Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
зашто не е царинета, откако ке се царини зависи од опремата на колата ама од 500е па нагоре

Sent from my iPhone using Tapatalk
Немам појма зошто не е царинета, на оглас ги следам, уште не сум се јавила по огласот
 
Ми рекоа дека кога еден ден ќе ја продавам колата, Пежото држи цена, Свифтот не. Така и се случи ...
Неверојатно и неразумно.
Пежо, ни на ново не би земал.
 
Комшија ново од салон Пежо 307мица стопати им го носеше на сервис демек гаранција и на крај дигна раце, го продаде. Постарите па чудни звуци испуштаат, а и цената не дека ја држат. Во просек 206ките беа меѓу најефтините.
 
Може и за глицеринот да е. Сега не знам која година е ова пежо ама некој години имаат посебно ламбиче за глицерин посебно за плочки, некој трепка ламбичето за рачна кога има проблем со кочниците било за плочки било за глицерин.
98 е пежото,1.6 бензин.Нема посебна ламбичка за глицерин,плочки.Кога е крената рачната,таа ламбичка ок е,нормално свете,не трепка.И така планирав наредниот месец да ги мењавам плочките,ова ме превари сега,секако денес ќе ја носам.
 
А да прашам зошто на огласи коли со бугарска регистрација се мнооогу поефтини од исти модел, и иста година но со македонска регистрација?
Можеш само со ЕУ пасош да ги возиш, разликата у цена се увозните давачки и профитот што ти го зема трговецот. Пр Rav 4 2008ма 5-5500, кај нас 7-7,500 евра. Имаше едно правило на 6 месеци да излегуваш од државата, не знам дали важи уште т.е да се прошеташ до Благоевград. Од нова година веќе имаш покачени давачки за дизелите кај нас, така да овие разлики ќе бидат уште по изразени од сега.
 
98 е пежото,1.6 бензин.Нема посебна ламбичка за глицерин,плочки.Кога е крената рачната,таа ламбичка ок е,нормално свете,не трепка.И така планирав наредниот месец да ги мењавам плочките,ова ме превари сега,секако денес ќе ја носам.


Носи ја друже, сега не знам дали имаш услови за тоа ама плочки може и сам да смениш лесно, мислам јас воопшто за такви ситни работи не ја носам колата на мајстор. Ситни пари се ама не ми се исплаќа да чекам, да се учат некој детишта од по 18 години на мојта кола, да ги стегаат сите штрафови со пиштол, да не можам послем гума да одвртам, итн.

Инаку супер се 306 ките, едни од наујбавите хечбек коли што некогаш се направени според мене со одлични мотори. Спуштени особено ги личи ептен, баш момачка кола.

306GTI6_3.jpg


Нема слаб мотор во 306-ките, било бензин, било дизел.
 
Последно уредено:
Можеш само со ЕУ пасош да ги возиш, разликата у цена се увозните давачки и профитот што ти го зема трговецот. Пр Rav 4 2008ма 5-5500, кај нас 7-7,500 евра. Имаше едно правило на 6 месеци да излегуваш од државата, не знам дали важи уште т.е да се прошеташ до Благоевград. Од нова година веќе имаш покачени давачки за дизелите кај нас, така да овие разлики ќе бидат уште по изразени од сега.
ОК, значи не се исплати таква кола: немам ЕУ пасош, така што јас би ја зела за да ѝ ставам македонска регистрација. Штом давачките на крај ќе излезат исто, џабе малтретирање е тоа, ми се чини
 
Абе и да имаш пасош кога ќе најдеш солидна кола во бг, особено пак SUV за таа цена, да пишеш овде...секој плац во бугарија има канал и сервис па сега рачунај...


Барај одовде некоја тојота и тое.
 
Носи ја друже, сега не знам дали имаш услови за тоа ама плочки може и сам да смениш лесно, мислам јас воопшто за такви ситни работи не ја носам колата на мајстор. Ситни пари се ама не ми се исплаќа да чекам, да се учат некој детишта од по 18 години на мојта кола, да ги стегаат сите штрафови со пиштол, да не можам послем гума да одвртам, итн.

Инаку супер се 306 ките, едни од наујбавите хечбек коли што некогаш се направени според мене со одлични мотори. Спуштени особено ги личи ептен, баш момачка кола.

Прегледај го приврзокот 246661


Нема слаб мотор во 306-ките, било бензин, било дизел.
У вакво возев дизел едно време, корнеше упм
 
Абе и да имаш пасош кога ќе најдеш солидна кола во бг, особено пак SUV за таа цена, да пишеш овде...секој плац во бугарија има канал и сервис па сега рачунај...


Барај одовде некоја тојота и тое.
Ако колата е 5000 на бг табли, стај уште 2000 за да биди во кондиција.
 
Нормално, замаец, турбо, дизни...се знае како оди работата. Никој нема да ти продаде кола на која е се тип топ. Ќе ја чува за него или за негови луѓе.
 
Нормално, замаец, турбо, дизни...се знае како оди работата. Никој нема да ти продаде кола на која е се тип топ. Ќе ја чува за него или за негови луѓе.
Ја земав така голф 5 1,9, и дечкото што ја донел од Италија и сменил све од потрошен материјал па му текна ми ја продаде (некаде имаше 1000 евра по сервиси дадено). По 10к км на мене ми се падна замаецот... 350 евра сервис... среќа што нема репарирано турбо и на дизни е топ (бар така кажува компјутерот) .... а 206ка возев претходно земена од Еуроимпекс на 6 години старост 1,4 хди, ништо од овие заебанции немав, само нафта и пали вози...се на се мачка у вреќа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom