Natan 3.0
Bitch Божји
- Член од
- 17 февруари 2019
- Мислења
- 1.598
- Поени од реакции
- 5.064
Не, само јасно го говорам мојот став и моето мислење. Не наведов дека за ова се виновни муслимани или атеисти но сите факти го потврдуваат ова, и гледајќи во минатото. Туку ви го претскажав ставот на членот погоре, кој јасно си го брани своето а вие као демек некој „интелектуалци“, „мировњаци“ сами себе си се уништувате, односно не сами себе туку уништувате нешто што некој пред нас се обидувал долги години да го заштити пролеваќи крв, пролеваќи мастило по книги, пролеваќи солзи.... Немаш никој загубено во 2001 затоа и вака зборуваш за дојденците, немаш многу работи доживеано, затоа вака зборуваш... Чест на исклучоци, но провокацијата дојде од другата страна да бидеме реални, спомен плочата кај Карпалак, уназад се уништува точно недела пред споменот, пред велигден последниве 10 години има некој проблем стандард недела дена пред Велигден...
Ништо од тоа не оспорувам, како ни крвничкото убивање на нашите цивили кај хотелот Бриони во време на војната од 2001 година, (а за која некои користат политички коректни еуфемизми како „конфликт“), најверојатно од страна на, па знаете од чија страна и вие самите. Но, не заборавајте ни на свесното жртвување на нашите воени лица кои во возило налетаа на нагазна мина/или што и да е, во истиот временски период, а кои отидоа курбан за лични партиски цели на актуелната и во тој период, владејачка гарнитура. И ликвидацијата на цивилите на Смилковското Езеро останува да биде под знак прашалник во однос на тоа кој ја нарачал, директните егзекутори најверојатно биле Албанци, да, но нарачателите на тоа дур не видам докази кои биле, ќе го сметам само за чиста шпекулација. Поентата ми беше, не воопштувајте, симптоматично и анамнетично е што баш сега пред големиот христијански празник Велигден се повторуваат/инсценираат/симулираат истите сценарија за потпалување на меѓуетничките конфликти видени од пред некоја година.