Се само цитирам од пред неколку месеци затоа што ми треба мислење , сеуште неможам да си го решам проблемот... симптомите ми се појачија на некој начин, ми почнаа и нови симптоми: огромни болки во нозете, кичмата, слабост во рацете, состојба пред колапс или на англиски како што барав најдобро би ја опишал како Extreme Fatigue,чуство како да немам доволна циркулација на крв во рацете/ нозете.... ми направија уште многу анализи дадени од невролог и интернист:
- EМГ на раце и нозе
- Тироидата уште 5-6 пати ми ја проверуваа во ред е
- Комплетна крвна слика на хормони и ред други работи ( Хемостаза , Д-Димери)
- Магнетна на глава
- Магнетна на врат (треба да чекам уште 10тина дена за резултат овде )
- Компјутерска томографија на тимусна жлезда и ред други работи овде успут се видоа бели дробови итн...
- Eхо на срце 3 пати
- Доплер на врат и нозе
и други има сигурно ама не ми текнува .... се беше уредно во главно , хормонската и деталната крвна слика го оценија како уредни вит Д бегаше од границите кон нисок ама проценија како недоволно нисок за да ми се случува, на ехо на срцето ми најдоа како што разбрав нешто како кога прима срцето крв и кога се отвара некој вентил мене не ми се отварал до крај баш и како шум на срце нешто сум имал ама не било сериозно за преземање мерки туку на 6 месеци ми рекоа само на контроли да идам и дека не било поврзано со мојава состојба ( отидов на 3 различни места да ми го потврдат истото нормално во краток период ) ... и сеа после сите тие прегледи нормално ми дијагнистоцираа анксиоза ... со разговор со психолог и психијатар прифатив антидпересиви Зепира со Хелекси...веке 3 недели ги пијам нема нишо подобрување.... незнам дали да одам на ортопед или нешто за нозеве / кичмава да видат да не иде сето тоа од таму или параночиен станав веке незнам ми нема логика ништо до сеа , кичмава , нозеве ме убиваат од болки слабост на секаде а одговорот на сето тоа да биде антидепресиви само.....