуваат око нема да фрли. Шведо живее за себе и сите други околу него се само дел од природата. Две третини од форумот се вакви коментари и коментари на такви коментари, и коментари на коментари на такви коментари.
Толку злоба, завист, егоизам, мизантропија, проклетство има во овој народ што никогаш нема да се смени, најголемо национално благо ни е тоа.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.218
Поени од реакции
84.131

шведо е седми у свет по смртност
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
шведо е седми у свет по смртност
А гледаш, тешко дека он го знае тој податок! Живее и умира, толку! А ние живееме како никад да нема да умреме, а умираме како и никад да не сме живееле! ( не е моја мислата, ама се погоди за моментот)
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.699
Поени од реакции
18.981
Кај нас маски носат само заради казни да не лапаат а не за своја заштита и за доброто на другите, има разлика.
Никој не ги носи како шо треба, ради реда носат.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Кај нас маски носат само заради казни да не лапаат а не за своја заштита и за доброто на другите, има разлика.
Никој не ги носи како шо треба, ради реда носат.
Што мислиш дека германците се раѓаат подисциплинирани? Јалнаш си, само системот им е појак и личи на нешто, па немаат каде! А што очекуваш, ние од патриотизам дека ќе носиме маски? Нормално е ради казните и присилата!
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.699
Поени од реакции
18.981
Што мислиш дека германците се раѓаат подисциплинирани? Јалнаш си, само системот им е појак и личи на нешто, па немаат каде! А што очекуваш, ние од патриотизам дека ќе носиме маски? Нормално е ради казните и присилата!
Па тоа сакав да го кажам, и кај нас во последно малце е подкрената совеста не се сите неразбрани.
Во Битола досега до шо имам видено се почитуваат мерките,изгледа Скопје се најпроблематичните џабе плукаа по Битолчани на почеток :)
Во Битола досега турканици немам видено во маркет, во банки функционира се под ред, сите држат растојание, парковите има луѓе ама ништо страшно, нема некои големи групирања.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Јалнаш си, само системот им е појак и личи на нешто, па немаат каде!
Не е само до системот (иако голем дел е), туку и до образованието и колективната свест. Тука не знаат да пишуваат како што треба, отвори коментари на ФБ пола букви од азбуката им фалат, за маски и самосвест ќе знаат :)
 
Член од
26 април 2013
Мислења
558
Поени од реакции
114
Абе све стричњаци маме му. Што и да се деси имаме нешто да искоментираме. Мерки нема зашто нема, меркинима зашто нема. Нетачни биле што не пуштаат да шетаме, ненормални зашто ќе не затвореле. Не се носело маски. Вие искачате бе надвор од овој форумов. Ја кај што идам сите носат. Таму кај што треба. Тоа на сител чиста глупост, снимале у парк кај што нит е морално ни па потребно да носи некој маска. Шведска биле со јака свест. Па ја по сликиве од таму можам да заклучам дека ние сме милион пати по дисциплинирани него факинг западњаците. Можда пошто сме плашливи или незнам. Што само серете. Да сте кај Ким ќе ве прашам дали не ви се свиѓале мерките или ќе солите памет. Поштувај тоа што ти се кажува и биди нормален, терај, живеј. Не трипајте ко да е ова незнам што ебига. Тееееееее......
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.824
Поени од реакции
5.632
Што мислиш дека германците се раѓаат подисциплинирани? Јалнаш си, само системот им е појак и личи на нешто, па немаат каде! А што очекуваш, ние од патриотизам дека ќе носиме маски? Нормално е ради казните и присилата!

не се раѓаат подисциплинирани туку едноставно ги почитуваат и применуваат мерките, насоките и тоа шо им го препорачуваат и кажуваат надлежните власти.. е сеа дали е тоа поради страв од казни или до нивото на самосвест никој не може со сигурност да каже... до саботата дали ќе сретнеше 2-3 со маски низ јавен превоз и маркети, а веќе од денес сите имаа маски, дури и не те пуштаат да влезеш у маркет ако немаш маска и количка за пазарење...

во врска со системот, денес вишиот административен суд во Баварија (највисок судски орган таму) ја прогласи за НЕУСТАВНА и дискриминаторска одлуката да можат да работаат само продавниците до 800м2.. но бидејќи се работи за состојба на пандемија и вонредна состојба изричито не ја поништи и одлуката фактички нема правни последици иако е противуставна...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Нов серолошки тест во Њујорк.

15% се заразени од 19 450 000 жители на цела држава или ‭‭2 917 500‬‬. Во самиот град бројот на луѓе со антитела е 25%.

Умрени се до вчера 25 000 во цела држава.

Смртност 0,857 %
Грипот има 0,11 %

Седум пати е посмртоносен вирусов во Њујорк. И претходиот тест беа толку, од кај ги вадите пресметките дека Корона има смртност како грип од 0.1% не знам.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Не е само до системот (иако голем дел е), туку и до образованието и колективната свест. Тука не знаат да пишуваат како што треба, отвори коментари на ФБ пола букви од азбуката им фалат, за маски и самосвест ќе знаат :)
Не е народот глуп од раѓање, него таков го направија! Пак ќе кажам, од 80 тите наваму, се деградира целиот систем. Образование, судство, администрација, покасно и здравството. И сега сите работат на зголемување на личното богатство, не на нивото на стручност! И по правило што попрост, тоа поуспешен! Тие малку умни што останаа, сепак одат по патот на усовршување, но прашање е до кога? Додека се претопат во сивилото или додека не збришат надвор. Не е фер сега да се очекува наш политичар да размислува со своја глава. Здравството ни се движи по инерција, на темелите на социјалистичкото време и за жал со истата опрема и простор. Илузорно е да се очекува нормална работа, кога ништо не е нормално таму. Изгледа и вирусов го гледа тоа па почна да не олабавува малку!
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.521
Поени од реакции
114.674
Е ова е типично македонче, коментар глеј шо прават другите, а сакате да се споредувате со шведо. Шведо како прво нема да ги примети, како второ ич не го боли шо прават, со извинување и да се суредуваат око нема да фрли. Шведо живее за себе и сите други околу него се само дел од природата. Две третини од форумот се вакви коментари и коментари на такви коментари, и коментари на коментари на такви коментари.
Толку злоба, завист, егоизам, мизантропија, проклетство има во овој народ што никогаш нема да се смени, најголемо национално благо ни е тоа.
Да да, затоа шведото те пријавува ако бушиш дома со бургија или ако поправаш нешто, а тоа не е во дозволеното време (за тие што не знаат, има и ваков закон во Шведска). Мислам дај жити се со вакви глупи коментари, и еве што ако искоментирал Ширеа на јавен форум така? Демек не е во право? Ај сеа ќе се праиме сите слепи само за да бидеме шведи или немци (иако пак ќе кажам не е баш така како што претставуваш али ајде), а некој тука среде пандемија ќе изиграва Тарзан. Ова е нешто кое не засега сите така да не гледам ништо лошо во тоа некој да искоментира дека народот не носи маски кога тоа е со ЗАКОН утврдено.

За тоа со свеста сте во право ама за тоа допринесуваат и пар други фактори кои ги кажа Фросе, а мора да се напомене дека казнувањето им функционира одлично и немаат селективност во системот, нешто што е основна алатка пак на нашиот систем, за жал. Се кладам и тука да се почне со строги казни, општо зборам не само за коронава, ќе видите како ќе се смират дежурните шерифи и ќе легнат на брашното. Нејсе, далеку сме од тоа така да да не си праиме филмчиња.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.532
Поени од реакции
87.633
Е ова е типично македонче, коментар глеј шо прават другите, а сакате да се споредувате со шведо. Шведо како прво нема да ги примети, како второ ич не го боли шо прават, со извинување и да се суредуваат око нема да фрли. Шведо живее за себе и сите други околу него се само дел од природата. Две третини од форумот се вакви коментари и коментари на такви коментари, и коментари на коментари на такви коментари.
Толку злоба, завист, егоизам, мизантропија, проклетство има во овој народ што никогаш нема да се смени, најголемо национално благо ни е тоа.
Како прво нигде не го споредив народот со "шведо" , ти го направи тоа. Второ, не станува збор за злоба, егоизам и ти тие лајна што си ги набројал, станува збор за свест. Ние очигледно тука немаме свест, во време кога владее пандемија и се донесуваат конкретни мерки (пази задолжително носење маски, и тоа ни е тешко да го почитуваме) за заштита, некои дебили да си играат курташак само заради оној менталитет "абе мене ништо не ме фаќа" и да ги доведат другите лица во потенцијална закана од ширење на вирусот, значи еве незнам.
Значи џабе ни е седење во карантин и почитување на мерки, кога некој сељак од три си лепе пичке материне не почитува нешто само заради тоа што му се може.
И оди речи му нешто, ќе ти врати на ваков начин како што ти врати, сељачки...
И тука не делам по нација и вера, сите што не почитуваат мерки по мене се идиоти, без разлика дали се македонци, албанци, роми, турци итн. Ебаве тоа егоистите, па уште ќе ми солиш памет шведо вака, шведо онака...МРШ!!!
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Типично политички, најмалку стручно и со признавање дека ништо не знаат.
Изгледа не си пробал да разбереш што сака да каже па ќе ти помогнам
Q: Germany will start to lift its lockdown gradually from Monday. What happens next?
A:
At the moment, we are seeing half-empty ICUs in Germany.
Вели дека капацитети во болниците се полупразни.
Q: How close we are to achieving herd immunity?
A:
To achieve herd immunity we need 60-70% of the population to carry antibodies to the virus.
Ова го разбираш, стопати е кажано.
Q: Should all countries be testing everybody?
A:
I’m not sure.
Дали треба државите да ги тестираат сите, вели дека нема појма.
Even in Germany, with our huge testing capacity, and most of it directed to people reporting symptoms, we have not had a positivity rate above 8%. So I think targeted testing might be best, for people who are really vulnerable – staff in hospitals and care homes, for example
Е ова е интересно, тестовите покажувале само 8% позитивни од испитаните дури со симптоми на инфекција и затоа му изгледа бесмислено сите да се тестираат.Затоа неговата логика е да тестираат најубаво во старечките домови и болничкиот персонал.
Шо вирус ќе беше ова, удара само у старечки домови и у болници.
Q: What is known about the seasonality of the virus?
A:
Not a lot.
Шо знаете за сезонските појави на вирусотт?
Не многу, со други зборови ништо.
Q: Can we say for sure that the pandemic started in China?
I think so.
Може ли да се каже дека потекнува од Кина - Па ваљда да
Q: Will it be useful to identify patient zero – the first human to have been infected with this virus?
A
: No.
Битен ли е првиот заразен - НЕ
Q: Flu has always been thought to pose the greatest pandemic risk. Is that still the case?
A:
Certainly, but we can’t rule out another coronavirus pandemic.
Грипот секогаш моше да предизвика пандемија, дали тоа уште важи.
Сигурно, но може некогаш пак да имаме и пандемија со корона.
Q: Is all the science being done around this coronavirus good science?
A:
No!
Дали е направена досега добра научна анализа за короната?
НЕ

И шо кажа сега најголемиот епидемиолог во интервјуто, толку прецизно, концизно, што треба да му се восхитуваме, ништо.
Со цел памет мене најде да ми преведуваш?
Си го осакатил со банализирани одговори.
Зборува како епидемиолог, а не како експерт од сите области како што сте едно 90% од луѓето што пишувате во темава. Бог го напраивте оној Вело што у три дена има 18 различни мислења или РУСКИТЕ НАУЧНИЦИ што открија едно 150 вакцини до сега.
Резервиран е во делот на предвидување на иднината, што кај разумен човек е очекувано. Ако нема некој сензационализам или мрсно политичко хејтање на другата страна, тоа не ви е интересно.....и нормално дека ви е непоимливо некаде државата да се грижи за општото добро, туку нормално е некој „полубог“, премиер, претседател да ги решава проблемите со магично стапче (а некој друг политички му ги подметнува).
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.238
Со цел памет мене најде да ми преведуваш?
Си го осакатил со банализирани одговори.
Зборува како епидемиолог, а не како експерт од сите области како што сте едно 90% од луѓето што пишувате во темава. Бог го напраивте оној Вело што у три дена има 18 различни мислења или РУСКИТЕ НАУЧНИЦИ што открија едно 150 вакцини до сега.
Резервиран е во делот на предвидување на иднината, што кај разумен човек е очекувано. Ако нема некој сензационализам или мрсно политичко хејтање на другата страна, тоа не ви е интересно.....и нормално дека ви е непоимливо некаде државата да се грижи за општото добро, туку нормално е некој „полубог“, премиер, претседател да ги решава проблемите со магично стапче (а некој друг политички му ги подметнува).
I ja sakav da se vozdrzuvam od komentar oti stvarno e nonsense ama ako eden e razumen i ne-politicar, togas e ovoj. Duri i mu e nezgodno sto e tolku vo javnosta i se pozali za toa - bas poradi toa sto ne e politicar. Kazuva za svoja oblast i se tovari na fakti i studii. NE vagja izjavi od rakav i sekojpat kazuva, deka drugi (politicari) treba da odlucuvaat za merkite. Mnogu okolu virusot znaeme bas poradi prof. Drosten. Malce biografski informacii: https://en.wikipedia.org/wiki/Christian_Drosten
 
Kajgana Shop

На врв Bottom