- Член од
- 7 јуни 2013
- Мислења
- 158
- Поени од реакции
- 86
- Возраст
- 30
Здраво, гледам дека доста се разбираш во велосипедскиот механизам генерално. Имам проблем при возење се јавува крик/клик во пределот на преносот или поточно Bottom Bracket (не знам кој е зборот на македонски) поточно кога сум станат и спринтам. Во седечка положба звукот го нема. Педалата не се проблемот. Велосипедот е нов, марка Specialized со изминати 1600км. Доколку си имал сличен проблем, молам за решение![]()
Сличен проблем имав и јас. Испадна дека е контактот помеѓу челичната средна осовина и алуминиумските курбли. Го решив (делумно) така што ги извадив курблите и ги исчистив заедно со средната осовина. Ставив многу малце маст на осовината и ја размачкав, со што помогна малку повнатре да влезат курблите на осовината и да се зголеми контактната површина помеѓу нив. Пак прави звук, но значително помалку од тоа што беше. Звук прави исклучиво само на подолги возења со повисоки температури.
Проблемот е различниот коефициент на термална експанзија, алуминиумот повеќе се шири од челикот, колку и да ги стегаш има шанса пак да ти прави звук.
Можно е и да не ти се затегнати доволно штрафовите, поготово ако имаш од имбусите со прашинарник околу нив. Тие се склони кон одвртување и не можеш доволно да ги затегнеш како обичен штраф.
Чаре е да ги затегнеш па да видиш дали ќе се изгуби звукот.
Трето е средната осовина да ти е дотраена, односно некој или двата од лагерите да се оштетени и како што проаѓаат лагерите на оштетеното место прават звук кој резонира низ алуминиумот. Чаре за ова е нова средна осовина, бидејќи не се сервисираат толку лесно, а само лагери коштаат скоро колку нова средна осовина, плус треба да ги монтираш правилно.