"Како што рече тој, нивните рабови беа распаднати и заоблени поради влијани на дивите временски неприлики за време на неискажливи еони, но нивната неприродна цврстина и јачина на материјалот го спасиле од уништување. Многу делови, особено оние најблиските до планините , изгледаа еднакви по состав со површинските карпи што ги опкружуваа. Целиот тој аранжман изгледаше како урнатините на Мачу Пикчу на Андите или предисториските темели на Киша, кои ги ископала експедицијата на Оксфордскиот теренски музеј во 1929 година;и Данфорт и јас го стекнавме оној привремен впечаток на издвоени киклопски блоков..."
"По околу четвритина милја таа безимена миризба стана осебно нагласена и добро внимававме на страничните отвори покрај коишто поминувавме. Немаше видлива пареа на влезот, но тоа несомнено беше поради недостатокот на константен постуден воздух"
"И сега,кога Данфорд и јас ја здогледавме блескавата и рефлектирачко светликавата црна слуз што цврсто се имаше залепено на обезглавените тела и вулгарно смрдеше со таа нова, незнајна миризбиа, последица од која само болната фантазија би можела да го замисли, која се имапе залепено врз тие тела и блескаше по малку раширена на мазниот дел од проклето пределканиот ѕид во низа од групирани толки, го спознавме својството на вселенскиот страв до неговото најдлабоко дно."