Све ова што се кажа овде за злосторствата на Србите и за злосторствата врз Албанците, или за тоа кој кога се доселил, или која вера, кога примил, нема никако да ја смени, ниту да повлијае на состојбата околу независноста на Косово.
Нема да го смени фактот кој вели дека Косово го признаваа повеќе земји, пред десет години, отколку денес.
Како што расте моќта на Кина, (и Русија), како што светот станува помултиполарен, се повеќе ќе биде реткост ново признавање, а ООН е подалеку денес одколку пред десет години.
САД пред десет години не ни размислуваа за одење од Косово, денес отворено се збори за тоа. Додека пак Русија, не збори уопште за одење од Ниш (нивниот божемен центар за катастрофи или нешто слично), туку склучува се поголеми одбрамбени договори со Србија.
Пред десет години онаков напис во Вашингтон Тајмс беше научна фантастика. Денес, ене го.
Пред десет години размена на територии беше можеби во влажните соништа на Вучиќ, денес ене го на маса. Не кај Вучиќ, туку кај Западот и кај Тачи.
Во екот на Коронава Косово се занимава со дневна политика.
Зборевме ние тука и кога косовската независност беше во подем, а збориме и денес. Тогаш плачеа каурите, денес плачат Албанците. Небитно. Барем, за Албанците и Србите кои фаќаат магла по Европа.
Процесите се глобални и си течат, независно од тоа. И не е на арно за Албанците, како што не беше на арно тогаш, пред дестина години за другите.
Најпаметно на Косово му е, дур може да се согласи на размена на територии, зашто после можда нема ни тоа. Онаа научна фантастика за повторна војна, која ја сонуваат Србите, ако продужи да се развива у овој правец ситуацијата, за едно 2-30 години, можда и нема така фантастично да личи.