Прегледај го приврзокот 246560
Овие две работи за Влатко Пановски Типе се спомнати наназад на темава ама немало официјален текст за нив, меѓудругото ова е и прва слика на темава од Типе.
"17.06.2008 17:07
Вербална расправија на скопското подземје ескалираше со пукање. Ранет е еден од учесниците во тепачката.
Околу 14 часот и 30 минути во кафе-барот „Инсомнија“, на кејот на Вардар, четворица членови на една група предводени од Џелал Ајети, добро познат на полицијата по кривични дела, започнале расправија со Кољо Николовски, чиешто полициско досие исто така е дебело.
Ајети во претходна расправија со Николовски во кафулето му удрил шлаканица, по што сакал да си замине.
Николовски тргнал кон Ајети за да го удри и тогаш двајца од групата на Ајети, Абдирасан Садику и Дејан Пановски, извадиле пиштоли и почнале да го тепаат Николовски со кундаците по глава.
Еден од пиштолите пукнал и го погодил Николовски во дланката. Групата на Ајети со такси побегнала кон општина Ченто.
Полицијата врши увид, а кејот на Вардар е блокиран."
"Се наѕира мотивот за пукањето кон клучниот сведок во „Детонатор“
Петок, 8 март 2013 – Мистериозната видеоснимка која не беше дел од судска постапка, но за која се уште се збори низ судските кулоари и се појави како еден од можните мотиви за пукањето кон клучниот сведок во „Детонатор“, резултираше со кривична пријава. Во пријавата која ја поднел Влатко Пановски – Типе е раскажано што е снимено на видеосминката. Според неговата верзија неколку лица го затвориле во стан малтретирајќи го со часови, а за целото време Стоименов нишанел со пиштол кон него. Наводно, Пановски бил малтретиран бидејќи лицето З.М сметалo дека пластичниот експлозив Ц4 кој нелегално се нашол на македонскиот пазар е наменет за негова ликвидација, а наводно Пановски имал врска со планот за ликвидацијата."
Петок, 8 март 2013 – Мистериозната видеоснимка која не беше дел од судска постапка, но за која се уште се збори низ судските кулоари и се појави како еден од можните мотиви за пукањето кон клучниот сведок во „Детонатор“, резултираше со кривична пријава. Во пријавата која ја поднел Влатко...
akademik.mk
(Во случајов З.М. е Зоран Милески Кичеец).