Не ми се јасни луѓево што очекуваат од Филипче? Мене ликот ми беше антипатичен пред целата ситуација. Најдобро што направил во целата ситуација е што успеал да си ја запази природната смиреност на самите пресови и со тоа да ја контролира потенцијалната паниката. Во трул здравствен систем, не можевме да очекуваме повеќе. Ниту имаат услови ниту им останаа сртучните доктори. Ама доволно е да ми текне дека можеше Бујар да биде на негово место во некое друго време и да си кажам: уф среќа

Нема добра логистичка поддршка, нема административна поткрепа, нема некој што ќе го одмени за ПР, генерирање на информации и координирање.
Кога ќе ги слушнам прашањата на пресовите се замислувам како јас би им одговорила и се дивам на смиреноста.
Има небулози околу јавните набавки ама стои и фактот дека со толкава побарувачка на респиратори во моментов цените не се стандардни ниту непроменливи.
Ако секој во самоизолација очекува редовно да биде контактиран и да постои записник со симпроми и движење на болеста, ниту е реално ниту изводливо во моментов. Да имавме инаква свест, ова можеа да го прават волонтери во изолирани call центри, ама тоа можеби во неко друго време.