Коронавирус (COVID-19)

Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.776
Поени од реакции
2.754
Мене сериозно не ми е јасно што к*р чекаат овие слепци пред банките баш сега ? Да не делат награди ? Неможам да разберам...дали до толку пензиите им се кнап од пензија до пензија па мора сега да вадат пари, па и јас имав баба и дедо и стално имаа пари дома и сум сигурен дека 99% од пензионерите имаат пари на страна за десет дена да поминат со нив, ама не, мора сега да извадат да не му ги земи короната ?! Прост, глуп народ да не му се верва на чоек...
Колку мислиш дека му е на мнозинството пензијата? Му требаат пари затоа. Знајш колку пензионери му даваат на свои деца да истуркаат месец?
Не дека ги бранам, ептен идиотски за некој кој стигнал во животот до 60+ години.
Можи да се реши ама не се сака.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Ако ова е при полабави мерки и понормални услови, тогаш којзнае што ќе се случува кога ќе ги ограничат на само 2 часа слободни во денот.

По цел ден ќе остануваат во вакви гужви за да збркаат една обична работа. Ем цел ден изгубен во чекање, ем далеку поголема можност и изложеност на зараза. Џабе свесните седат дома со недели, кога нивниот родител или дедо поминал неколку часа во вакви гужви.

Добра жетва ќе има вирусов за некоја недела или месец, така ми изгледа.

Што е работава со редициве? Што чекаат луѓево?
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.594
Поени од реакции
17.433
FB_IMG_1586316118117.jpg

FB_IMG_1586316120249.jpg
Аха, да важи. Ќе донирам за да му ги наполнам џепојте уште толку на овие лоповите. Споменици беа побитни, тендери, патни трошоци, буџет на СЈО итн.... Црквата за украс ја имаме немат донирано ништо ништо а е преебогата.

Плус да не ги заборајме оние 90% од популацијата во МК шо до вчера ја пцуеја дијаспората. Ги жалам оние 10% нормални шо се останати, ќе затупат и тие или ќе умрат млади од нерви и депресија.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.404
Поени од реакции
9.036
Прегледај го приврзокот 243750

Прегледај го приврзокот 243749
Аха, да важи. Ќе донирам за да му ги наполнам џепојте уште толку на овие лоповите. Споменици беа побитни, тендери, патни трошоци, буџет на СЈО итн.... Црквата за украс ја имаме немат донирано ништо ништо а е преебогата.

Плус да не ги заборајме оние 90% од популацијата во МК шо до вчера ја пцуеја дијаспората. Ги жалам оние 10% нормални шо се останати, ќе затупат и тие или ќе умрат млади од нерви и депресија.
So koe lice ova go imaat pisano, toa samo ne mozam da go razberam, pa uste do "Makedonskata" dijaspora.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.430
Ееееееее, @jamajka ко зборуваше за патриотизам во овие моменти, претпоставувам не мислеше на име и презиме, знаме, устав :)

Така да ај не се препичувајте многу, многу, си се знаеме кој сме и што сме ...
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.133
Поени од реакции
30.240
Зошто не се даваат упатства како најбрзо и најефектвно да се постигне зајакнување на имуниот систем, посебно на ризични групи, и државата да вложи нешто во тоа
Ne postoi nacin imunitetot i zdravjeto magichno da go sredis za 2 dena.
Toa e nacin na zivot, i ako duri sega vi teknuva na toa, kasno e.
Автоматски споено мислење:

Што е работава со редициве? Што чекаат луѓево?
Odredeni ekspozituri vo pomalite mesta bile zatvoreni.

Kako i da e, ne e samo za penziite, ima luge i sho imaat rok za isplata na kredit.
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Мене ми е јасно дека некој нема пари, не му стигаат за цел месец и кога ќе му пуштат пари веднаш трча во банка да извади, ама истите тие сигурно имаат и картичка за банкомат, не сакаат се научат од таму како да извадат пари, а ни пак даваат друг од фамилија тоа да им заврши и плус да им плати сметки електронски.

Ќе си оставиш пари за кредитот и ќе си повлечат колку треба има и други начини да платиш а да не одиш до банка.
Ама научени се да прават гужви на шалтери и успат да си се видат други пензионери додека чекаат. Друг ден ќе прават гужва за да платат сметки.
После ќе кружат по маркети ќе разгледуваат цени и ќе се вратат таму каде е најниска за 1 денар.
 
Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.610
Поени од реакции
7.737
Vistinata e Fauci sakaat da go pretstavat kao "the good guy" od toa sho msm 24/7 zbori loso za Tramp pa mora da biraat nivna strana,Fauci e blizok so demokratite i surati kao Obama,Klinton i Bil Gejts,Fauci vekje potvrdeni kominacii na lekovi gi negira i e skepitik deka funcionirale i e najglasen vo pustanjeto na vakcina vo sorabotka so Gejts.

Fauci e somnitelen lik.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
За време на полициски час ќе работат аптеките. Ама, ете јас не смеам да појдам до аптека. Тогаш зошто да работат?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
За време на полициски час ќе работат аптеките. Ама, ете јас не смеам да појдам до аптека. Тогаш зошто да работат?
Колку што знам смееш со најава на 192 и ваљда ако се работи за итна потреба. Така беше мислам минатиот викенд во Куманово.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Па не е баш така,Франција е 60 милиони а Америка 300.Не може да кажеш дека Америка најлошо поминала
Да, во право си за тој сооднос, но во САД доправа ќе идат рекордите, покасно тргна возот таму и ова се сеуште првите бранови. Јас очекувам за 10-20 денови САД со нивното здравство да руши рекорди во поглед на смртни случаи, само прашање е дали ќе ги бројат сите како да се од Корона. Франција мислам доста време пред САД го имаше првиот бран и подолго го има вирусот, плус опкружена е со најпогодените земји.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.572
Поени од реакции
1.864

Не се веродостојни бројките на тој сајт за Франција, вчера имаше 3 880 и нешто нови случаеви. Ако си приметил, бројката за тестови нема мрднато од неделата
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Не се веродостојни бројките на тој сајт за Франција, вчера имаше 3 880 и нешто нови случаеви. Ако си приметил, бројката за тестови нема мрднато од неделата
Не отворам толку често, а прекинав и вести да гледам, полесно ми е психички.
Каде ги имаат точните бројки за цел свет?
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Накратко со новости.

Вчера имало тест проба во Шведска. Тестирани се рандом 50 луѓе. 30 луѓе се позитивни, а немаат никаков симптоми и се шокирани дека се позитивни.

Донекаде е утешно, а од друга страна, стварно немаш поима кој може да е позитивен.

Од утре во наредните 3 дена, ќе се тестираат 4000 луѓе во Стокхолм, рандом. Ќе стигнува на домашна адреса кој е “избран”, за да се земат податоци. Позитивните без симптоми ќе влезат во базата и доколку сакаат ќе се прави експеримент, да даваат крв, и од антителата да им се дава плазма на заболените.

Дека нема друг начин додека не стигне вакцината освен колективен имунитет и лечење со антитела ...

Од 620 починати во Шведска, над 300 се од старечки домови, затоа што скоро во сите има заразени веќе и најбрзо одат. Па, затоа и бројката на починати овие 3 дена оди над 100 дневно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom