Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Ваквите тестови (за присуство на IgG и IgM антитела) се многу важни и полезни, посебно за вработени во Здравството но и во други дејности, пошто многумина од нив го имаат асимптоматично прележано вирусот и за џабе се мачат со употреба на заштитна опрема (ако не ги земеме во предвид можностите за повторна инфекција, кои засега остануваат непотврдени). Но ваквите тестови не може да се сметаат за замена на тестовите кои тестираат присуство за карактеристични компоненти/протеини на вирусот, пошто ќе покажат негативни резултати баш кај најранливите случаи.

:neetaka:

... еве на пример некој има грозница на усна, велиме му излезе херпес, ама тоа никој не го приметува и сега ако на ваква особа ако му се направи имунолошки тест IgM IgG антитела ќе му биде висока т.е. ќе има позитивен тест?
и?
веднаш ќе биде сомнителен за коронавирус или ќе биде „ослободен“ од заштитна маска оти е асимптоматско прележано?
... антитиела IgM се создава и тестот ќе биде позитивен и од херпес вирус и од други вируси, ете сезонски грип, а не САМО од коронавирус КОВИД19 така да тоа е тотално погрешно интерпретирање на тие имунолошки тестови и опасни препораки, па и било која бактериска инфекција ќе ја покачи антителата IgM, ете има некој бактериска инфекција на бубрезите и мочниот меур имунолошкиот тест ќе биде позитивен, тоа значи дека не треба да носи заштитна маска, оти го „прележал“ асимптоматски коронавирус КОВИД19 ? :facepalm:
...имунолошки тестови позитивна IgM антитела укажува само на тоа дека телото има акутна фаза на создавање на одбранбен имуноглобулин поради напад од некој вирус или бактерија, а негативен тест на IgM антитела, а во моментот позитивен тест на IgG антитела укажува на веќе втора фаза на уништен вирус, бактерија и создадена антитела ако повторно влезе вирусот, бактеријата во нашето тело ќе биде веднаш препознат од ова циркулирачка IgG антитела и ќе биде уништен и вирусот и бактеријата...
 
Последно уредено:
Не ми се праи паника ама некако шубе ми дојде сеа на работа. Искрено, цела недела некако кашлам (ама па и пушач сум), а на грлово си осеќам ко да имам топка некоја што не можам да ја голтнам. Осет за мирис исто слаб, некако се ми е исто, како ладно (~ментол) да дишам. Денес донесоа термална па се меревме сите. Сите се од 36,5 до 37 а јас сум од 38.2 до 38.4 (а ако сме реални, шо знам, не осеќам нешто ко да имам висока температура...)

Паника ми е само, на психичка база ми доаѓа или за најсигурно е да се јавам и консултирам дали сум ок или не?

91762296_2503415673305949_6133973589503770624_n.jpg
 
прв ден од почетокот на кризата кога е регистрирано опаѓачко темпо на ново заболени во МСК.
за 24 часа се направени неверојатни,факинг неверојатни 460.000 тестови у Москва!
Автоматски споено мислење:

Не ми се праи паника ама некако шубе ми дојде сеа на работа. Искрено, цела недела некако кашлам (ама па и пушач сум), а на грлово си осеќам ко да имам топка некоја што не можам да ја голтнам. Осет за мирис исто слаб, некако се ми е исто, како ладно (~ментол) да дишам. Денес донесоа термална па се меревме сите. Сите се од 36,5 до 37 а јас сум од 38.2 до 38.4 (а ако сме реални, шо знам, не осеќам нешто ко да имам висока температура...)

Паника ми е само, на психичка база ми доаѓа или за најсигурно е да се јавам и консултирам дали сум ок или не?

Прегледај го приврзокот 242653
може преладен да си
 
:neetaka:

... еве на пример некој има грозница на усна, велиме му излезе херпес, ама тоа никој не го приметува и сега ако на ваква особа ако му се направи имунолошки тест IgM IgG антитела ќе му биде висока т.е. ќе има позитивен тест?
и?
веднаш ќе биде сомнителен за коронавирус или ќе биде „ослободен“ од заштитна маска оти е асимптоматско прележано?
... антитиела IgM се создава и тестот ќе биде позитивен и од херпес вирус и од други вируси, ете сезонски грип, а не САМО од коронавирус КОВИД19 така да тоа е тотално погрешно интерпретирање на тие имунолошки тестови и опасни препораки, па и било која бактериска инфекција ќе ја покачи антителата IgM, ете има некој бактериска инфекција на бубрезите и мочниот меур имунолошкиот тест ќе биде позитивен, тоа значи дека не треба да носи заштитна маска, оти го „прележал“ асимптоматски коронавирус КОВИД19 ? :facepalm:
...имунолошки тестови позитивна IgM антитела укажува само на тоа дека телото има акутна фаза на создавање на одбранбен имуноглобулин поради напад од некој вирус или бактерија, а негативен тест на IgM антитела, а во моментот позитивен тест на IgG антитела укажува на веќе втора фаза на уништен вирус, бактерија и создадена антитела ако повторно влезе вирусот, бактеријата во нашето тело ќе биде веднаш препознаети од ова циркулирачка IgG антитела и ќе биде уништено вирусот и бактеријата...
Небулоза, срамота е ова што е напишано, врска нема ни со наука, ни со логика. Се тестира специфичен Сарс-КоВ2 ИгМ/ИгГ противтело, а не општи имуноглобулини.
 
за 24 часа се направени неверојатни,факинг неверојатни 460.000 тестови у Москва!
Автоматски споено мислење:


може преладен да си

Чекај сега ќе дојдат експертите на темава, што читаат вести на англиски и мислат чим е на англиски 100% точно е, да кажат дека русите го потцениле вирусот, лажат за бројот на заболени и немаат појма од наука.
 
Се тестирав вчера и негативен ми беше тестот, бев и на лекар и ми кажаа дека имам гнојна ангина. Али која агонија ми владееше ден и пол/два тоа е страшна работа. На работа чекаа да им кажам исход зашо ако бев позитивен отиде цела фирма у карантин 2 недели, плус и нивни фамилии, хаос ќе беше. :D
 
Небулоза, срамота е ова што е напишано, врска нема ни со наука, ни со логика. Се тестира специфичен Сарс-КоВ2 ИгМ/ИгГ противтело, а не општи имуноглобулини.
...срамота што? прочитај го предходниот член што пишува за „имунолошки тест“ јас одговарам на негов пост така како што е напишан, а тоа „што е срамота“ и што „нема врска“ треба да го објасниш, а не од ракав да го напишеш колку да ти се смета како многу паметен пост...
 
Сепак ке се одјавам сега со добра вест

"Во една последна студија која што е направена во Павиа, се открива дека луѓто можат да се излечат со крвта од оние кои што веќе оздравеле од коронавирусот, пишува АНСА.

Неколку пациенти веќе примаат плазма од оздравени пациенти од коронавирусот, кои што отпосле развиле антитела. Така што во Поликлиниката во Павиа на сила влезе терапијата со плазма.

Првите двајца кои што даруваа крв биле лекари во Порто Мороне (Павиа), маж и жена, кои што биле меѓу првите заразени со Ковид-19 во таа провинција."
 
На HRT 1 слушнав инфо дека австриски научници развивале лек кој се базира на блокада на некои ензими и некако многу генијално звучеше. Ако слушна некој и знае да објасни нека образложи, баш ме интересира.



Virtual screening and molecular dynamics simulation suggest ...

Crystal structure of SARS-CoV-2 main protease
 
Последно уредено:
Се тестирав вчера и негативен ми беше тестот, бев и на лекар и ми кажаа дека имам гнојна ангина. Али која агонија ми владееше ден и пол/два тоа е страшна работа. На работа чекаа да им кажам исход зашо ако бев позитивен отиде цела фирма у карантин 2 недели, плус и нивни фамилии, хаос ќе беше. :D
... ама тоа не значи да се опуштиш и да не продолжиш со самозаштита! (y)
 
...срамота што? прочитај го предходниот член што пишува за „имунолошки тест“ јас одговарам на негов пост така како што е напишан, а тоа „што е срамота“ и што „нема врска“ треба да го објасниш, а не од ракав да го напишеш колку да ти се смета како многу паметен пост...
Во тестот за Сарс-КоВ2, се тестираат специфични ИгМ/ИгГ противтела, и не може да биде позитивен со противтела кон ХСВ, грип, бактерии или "шоидае". Така да целиот муабет е без врска, без разлика во кој контекст ти е напишан, нема никаква корелација и никој нема да биде сметан за позитивен на Сарс-КоВ2 или асимптоматски носител или прележан ако бил во контакт со херпес, грип или бактерија, туку тој тест покажува изложеност само на Сарс-КоВ2 и соодветно може да се толкува.
 
@bijons јас ако добро ги разбирам работите се тестира за присуство на антитела специфични за SARS-CoV-2, на тоа мислев. Се извинувам ако нејасно се изразив.
 
@bijons јас ако добро ги разбирам работите се тестира за присуство на антитела специфични за SARS-CoV-2, на тоа мислев. Се извинувам ако нејасно се изразив.
Ако зборувате за тестот од Систина точно е тоа. Во случај да е позитивен тестот, односно да има присуство на тие антитела, те праќаат во ИЈЗ да ти го направат тој главниот тест за да се потврди присуство на Ковид-19, или обратно.
 
Небулоза, срамота е ова што е напишано, врска нема ни со наука, ни со логика. Се тестира специфичен Сарс-КоВ2 ИгМ/ИгГ противтело, а не општи имуноглобулини.
što e specifično za preležuvanje Sars-Kov 2, Odnost IgM/IgG ili ??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom