Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Утре и среда би требало да има ненормални бројки, со оглед на тоа што на тестирани од минатиот вторник и среда сеуште не им се изготвени резултатите.
 
Сега сите ќе гледаат до 16:00 да прошетаат некаде да се излуфтираат малце, да прошетаат куче или да направат некоја физичка активност и ситуацијата ќе биде хаос гарантирам
Да, да, како да не. Ако сите вака размислуваат на дневна база, слободно нека ги укинат сите ограничувања.
 
Еве се мислам кај да си купам куќа дали Холандија, Норвешка или Шведска откако ќе изумрат таму, а ние со карантинов ќе се спасиме.
 
:ROFLMAO::ROFLMAO: 48 часа дома. Бетон мерка, немаш утка. Може и цел Април вака да напраат, ќе бидеме пример за пропаст у светов.
Место да земат да тестираат секој еден чоек у државава и да решат проблем за една недела, ние ќе ги чекаме по дома тие што го имаат вирусот да го прележат
 
Еве се мислам кај да си купам куќа дали Холандија, Норвешка или Шведска откако ќе изумрат таму, а ние со карантинов ќе се спасиме.
Зошто ли зошто им е на сите полесно да поверуваат во било која лага отколку вистината? Зошто ви е толку тешко да се помирите со фактот дека можеме да се споредуваме со сомалиа и киргистан и бургунди а не со холандија норвешка шведска?

Сте биле ли во болница последниве 10 години? Сте имале ли близок што лежел? Знаете ли дека ако се преоптовари дупе здравствово ќе нема како да се лечиме и ке има испопаѓани мртви по улица?
 
Последно уредено:
Искрено се придржував до мерките до сега, ама од сега натаму од 8 сабајле до 11:30 (12 почнувам со работа) дома не ме гледаш.
Само ние банана републиките Србија, Босна и Македонија паметни со полициски часови.
Same here. Месец дена идам на работа и освен тоа не сум излегол од дома. Овие кај и да е ќе воведат 24 часа полициски, па бар да се искористи некој саат на воздух. Ако фаќам секако на раб ќе фатам, со 5 пути позањбан имунитет.
 
Оди во шведска норвешка и финска извади ги надвор пред зграда стари жени да пијат кафе, да те видам.

Имаат свест они, затоа немаат страшни мерки.

Ние имаме свест на орангутани што мислат дека вирус воопшто и не постои. И тоа сите се потковани со мал милион докази од xyz.rs
 
Ебаве луѓето што плачевте за 24 часа lock down. Еве викендов сеа коа мораме 24 часа дома да седиме вирусот ќе престане, зошто он работи само у викенди, а у работни денови само трета смена, па нема шанси да се пренесе во работен ден од 5 до 16 часот кога сите ќе можеме слободно да се шетаме...

Многу е едноставно, одржувај растојание.
Ебате народот ако мора со полициски часови да им нацрташ дека растојанието е битно и миењето раце. Се осеќам ко у афричка држава да живеам чим толку луѓе не знаат дека треба раце да мијат...

А и владава со логиката „Како да го решиме проблемот со гужви по маркетите кога нема полициски час? Знам! Ќе воведеме полициски час цел викенд!“ мора да се признае дека е една од подобрите у светот. Мерка што не се спроведува, ја решава со воведување на нова мерка и наеднаш од понеделник до петок од 5 до 16 часот, нема гужви по маркетите :)
 
П.С. Ќе испадне правам реклама ама купувајте си онлајн од paket.mk, точни се и навремени и во ова доба на хаос. Нема потреба да се мешате низ маркети. Нивниот сопственик уште лани имаше капацитети да опслужува голем дел од населението
Само што пробав да ја отворам да ја разгледам странава, едвај ми ја отвори значи гребе за bandwidth...
 
Пензионериве цел ден кога имаа на располагање не почитуваа препораки, се збираа по 100 фосили пред банка, гужви правеа, а не па сега кога имаат само 2 часа во денот. Ова сега масакр ќе биде. The Walking Dead. :icon_lol:

Џабе седеле 22 часа дома, ако тие 2 часа ги поминат во гужви, на купче збиени со уште 100 луѓе други. Го множат со нула цело претходно седење дома. x30 се зголемува можноста да се заразат.

Не е мерка само донеси си ја, колку да се помине на редот. Треба да се земе во предвид и свеста кај населението. Една иста мерка нема да даде ист резултат во Македонија и во Јапонија, на пример.
 
А случајот од Битола во старскиот дом утре ќе го кажат?
И од колку тестирани се тие 15 заболени?
Па ете пишува дека 202 се тестирани. Дупло помалку од обично, веројатно дека недела беше вчера.
 
Ќе умрат поради кризата. Стресот од губење на работни места, домови, распаднати бракови и сл. ќе доведе до многу поголем борј на смртни случаи откоку короната што некогаш ќе може сама да земе. Бројките на мртви од последиците од економските кризи се мерат во десетици милиони.
Плус фактот што луѓе веќе не ни одат да се лечат или да се проверуваат за други болести. Колку само ракови ќе пројдат недијагностицирани или дијагнозите ќе дојдат во задоцнета фаза бидејќи си мислат луѓево ајде нитшо не ми е ќе почекам некој месец да видам.

Тоа што го затворивме светот ќе однесе десецити милиони пред се млади животи.

едит. Само од последиците од последната криза од рак умреа 500.000 луѓе во периодот од 2008-10. Во 2009та 5000 самоубиства повеќе од претходните години поради финансиската криза имаше во САД само.
Јаки ми се овие калкулации. Дали ги урачуна сите оние кои ќе останат живи, а немаше да бидат живи, ако не беше епидемијава?
На пример, сите спасени човечки животи од намалување на загадувањето.
 
Зошто ли зошто им е на сите полесно да поверуваат во било која лага отколку вистината? Зошто ви е толку тешко да се помирите со фактот дека можеме да се споредуваме со бејрут и киргистан а не со холандија норвешка шведска?

Сте биле ли во болница последниве 10 години? Сте имале ли близок што лежел? Знаете ли дека ако се преоптовари дупе здравствово ќе нема како да се лечиме и ке има испопаѓани мртви по улица?

Да лани татко ми почина, цел месец бев со него по болници на раце ми умре.


Чекам наредниов месец то Швеѓаните и Холанѓаните по улици да паѓаат да видам..
 
А за тебе има врска образование на тој/таа што секој ден си го ризикува животот и здравјето на децата дома? И нормално ти е да споредуваш плати со некој што квакнат дома пишува excell табела за приход/расход?
Платата им беше зголемена дека беа утепани од господ, тука зборуваме за нешто друго.
И не, не работам во здравствениот сектор ниту било кој мој до второ колено.

ова му доаѓа ко џандарине, трчаа трчаа по штабови за да се бутнат и мислеа цел живот ке си го прчат, сеа малку ке ги запнат и оп одма плачење
па добро бе имаат ли работен опис, дали им се дава до знаење со што се ке се соочуваат на работното место, колку плата ке зимаат?
дали некој дојдоа од дома на сила да го земат да работи?
се породила жена му, купил бомбоњери, виски, пари во плико па еве почнаа саати и наочари да се даваат алооо сега некој ако е без врски и не почасти за жив не го сметаат никој нема да те погледне, ке те шуткаат лево десно, први се да нагласат дека од љубов работеле многу си ја сакале работата


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom