Ај сега зарем сериозно разговараме за 2 години ригорозни мерки?
Веќе сега ги олабавуваат мерките. За некој месец ќе останат само забрани за кафани, кафичи, дискотеки и такви неесенцијални места од затворен тип каде се прават големи гужви во затворен простор.
Гледам дека многумина не разбираат што е целта на мерките.
Не мерките не се за да се запре заразата. Тоа одамна веќе не е можно. Мерките се за заразата да се шири контролирано, поспоро, и да не се надминат медицинските капацитети. Јас лично мислам дека барем 10-15% од луѓето овде веќе имаат имунитет за SARS-Cov-2, но за тоа да го утврдиме потребни е помасовно тестирање со квалитетни тестови за присуство на антитела, и тестирањето да е репрезентативен семпл од рандом одбрани индивидуи - не доброволци (пошто доброволци се почесто некој што веќе имал симптоми, и резултатите нема да бидат репрезентативни).
На крај ќе остане само задолжително носење маски без никакви полициски часови (како што е во Ј. Кореја). Така требаше да биде од почеток, само да живеа овде разумни и разбрани луѓе (како во Ј. Кореја). Ама пошто овде живеат друг тип на луѓе, мерките се апсолутно потребни.
Јас лично би ви понудил отстапка: Да се дава потврда за имунитет од вирусот, не само на нормално заразените, туку и на сите што сте оволку нестрпливи - ама само откако на потпишана лична одговорност ќе се согласите контролирано да ве заразат и да си ја одлежите болеста во државен карантин но без право на зафаќање на медицински капацитет на штета на некој што не се заразил по своја волја. Потоа после два негативни теста за вас нема да има ограничувања.
Така секако ќе го забрзате крајот на мерките со својот придонес за групен имунитет. Побрзо ќе престанат мерките и плус ќе добиете и дозвола за неограничено движење, неносење маски, можеби дури и за седење у одбрани кладионици или кафани за момци со имунитет... Еве покренете петиција, јас со задоволство ќе ви дадам поддршка а верувам дека и многумина други ќе ви дадат поддршка.
Ставете го само сопственото здравје и сопствените животи на ризик заради „квалитетот на живот“, не тргувајте со туѓи животи и со туѓо здравје.