Со оглед на фактот дека повторно станува збор за DOCSIS 3.0 рутер = ништо ново од А1 Телеком.
Додека јас користев кабелски Интернет од Близу/Вип/А1 Телеком, одлично ме служеше Техниколор рутерот и секогаш ја достигнуваше максималната брзина предвидена со самиот пакет без никакви проблеми.
Малку новости во врска со оптичката телекомуникациска мрежа на А1 Телеком:
Доколку живеете во Маџари, Сингелиќ, Хиподром или Ченто, огромна е веројатноста дека имате техничка можност за поврзување со новата оптичка телекомуникациска мрежа на А1 Телеком. Имам забележано некои станбени згради на улица Анри Барбис и улица Карл Либкнехт во кои веќе се пуштени доводни кабли од оптичката телекомуникациска мрежа на А1 Телеком.