Коронавирус (COVID-19)

Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Тие причите, абе ајде....што има хранливо у каиш, ѓон, иверица?
Офтопик е, ама чисто за информација има хранливо и во тоа, руски научници во најтешкиот период, крајот на ноември, го смислиле следниов рецепт за леб: 10% целулоза, 10% расипани уљани погачици(не знам како би се превело на нашки), 2% плевел(некое си цвеќе), 2% прашина од дигалки за брашно, 3% мелена пченка и 73% 'рж.
Дневно имале по 125 грама, тоа се не повеќе од 400 калории дневно, настрана што -20 било уште во тој период и пола население или се борело или произведувало оружје.
Некое дете напишало во својот дневник: ,,Среќа умреа мама и тато па ги сокривме на таван и јас, сестра ми и баба ми имавме 5 купони за јадење."
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.296
Поени од реакции
18.292
Несврзано.
Пекаш за карантин а остануваш дома со храна за пола ден до ден максимум.
Ако first hand гледаш дека работата излага од контрола, зошто не сакаш да се опремиш за една седмица?
Имаат они храна и за 2 недели, ама тие се за недај боже :icon_lol:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
А чекај, ако паничиш ќе го намалиш некако ризикот или? Јас колку што знам, во паника секогаш се носат грешни одлуки
Хаха па изгледа комплетно ја промаши поентата ;)
Секако дека паничењето не помага, напротив, меѓутоа (кога веќе цртам) одредени членови тврдат неосновано дека смртноста од вирусот е помала и последиците се помали отколку што се реално.
Не треба да се паничи ама не треба ни да се пикне главата во песок како ној.
Фактите и бројките го кажуваат тоа што го кажуваат и треба да сме реалистични и да признаеме дека не сме попаметни од СЗО, раководството на 90% од земјите на светот, научниците и докторите кои сите јасно кажуваат колку е опасна, тешка и комплицирана ситуацијата.
Не може да се преправаме дека македонскиве експерти по типкање се поразумни и постручни од нив.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
А чекај, ако паничиш ќе го намалиш некако ризикот или? Јас колку што знам, во паника секогаш се носат грешни одлуки
Никој не рече дека нема да го намалиш ризикот ако паничиш ама смешки живи е аргумент контра починат од корона да ти е хронична болест. Ако идеме така, пола форум треба да си влезе во ковчег уште ноќеска, камоли па во државава.
Со астма, висок притисок, декомпензирано срце, фибромијалгија итн можеш уште 1 ама и уште 100 години да живееш, ако плус се заразиш со вирусов, не знам баш.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Хаха па изгледа комплетно ја промаши поентата ;)
Секако дека паничењето не помага, напротив, меѓутоа (кога веќе цртам) одредени членови тврдат неосновано дека смртноста од вирусот е помала и последиците се помали отколку што се реално.
Не треба да се паничи ама не треба ни да се пикне главата во песок како ној.
Фактите и бројките го кажуваат тоа што го кажуваат и треба да сме реалистични и да признаеме дека не сме попаметни од СЗО, раководството на 90% од земјите на светот, научниците и докторите кои сите јасно кажуваат колку е опасна, тешка и комплицирана ситуацијата.
Не може да се преправаме дека македонскиве експерти по типкање се поразумни и постручни од нив.
Смртноста ќе ја видиме кога се ова ќе заврши иако пак нема да е реална бројка (процентуално). Во секој случај има многу мистериозни работи за и околу вирусот.
Автоматски споено мислење:

Никој не рече дека нема да го намалиш ризикот ако паничиш ама смешки живи е аргумент контра починат од корона да ти е хронична болест. Ако идеме така, пола форум треба да си влезе во ковчег уште ноќеска, камоли па во државава.
Со астма, висок притисок, декомпензирано срце, фибромијалгија итн можеш уште 1 ама и уште 100 години да живееш, ако плус се заразиш со вирусов, не знам баш.
Во ред тоа, ама не секогаш мора да значи дека короната била главен виновник за смртта. Како тоа од пациенти со лесна клиничка слика (како што кажува филипче) наеднаш доаѓа до максимални компликации и смрт? Има нешто нејасно тука, или не можат да ја определат компликациката на клиничката слика или пак тешат (тешеа на почеток, сега не можат поќе) и го смируват народот?
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.409
Смртноста ќе ја видиме кога се ова ќе заврши иако пак нема да е реална бројка (процентуално). Во секој случај има многу мистериозни работи за и околу вирусот.
Абе единствена мистериозна работа во цела ситуација е вирусот... Јас не разбирам што толку луѓево навалуваат да докажат нешто.... Еве на крајот на краиштата и да си во право и ??? Што ???

Едноставен е лекот за ситуацијава, покриен газ, никој не плука... А економијата секако ни е дно... Кога ќе размисли малце човек ние најдобро од цел свет ќе ја поминеме ситуацијава, толку сме крш, што воопшто нема да ја осетиме светската криза... Толку сме се навикнале на криза, што ќе ни биде боље, пошто нема да ни е криво што ги гледаме другите да се многу бољи од нас... барем додека не станат...
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.117
Поени од реакции
25.180
Концептот дека тие луѓе кои биле со хронични заболувања би си биле живи и (релативно) здрави доколку не би заболеле од корона го игнорираат ко мали деца што ги игнорираат мајките кога ги викаат од тераса да се приберат дома на ручек.
Битно они се кул и смирени, ние паничариве сме криви за све. И Бранко да не го заборавиме, одамна не сме го спомнале дека е крив.
Ова стварно не ми е јасно како не можат да го разберат луѓето. Океј, ќе умрат луѓево со хронични заболувања кога тогаш, впрочем и сите ќе умреме, ама како не рабираат дека со ширење и фаќање на коронава ќе пропуштат да се израдуваат на уште некој роденден, свадба, крштевка, успех, убав момент со и на нивните најблиски.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Абе единствена мистериозна работа во цела ситуација е вирусот... Јас не разбирам што толку луѓево навалуваат да докажат нешто.... Еве на крајот на краиштата и да си во право и ??? Што ???

Едноставен е лекот за ситуацијава, покриен газ, никој не плука... А економијата секако ни е дно... Кога ќе размисли малце човек ние најдобро од цел свет ќе ја поминеме ситуацијава, толку сме крш, што воопшто нема да ја осетиме светската криза... Толку сме се навикнале на криза, што ќе ни биде боље, пошто нема да ни е криво што ги гледаме другите да се многу бољи од нас... барем додека не станат...
И да сум и да не сум во право (како и сите други тука) нема да е битно пошо ќе ни требат многу години да се вратиме и на тоа мизерно ниво на кое што бевме. :)
Јас никаде не форсирав за тоа дали сум во право, тоа е мој став и мое мислење. И покрај овие 400 случаи кои ги имаме, уште стојам на тоа дека не смеј да има паника. Какви и да воведат мерки, сите видовме дека луѓето се најголемото зло на планетата (иако мислев дека само одредени народи се ѓубриња) и бројот на заразени многу ќе се зголеми а ние мора да се помириме со тоа.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.732
Поени од реакции
9.472
За Куманово ми е најмногу криво, пред се заради задоцнета реакција. Градоначалникот ја домоли владата со еден куп апели, ама некако немаа слух. Најтрагично е што се од иста партиска линија и Спасовски мислам дека е од Куманово. И мислам дека малку некоректно и несериозно е што се објавува одлуката на 5 часа до полициски час. Од една страна, има семејства кои можеби не можат да си дозволат за поголеми залихи за да реагираат брзо по маркети, а од друга страна надлежните треба да очекуваат дека во тие 5 часа до полицискиот час ќе има стампедо пред маркетите и уште повеќе ги изложуваат луѓето на ризик.

Пишав и тука пред некој ден кога имаше околу 20+ новозаразени од таму и ми мирисаше дека ќе пукне работата. Сосема различна структура е од Дебар зошто во Дебар мислам дека баш на почетокот се стегна ситуацијата и сите заразени беа во почетна фаза со што се спречи брза трансмисија, а луѓето се изолираа плус далеку помал град и полесно се контролира.Во Куманово од тоа што го читав си циркулирал народ изминатиот период.

Како и да е, држете се кумановчани...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.409
И да сум и да не сум во право (како и сите други тука) нема да е битно пошо ќе ни требат многу години да се вратиме и на тоа мизерно ниво на кое што бевме. :)
Јас никаде не форсирав за тоа дали сум во право, тоа е мој став и мое мислење. И покрај овие 400 случаи кои ги имаме, уште стојам на тоа дека не смеј да има паника. Какви и да воведат мерки, сите видовме дека луѓето се најголемото зло на планетата (иако мислев дека само одредени народи се ѓубриња) и бројот на заразени многу ќе се зголеми а ние мора да се помириме со тоа.
Никој не заговара паника... Паниката е голем непријател во вакви ситуации.. Но потценувањето на опасноста е уште поголем непријател...

И тука многу луѓе многу пати објаснија, дека е точно дека многу луѓе ќе се заразат, 2/3 од планетата и дека во иднина оваа болест ќе стане детска болест... Но со карантиниве се купува време, прво бидејќи нема капацитет сите одеднаш да се лечат, второ да се најде вакцина. Не е болеста ебола и сл.. Но не е сега работата ајде да се опростиме од нашите стари и чао пријатно... Тоа размислување одприлика и Хитлер го имал, нема место во опшстеството за болни и инвалиди...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Смртноста ќе ја видиме кога се ова ќе заврши иако пак нема да е реална бројка (процентуално). Во секој случај има многу мистериозни работи за и околу вирусот.
Автоматски споено мислење:


Во ред тоа, ама не секогаш мора да значи дека короната била главен виновник за смртта. Како тоа од пациенти со лесна клиничка слика (како што кажува филипче) наеднаш доаѓа до максимални компликации и смрт? Има нешто нејасно тука, или не можат да ја определат компликациката на клиничката слика или пак тешат (тешеа на почеток, сега не можат поќе) и го смируват народот?
Друже, нов е вирусов а медицината не е 2+2=4. Ќе треба време додека се собере лекарско искуство. Не за џабе сите професии се работат а медицината се практицира. Тоа што кај сите е различно, некој има лесна слика, некој лоша, некој лесна па се влошила ви дава од една страна и одговор зошто за некои болести уште нема лек, манифестацијата е различна и нема шема.

П. С. Додека беше вирусов во Кина и јас мислев некој се спрдачи и тепа време на вести ама имам роднини по клиникиве и ми велат дека по тоа што го гледаат на работа, ова не е за купување тоалетни ама воошто не било за смеење. Мора да се најде вакцина што побрзо

Затоа и мобилната клиника е на Водњанска зошто ако се закомплицира кај некого лесно е да се викне пулмолог, кардиолог, ендокринолог, нефролог итн. Не знам како одредени на форумов туку така си викаат дека сосила се пумпа бројката поради хронично заболените ама да не си им во кожа на овие.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Никој не заговара паника... Паниката е голем непријател во вакви ситуации.. Но потценувањето на опасноста е уште поголем непријател...

И тука многу луѓе многу пати објаснија, дека е точно дека многу луѓе ќе се заразат, 2/3 од планетата и дека во иднина оваа болест ќе стане детска болест... Но со карантиниве се купува време, прво бидејќи нема капацитет сите одеднаш да се лечат, второ да се најде вакцина. Не е болеста ебола и сл.. Но не е сега работата ајде да се опростиме од нашите стари и чао пријатно... Тоа размислување одприлика и Хитлер го имал, нема место во опшстеството за болни и инвалиди...
Јас ова го пишав уште на почетокот на темата. Мора да има мерки ради долгогодишното пустење и крадење на се што е можно од страна на политичарите. Штета што народот најболно ќе го осети тој криминал и непрофесионализмот на многуте партиско вработени кадри.
И јас имам блиски со хронични заболувања и не сакам да ги изгубам ама не можам никако да ги заштитам од вирусот и мора да се помирам со тоа.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Ми се чини деновиве малку тестови се прават дали толку е капацитетот или долку објавуваат. Ако гледаме други земји се знае редоследот. На почеток имаш малку случаеви и потоа растат експоненционално. После недела две почнуваат и да растат смртните случаеви оти нели не умираат одма луѓето туку после 2-3 недели и подоцна. Добро почнаа со мерките ама потоа некое време се опуштија а требаше одма ригорозни мерки и чекање пикот да помине. Не е удобно ама нема друг избор. Затоа сега во цела паника оваа мерка. И јасно е дека ќе следат и други градови.

Моментот на објава не би рекол е лош и во Германија во петоци често се објавувале мерки, пред викенд. Секогаш при таква најава ќе имаш гужви во продавници.

Околу статистиката. Што ви менува дали некој умрел од корона или од друго а го имал вирусот? Апсолутно ништо. Ја дури би рекол поважна е бројката на заразени да се види колку е проширено, затоа што секако ќе има жртви. Дали пет луѓе поќе или помалце влагаат во статистиката нема врска, не е тоа натпревар.
Последниве недела дена се зголеми бројот на тестови, просечно се прават околу 400 теста дневно. По број на направени тестови по жител сме далеку пред Бих(околу 3.500), Косово(околу 2000), Албанија(околу 2000), Србија(7.500), па дури и пред Хрватска. Према колку сме отепани сосема солидно се тестира, единствено Словенија од екс-Ју државите се далеку пред нас, ама па тие се веќе друг свет за нашето здравство, тестираат како луди, по 1100-1300 тестови дневно и еве веќе им се гледаат резултатите све помалку и помалку заболени имаат на дневно ниво.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.409
Јас ова го пишав уште на почетокот на темата. Мора да има мерки ради долгогодишното пустење и крадење на се што е можно од страна на политичарите. Штета што народот најболно ќе го осети тој криминал и непрофесионализмот на многуте партиско вработени кадри.
И јас имам блиски со хронични заболувања и не сакам да ги изгубам ама не можам никако да ги заштитам од вирусот и мора да се помирам со тоа.
Немораш да се помириш, ако доволно долго седат изолирани, и ако тие што се во непосредна близина до нив се добро изолирани... ќе се најде вакцина и ќе си поминат добро... И не треба само да чекаме од државата да не организира. Сами треба, самиот народ да си направи добра организација внатре во семејството и ќе го испловиме ова, па колку и да трае...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom