Без храна неколку недели.
Без вода неколку денови.
Без воздух многу малку минути.
Опсадата на Ленинград траела цели две години, на пример. Сеа...многу луѓе испоумирале, ама па и преживеале.
Секојдневно по светов има војни, срања....ситуации у кои реално не може да се дојде до храна, вода....да не кобам, ама ова нашево, не е ни почнато. Може малку да повежбаме достоинство, за недајбоже, ако дојде полошо (се надевам нема).
Сите сакаме да си имаме све по дома и да се чувствуваме ко да е празник некој, со домашна софра секој ден, ракииче, сиренце....
Што е најтрагично, забораија многу луѓе дека е пост, што е у суштина нејадење. Некои турбофолк вернициве, постат со морска храна, риба, авокада и егзотики што е сосема спротивно од целата идеја за постење.