Мало отстапување? 40% мало отстапување? Кај си учел ти математика, или недајбоже статистика.
Ако се земе само бројот на заболени, тогаш зголемувањето е експоненцијално, ако се земе во однос на тестирањето, тогаш е линеарно, т.е. Cca 10% од тестираните се позитивни.
Пошто иаме оскудни бројки, вака може да се примето дека направени се доста тестови на кластерот од Куманово и идентификувани се доста заразени од тој кластер, очекувам во наредниот период да се намали оваа бројка од Куманово ако лицата се придржувале до мерките за изолација.
Друго, процентите се ниски со оглед на тоа што се таргетираат лица кои биле во контакт со заразени лица или имаат мн слични симптоми, ако се тестира што год тогаш ќе падне процентот, иако апсолутно ќе порасне бројот на заразени.
Се е ова статистика и дава насоки повеќе за мерките кои треба да ги превземе државата.
Како што пиша Фросе погоре, додека не е некој ваш близок, се се ова проценти, тогаш и 1 заболен и 0.00001% е многу.
Седете дома, излагајте до маркет и аптека со маски, не се собирајте во групи или да одите по гости, и остајте му на системот можност да се избори, да не губиме и медицински кадар.
Не носи однапред паушални заклучоци за каде сум учел математика или статистика. Не сум гол во таа област. Мислам е непотребно во дискусии на темава да се пукаме ако не се согласуваме со другиот дискутант, поготово кога сум коректен и према тебе и према други. Не сме мали деца и немам намера да го спуштам нивото на дискусија. Затоа ако не се согласуваш, кажи аргументи, а јас ќе ти ги кажам сега моите.
Тестирани се за 56% повеќе примероци во споредба со просекот. Релативната или апсолутната бројка зависи само како ќе ја интерпретираш. Дали само како бројка и секое нејзино зголемување или намалување ќе се коментира или бројката ќе ја врзиме како релација со моменталната состојба и во споредба со регионот во најмала рака.
Констатацијата дека е мало отстапуваме не ја базирам на математички или статистички показател како бројка, туку врз база на фактичката ситуација во моментов. 56% повеќе тестирани изгледа како којзнае колку многу, ама кога основата која е како база за пресметката е прениска, тоа покачување не е толку значително, т.е просек од 250 дневни тестирања на примероци е премала основа за порастот за 56% или 140 во апсолутен износ да изгледаат и да ги претставуваме како којзнае колкав пораст. Значи 250 дневни тестови просечно по 1 месец од првиот случај е премалку и затоа порастот од 56% во изминатите 24 часа и не е којзнае колкаво отстапување.
Да имавме просек од 1000 тестирани примероци дневно што за мене е солидна бројка за оваа фаза, пораст од 56% ќе беше сериозен исчекор. Ама во моментов ние сериозно заостануваме по бројот на тестирани примероци. Во моментов, според мене доволно оптимално отстапување во наредниот период е кога ќе има 300% повеќе тестирања дневно од актуелниот просек или за 750 повеќе тестирања од просечните 250 со вкупна бројка од по 1000 тестирања дневно и тој тренд да расти.
Зошто мислам дека 250 тестови дневно се премалку? Заради што:
1. Не сме во почетна фаза, туку сме баш во оној преоден период до пикот.
2. Бројот на повратници од ризични земји е сериозно висок и не треба да се чека тие да направат многу контакти со други затоа што е прашање колку ги почитуваат изјавите и мерките за самоизолација
3. Постои висок ризик на трансмисија и доколку не се изврши навремено тестирање може работата да излезе од контрола
4. Веќе има неколку смртни случаи на лица на кои претходно не им е откриен вирусот затоа што ненавремено ги тестирале или воопшто не биле тестирани
5. Бројот на тестирани по глава на жител е сериозно повисок на многу земји во регионот
6. Препораката на СЗО во овој момент е тестирај, тестирај и тестирај
И за крај, се согласувам во целост со констатацијата дека треба да се почитуваат прекораките и мерките, за да се олесни работата повеќе на системот. Но и системот треба да одговори уште појако и побрзо во овој момент, а за жал во последниов период кај сите се добива се поголема слика дека повеќе се води ПР и се одржува нивото во еден стабилен просек како резултат на мал број на дневни тестови.