Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Од ПКБ и ВИТА ќе купам акции кога ќе прекинат да ставаат отрови во храната што ја продаваат по бакалниците :bance:
Земаат кеш од големите фармацевтски компании за да го трујат народот почесто да се разболува за повеќе да троши лекови
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Некои работи што ми паѓаат во очи од ревидираниот единечен на ГРНТ (консолидираните не вреди да се гледаат пошто они исплаќаат дивиденда само од единечните)(!)

Имено приметувам дека добри 128М се одлеале кон КБ паричен. Го проверив тој фонд, воглавно инвестира во депозити во деловни банки. Ај да погодиме која. Нејсе, тоа му доаѓа како депозит со некоја смешна камата...можеле и така да ги пласираат средствата, не знам што комплицираат. Секој случај се чини како некој конгломерат со КМБ.

Второ што приметувам е огромниот отпис на побарувања од подружници, 324М денари. Збориме 5М евра! И тоа е проблем. Ако погледнеме, во делот позајмици на подружници, таму износот е повторно зголемен за некои 75М ден, кај тие нивни МХЕ.

Како акционер, имам две основни прашања. Има ли смисол добивката да се насочува во позајмици кон подружници, кога после тоа ги снемува во МИЛИОНСКИ суми. И второ, све фино со конгломератов со КМБ, но што ако таа банка, заедно со нејзините придружни фондови, не-дај-боже РОКНЕ? Има ли тука митигејшн стратегија (да се послужам со коронаречников)?
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Отпишани се побарувањата или имаат вредносно усогласување?

Приметив дека го вратиле целиот кредит кон КМБ
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Отпис на побарувања од подружници. Белешка 12

Ги има и во Белешка 18, дел данок на добивка. Ова е интересно и од апсект на ФЕРС, што веќе спомнавме.

Тој ревидиран го чекам со душа. Ќе биде лепота, осеќам
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
11
Поени од реакции
28
Автоматски споено мислење:

Ај ако имаш можност криви да извадиш во различни бои мислам дека би било подобро за визуелизација на движењата на цените во последните 2.5 години.
Јас имам профи едни графикони ама немам време во моментов да си играм.
Автоматски споено мислење:

За да добиеш макро слика не мора да се до толку точни цените.
Ако сакаш може да се испарса excelot за да се дополнат податоците наназад во базата ако некој се нафати да си игра со податоците и да ги визуелизира.
Моментално немам баш време да си играм со ова имам други обврски, ама мислам ова е значително попрегледно. Не ги ставив на ист график зошто макпетрол ќе направеше голема дисторзија и немаше ништо од другото да се гледа.

Инаку слободно пратете екселот, ќе го испарсирам и ќе го спојам со овие податоци што веќе ги имам па кога ќе имам време ќе си играм повеќе визуелизации и сумарни статистики.

Ги изгенерирав истиве графици за се што имав од база, еве ги на линков: https://mega.nz/folder/9kkw1CoD#OBNlnIjiq5qsSzhj7PMssA
 
Attachments

Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Некои работи што ми паѓаат во очи од ревидираниот единечен на ГРНТ (консолидираните не вреди да се гледаат пошто они исплаќаат дивиденда само од единечните)(!)

Имено приметувам дека добри 128М се одлеале кон КБ паричен. Го проверив тој фонд, воглавно инвестира во депозити во деловни банки. Ај да погодиме која. Нејсе, тоа му доаѓа како депозит со некоја смешна камата...можеле и така да ги пласираат средствата, не знам што комплицираат. Секој случај се чини како некој конгломерат со КМБ.

Второ што приметувам е огромниот отпис на побарувања од подружници, 324М денари. Збориме 5М евра! И тоа е проблем. Ако погледнеме, во делот позајмици на подружници, таму износот е повторно зголемен за некои 75М ден, кај тие нивни МХЕ.

Како акционер, имам две основни прашања. Има ли смисол добивката да се насочува во позајмици кон подружници, кога после тоа ги снемува во МИЛИОНСКИ суми. И второ, све фино со конгломератов со КМБ, но што ако таа банка, заедно со нејзините придружни фондови, не-дај-боже РОКНЕ? Има ли тука митигејшн стратегија (да се послужам со коронаречников)?
Најјака работа со тие парични фондови е што тоа не се осигурани депозити како во банките до 30.000 евра, туку се сметаат за удели. Парите инаку ги пласираат како депозити во најмалите и најслабите банки со поголеми камати. Еве добра прилика во кризава некое такво банкиче да рокне и да им изгори голем дел од тие пари што ги сметаат за сто посто сигурни. Ама уште повеќе се сомневам дека некој од вработените со рацете у медот ќе направи некаков трансфер и ќе си ја здувне некаде како оној од НЛБ Тутунска што им го собра кешот од трезорот и збриша, а „акционерите“ на фондовите ќе си останат со прст во уста.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380

ОК ти се анализите за компаниите. Ама како што гледам, во овој дел не ти е јасен како функционира фондовската индустрија, и со вакви нагаѓања шириш само непотребни шпекулации, а искрено не знам со каква цел.

Ако Еуростандард банка не рокна во овој период, а беше толку блиску, верувам дека Народна Банка нема да дозволи некоја банка да рокне во иднина. Си имаат тие доволно инструменти како да ја изменаџираат ситуацијата.

Исто така, со постоењето на банки чувари во системот кај фондовите, едноставно не е можно некој да си префрли средства на трансакциска сметка. Така да „акционерите“ на фондовите нема да останат со прстот во уста и можат мирно да си спијат.
 
Во интервјуто на Хари за Фактор може да се прочита дека КМБ околу 30% од корпоративните кредити ги репрограмирале поради кризата. Којзнае колку репрограмирале и во колку полоши фирми во Евростандард, ЦКБ или ТТК, кајшто фондовите го држат кешот.

Инаку, ликот што ги изнесе трите милиони евра кеш од трезорот на НЛБ Тутунска комотно можел и да ги подели со некого што би му помогнал. На прсти на една рака можат да се пребројат вработените во тој КБ Публикум, а имаат под управување над 50 милиони евра во кеш фондот. Никаков проблем нема да биде еден вработен да изврши трансфер на десетина милиони евра во некоја карипска или слична банка, а да ги поделат по пет миљони со вработениот од старателската банка што би му го одобрил трансферот и да си здувнат обајцата пред кој било да се свести. Па еден Груевски им побегна што пола државен апарат го следеше што прави, та нема двајца банкарски службеници што може да подмитат со милиони евра.
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620

Не и давај вакви идеи, во оваа кризно време малку и треба.
Што би рекол Макијавели:
„Можноста го раѓа криминалецот“, криминалец не се раѓа
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Моментално немам баш време да си играм со ова имам други обврски, ама мислам ова е значително попрегледно. Не ги ставив на ист график зошто макпетрол ќе направеше голема дисторзија и немаше ништо од другото да се гледа.

Инаку слободно пратете екселот, ќе го испарсирам и ќе го спојам со овие податоци што веќе ги имам па кога ќе имам време ќе си играм повеќе визуелизации и сумарни статистики.

Ги изгенерирав истиве графици за се што имав од база, еве ги на линков: https://mega.nz/folder/9kkw1CoD#OBNlnIjiq5qsSzhj7PMssA
Јас тука гледам уште еден пад подлабок од првиот
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
343
Поени од реакции
333
Од ГМО, Глутен и Парабени се плашиш?
Повеќе од мононатриум глутаминат отколку од овие што ги наведе. Плус сите конзерванси, ароми и секоја состојка што почнува на Е-. Една паштета и салама немаме саглам..
Автоматски споено мислење:

Јас тука гледам уште еден пад подлабок од првиот
И мојот брокер гледа подлабок пад, денес сакав влез во ГРНТ и АЛК претпразнично и пред-дивидендно, но ме разубеди. Наводно после пресеците за недела-две ќе следувало јако лизгање надолу, па ќе видиме колку бил во право.
 
Последно уредено:

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Повеќе од мононатриум глутаминат отколку од овие што ги наведе. Плус сите конзерванси, ароми и секоја состојка што почнува на Е-. Една паштета и салама немаме саглам..
Автоматски споено мислење:

И мојот брокер гледа подлабок пад, денес сакав влез во ГРНТ и АЛК претпразнично и пред-дивидендно, но ме разубеди. Наводно после пресеците за недела-две ќе следувало јако лизгање надолу, па ќе видиме колку бил во право.
Да знаеа брокерите такви работи, мислам немаше да работат за плата :)
За некое време ќе знаеш дали му должиш пиво или тој на тебе :D
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
343
Поени од реакции
333
Да знаеа брокерите такви работи, мислам немаше да работат за плата :)
За некое време ќе знаеш дали му должиш пиво или тој на тебе :D
Така е, но во исто време на брокерските куќи им одговара да прават промет за да лапаат провизија, без разлика дали клиентот добил или изгубил. Во овој случај не гледам друга причина во гестот, освен добра намера, па ќе видиме, ако испадне прав и гајба има, не само флаша ;)
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Не и давај вакви идеи, во оваа кризно време малку и треба.
Што би рекол Макијавели:
„Можноста го раѓа криминалецот“, криминалец не се раѓа
И самиот се чудам колку многу бизарни работи сум напишал во животот коишто потоа се оствариле. Еве нпр. до пред три години сигурно сите ќе се смееле ако им речеш дека службеник од НЛБ Тутунска банка ќе може да украде милиони евра кеш од трезорот и парите да исчезнат без трага. Пред нас се барем уште 30 години инвестирање, а можам да ГАРАНТИРАМ дека за тоа време ќе се случи истоветен или сличен случај какошто опишав погоре кајшто некој вработен од овие инвестициски фондови ќе украде или проневери огромна милионска сума и убаво ќе ги потстриже „инвеститорите“ што ваквото вложување го сметаат за стопроцентно сигурно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom