Не може да се споредува Шведска со останатите земји. Настрана менталитетот, има голема разлика и средината во која луѓето живееле. Споредба на 80 годишен дедо во Шведска и Македонија е како да споредувате баби и жаби. Старите тука се витални и се цело време во природа на прошетки. Баба ми во МК има скоро 80 години и откако го воведоа карантинов ми се скапа жалење дека не можела да излезе од дома, џанам пред тоа се скапа шетање. Одеше до маркет по цигари и назад. Тука цело време се излезени по паркови, активни се, одат во теретани, спортуваат, производите кои ги конзумираат не се од третокласно ниво, и искрено за ништо не се замараат.
Верувам дека во голем број од здравствените заболувања стресот си има голема улога. Просечен Швеѓанец не доживува стрес. За ништо. Споредете го тоа со стресот кој го поминале вашите баби и дедовци, мајки и татковци со распад на една држава, период на транзиција, живеење во подрачје склоно на немири и воени конфликти, често со приходи на работ на егзистенција и треба да ви биде јасно.
Бројките тука не се за верување, претпоставка на голем број медиуми е дека има многу повеќе починати отколку што се пријавени. Најверојатно како починати ги вбројуваат само тие кои биле дијагностицирани претходно.