Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
без намера да праам никакви споредби со сезонски грип или да ја намалувам сериозноста на ситуацијава налетав на интересни бројки за Германија...

* од сезонски грип во 2017/2018 сезона во Германија починале 25 100 луѓе и тоа е најголем број на умрени во последните 30 години

* до сеа има 181 912 потврдени случаи на грип во Германија. 16% од овие се случаи кои што бараат болничко лекување.

* лице заразено со корона моментално просечно инфицира 1,1 лице. Пред мерките за социјално дистанцирање истото тоа лице инфицираше најмалку три други лица.

* просечната возраст на починати пациенти е 82 години

* 1279 починати лица се помеѓу 80 и 89 години

* 70% од заразените се на возраст меѓу 15 и 59 години

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Уште една приказна за пласибо (на некој начин):

Во октомври 2019 цела фамилија (мајка, татко, ќерката нивна со мажот ѝ и мало дете од 5 години - мои пријатели, сите ги познавам лично) прележаа тежок грип, детето заврши во болница. На крајот откако оздравеа сите, им кажале дека тоа бил освински грип. На прашање зошто не им кажале претходно додека се лечеле, докторката им рекла дека ќе се уплашеле од името на грипот, па можно е крајниот исход да биде полош.

Јас сум на мислење дека и со короната е слично: ако не знаеш дека е корона, побрзо и полесно ќе оздравиш
 
Не го поддржувам Вело, меѓутоа конкретно за тоа е во право. Вирусните инфекции често се пропратени со бактериски бидејќи вирусот ги ослабува белите дробови и стануваат многу ранливи на бактерии и исто така и на габички.

Не знам за тебе, ама Вело го потценува вирусов цело време до ниво што го прави далку послаб од инфлуенца.

За мене како неук, сосема разбирливо е да сметам дека пнеумонијата е од вирусот, затоа што тој да не го ослабел имуниот систем, немало ни да се случи бактериска инфекција.

Башка што тврдеше дека инфлуенца предизвикува многу појаки имунолошки реакции од корона.
 
Јас сум дома 37 дена. Се’уште сите фирми што имаат можност за работа од дома, го прават тоа.
Во сите тие денови, денес бев трети пат да пазарам. Но, секој ден излегувам на пешачење затоа што живеам во сред шума и нема никој.
И ве мислев сите вас, колку ви е тешко. Колку кога си свесен и дисциплиниран, мора да страдаш заради мнозинството и да живееш затворен и под стрес. И колку неправедно се лутите ако искоментираме. Немам право да коментирам за мерките таму, ама имам право да имам мислење. Дека тоа што го прават во Македонија во моментот е “единствен” излез и се прави од паника, свесни се колку можат. А дека е продуктивно не е, ниту пак вирусот се убива со такви тортури од затварање дома после работно време и гужви низ маркети како апокалипса да е. Ама менталитетот е тој што ќе убие, не короната.

Пазарев, а никаква гужва немаше, на каса бевме тројца со растојание од 2 метра, без обезбедување.
По улиците е сосема нормално, на отворениот пазар е сосема нормално, со тоа што, разликата во раздвиженоста е неспоредлива. Луѓето сами седат дома.

Ве мислев и се потсетив зошто пред скоро 4 години донесов одлука да се иселам, па во вакви денови, се потсетувам.
Од менталитетот се иселивме. За да сега голтаме лицемерна политика и тапкање по рамо, дека се тука да не заштитат се додека лапаат огромни даноци од секој поединец.

Инаку, здравството овде, уште пред короната е ужасно. И тоа може секој да ви го каже, што живее овде. Не само што сега е нехумано, секогаш било. Кога за обичен холтер за тахикардија ( со итност ) чекаш од 3-6 месеци, кога за стоматолог ( со итност ) чекаш по 3 недели ...
Јас имав бронхит пред скоро 3 години, повик од доктор за преглед добив после 12 дена од пријава. Сама се излечив во меѓувреме. Па, научени се дека луѓето се свесни, залудно ќе одиш и ѕвониш, кога за термин ќе сонуваш, и се олабавени и во оваа ситуација.

И не, нема ништо да се смени ни после ова. Или се навикнуваш на системот овде и прифаќаш да живееш по нивните правила или имаш избор да си се спакуваш за назад. :) Така да, целото тоа “скокање” по социјални мрежи, не ги допира нив. Шведите се така научени и ќе продолжат исто како роботи, а ние “имаме” избор. :)
 
Последно уредено:
Се согласувам дека треба да слушаме струката, ама треба да се направи дисктинција меѓу Вело, Цаца и другите.

Јебига и Цаца е универзитетски професор, па и бивш директор на клиника, па гледај што направи.
А од кои доктори ти не се дистанцираш и дали уствари знаеш некој друг освен филипче кок не е инфектолог
 
Не знам за тебе, ама Вело го потценува вирусов цело време до ниво што го прави далку послаб од инфлуенца.

За мене како неук, сосема разбирливо е да сметам дека пнеумонијата е од вирусот, затоа што тој да не го ослабел имуниот систем, немало ни да се случи бактериска инфекција.

Башка што тврдеше дека инфлуенца предизвикува многу појаки имунолошки реакции од корона.

Секако дека инфлуенца предизвикува појаки реакции, пример Х1Н1 буквално млади и силни лица им експлодирал имуниот систем при судар со тој грип и затоа најголем дел од 100+ милиони починати кај шпанскиот грип биле млади луѓе во напон на снага, деца и старци лесно го прележувале.

Досега не знаеме јасно колкави и какви имунореакции предизвикува овој вирус ако се знае дека 60-80% го прележуваат со мали или никакви симптоми, значи имуниот систем лесно се справува, во 4/5 од случаите. Во кинеската студија, 91% од упокоените во Кина биле со сериозно компромитирани имуни системи од икс причини.
Автоматски споено мислење:

А од кои доктори ти не се дистанцираш и дали уствари знаеш некој друг освен филипче кок не е инфектолог

Вилипче и татко му кој го направи доктор (наместо да биде чистач некаде) се обично дно, во секој поглед.
 
Шупраме.. Старци спасуеме - бебиња умираат.
И каква врска има тоа што се спасуваат старци со тоа што се пораѓаат пред време родилки ?
Ја прочита веста или само насловот ?
 
Јас сум дома 37 дена. Се’уште сите фирми што имаат можност за работа од дома, го прават тоа.
Во сите тие денови, денес бев трети пат да пазарам. Но, секој ден излегувам на пешачење затоа што живеам во сред шума и нема никој.
И ве мислев сите вас, колку ви е тешко. Колку кога си свесен и дисциплиниран, мора да страдаш заради мнозинството и да живееш затворен и под стрес. И колку неправедно се лутите ако искоментираме. Немам право да коментирам за мерките таму, ама имам право да имам мислење. Дека тоа што го прават во Македонија во моментот е “единствен” излез и се прави од паника, свесни се колку можат. А дека е продуктивно не е, ниту пак вирусот се убива со такви тортури од затварање дома после работно време и гужви низ маркети како апокалипса да е. Ама менталитетот е тој што ќе убие, не короната.

Пазарев, а никаква гужва немаше, на каса бевме тројца со растојание од 2 метра, без обезбедување.
По улиците е сосема нормално, на отворениот пазар е сосема нормално, со тоа што, разликата во раздвиженоста е неспоредлива. Луѓето сами седат дома.

Ве мислев и се потсетив зошто пред скоро 4 години донесов одлука да се иселам, па во вакви денови, се потсетувам.
Од менталитетот се иселивме. За да сега голтаме лицемерна политика и тапкање по рамо, дека се тука да не заштитат се додека лапаат огромни даноци од секој поединец.

Инаку, здравството овде, уште пред короната е ужасно. И тоа може секој да ви го каже, што живее овде. Не само што сега е нехумано, секогаш било. Кога за обичен холтер за тахикардија ( со итност ) чекаш од 3-6 месеци, кога за стоматолог ( со итност ) чекаш по 3 недели ...
Јас имав бронхит пред скоро 3 години, повик од доктор за преглед добив после 12 дена од пријава. Сама се излечив во меѓувреме. Па, научени се дека луѓето се свесни, залудно ќе одиш и ѕвониш, кога за термин ќе сонуваш, и се олабавени и во оваа ситуација.

И не, нема ништо да се смени ни после ова. Или се навикнуваш на системот овде и прифаќаш да живееш по нивните правила или имаш избор да си се спакуваш за назад. :) Така да, целото тоа “скокање” по социјални мрежи, не ги допира нив. Шведите се така научени и ќе продолжат исто како роботи, а ние “имаме” избор. :)

Сега не те разбирам, дома си 37 дена во изолација или излегуваш секој ден?!
Автоматски споено мислење:

читам во УСА социјалното дистанцирање можело да продолжи до 2022, кој глупости, абе социјалното дистанцирање треба да се практикува секојдневно без разлика на вируси и останати срања, и тоа со закон со огромни казни без пардон, народов е стока поголема од стоката, за народ само стап, нема друго чаре, демократии, свест и останати срања.

Takae brad sade stapo po grbo zaovaja stoka!!!
Социјалното дистанцирање си постои природно и во секое време, освен ако не станува збор за пар (дечко и девојка) луѓето многу ретко се приближуваат на помалку од 1,5м освен да се поздрават, не знам во која реалност живеете. Чекор и пол е тоа, не е километар, ало...
Автоматски споено мислење:

Aпсолутно се согласувам а се смееме (не само ние од МКД) на Финска каде што социјалното дистанцирање е must. Таму на пример во автобус додека не се пополнат сите празни седишта каде што се по двајца, никој не седнува до тебе. Кај нас пензионериве кога им го дадоа слободното возење пред десетина години од цел празен автобус во тебе се бутаа зошто на тоа место седел 20 години :D

Во меѓуградски е обратно, секој седнува каде што нема никој на парот седишта, тек кога нема да има место за да седи сам на две седишта, седнуваат до друг патник :)
 
Последно уредено:
А од кои доктори ти не се дистанцираш и дали уствари знаеш некој друг освен филипче кок не е инфектолог

Ако го гледаше Вело во емисијата, тогаш слушна дека целосно ги поддржува мерките што се донесени до пред полицискиот час од 16 - 5 и цел викенд полициски час. Она што го потенцира е дека ние стварaме колективен имунитет и треба луѓето лека полека да се заразуваат, а здравството тоа да може да го совлада.

Тоа значи дека тоа за што се буниш за затворање на бизниси, а воедно и @callejón de la muerte, човекот целосно го поддржува.

Така да не ми е јасно што толку го фалите Вело.
 
@callejón de la muerte залудни ти се сите обиди да ме испровоцираш за реплицирање и дебатирање. Навистина завршив со тебе, не троши енергија. :)
 
Ако го гледаше Вело во емисијата, тогаш слушна дека целосно ги поддржува мерките што се донесени до пред полицискиот час од 16 - 5 и цел викенд полициски час. Она што го потенцира е дека ние ствареме колективен имунитет и треба луѓето лека полека да се заразуваат, а здравството тоа да може да го совлада.

Тоа значи дека тоа за што се буниш за затворање на бизниси, а воедно и @callejón de la muerte, човекот целосно го поддржува.

Така да не ми е јасно што толку го фалите Вело.

Јас никаде не споменав некаков си Вељо (!?) само реагирав на напишаното од твоја страна за инфлуенците, дека има мутации на инфлуенци како онаа најстрашната од 18-21 кои ги умираат пациентите со експлозија на имун систем, тоа све млади војници и нивни браќа, сестри кои ги чекале да се вратат дома, значи 15-40 некаде.
 
Ти кажа дека треба да се дистанцираш од проф марковски, епа ако треба да се дистанцираш прашањето ми е од кои стручњаци ти не се дистанцираш, а со овој одговор потврдуваш дека појма немаш за ниту еден стручњак од областа на инфектологија, друго се со цел да не се оптовари здравствениот систем професорот кажа дека ги подржува првенствено донесените мерки како неработење на училиштата, угостителските објекти и забрана за движење на ранливи категории, а не полициски часови по 60 сати.
 
Еден од новодијагностицираните е вработен во текстилната индустрија, додека пак другото лице е вработено во МВР. Станува збор за полициски службеник кој бил на увид во домот на старицата која беше пронајдена мртва заедно со нејзиниот син на 6-ти април – за ,,Фокус” потврди Тони Димитриев, директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес.
 
Јас никаде не споменав некаков си Вељо (!?) само реагирав на напишаното од твоја страна за инфлуенците, дека има мутации на инфлуенци како онаа најстрашната од 18-21 кои ги умираат пациентите со експлозија на имун систем, тоа све млади војници и нивни браќа, сестри кои ги чекале да се вратат дома, значи 15-40 некаде.

Добро бе имаме во реал тиме еден куп сведоштва од доктори во првите борбени линии за тоа што се случува кај пациентите со Корона, и сега ќе ми објаснуваш за шпанскиот грип за сведоштва од пред 100 години?!?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom