Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.241
- Поени од реакции
- 36.550
За волја на вистината таков кадар само можеме и да понудиме, не верувам дека има странски инвеститор што би сакал да вработи 2000 правници, 2000 економисти, 2000 даскали...во принцип такви со дипломи имаме да снабдиме држава од 100 милиони народ, арно ама никаде нема дефицит од нив и никој не бара такви да вработува.Во 2005 јавниот долг изнесуваше 36% од БДП за до крајот на владеењето на вмро надмине 50%. Ме интересира во што се вложија тие пари од позајмици а тоа да не беше барок и роднински тендери. Колку од капиталните инвестиции се остварија во тие десет години владеење, дали постои некаде некаков отчет за трошењето на тие пари или пак некаква анализа за економскиот бенефит за економијата и целокупниот стандард?
Да ве слуша некој ќе си помисли дека во Дрекселмаер, Гентерм, Кромберг се составуваат вселенски летала и таму работат вселенски инженери а не плеткачи на жици со осмо.
Да се водеше некаква реална политика по ова прашање а не само гол популизам сега веќе ќе бевме во втора фаза на инвестирање. Факт е дека на толку пари фрлени на промотори, реклами, субвенции во континуитет бевме последни во регионот по висина на бруто инвестиции од странство по глава на жител. Може да се релативизира сега до бескрај, на крајот во економијата важни се само бројките.
Али гледам се збори за избори, па на форумов почнаа да никнуваат некои ликови ко печурки кои што до вчера стоеа во нафталин. Гледам во која насока понатаму ќе се движи дискусијава и немам намера понатаму да исправам партиски демагогии.
Украдени се тешки пари и беше водена лоша политика и во тоа време, али претходно 20 години само се шиткаа старите фабрики, се пушташе народ под стечај и се уништуваше, овој можеби ќе биде запамтен како диктатор со страшно лоша политика, ама барем внесе било какви инвеститори. Дали ќе произведуваат жици или пинцети небитно, учествуваат по моја процена со над 30% од вработувањата во државава и ги преродија делови кои освен земјоделство немаа никаква друга опција за работа.