Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ќе се земе во предвид ситуацијата во Италија и Шпанија изминатава недела, како најпогодени Европски земји значи само карантин и строги мерки е спасот.
Два месеци од првите регистрирани случаи кај нив и дури сега овие неколку денови се намалуваат секојдневно бројките, не цел месец од кога го поставија карантинот.
Мислам дека конечно се гледа светлина во тунелот.
Светлина ќе се види кога ќе излезе вакцината, зашто вака у карантин и целосна изолација со полициски час не верувам како било која земја ќе издржи да тера добри 3-4 месеци и јаче. :)
Ќе и се нанесе удар на болеста тоа сигурно со тек на време, на ваков начин, ама затоа ќе фатиме еден економски канцер од кој после со години ќе треба да се опоравуваме.

И не заборавај дека ваквите пандемии знаат да нападнат у бранови, кај шпанската треска која покоси 50м луѓе во Светот, вториот бран бил многу пофатален од првиот.
 
Мене едно нешто не ми е јасно.Гледам војската прави мобилна болница,шатори испод инфективна клиника.Кога служев у АРМ со редовна војска павиљонине у касарна Илинден не можеа да се исполнат,сега откако го укинаа воениот рок сум поише од сигурен дека повеќе од 70% се празни.Тоа му доаѓа како иделна локација за едно инфективно одделение во кое би се сместувале исклучиво заболените од Ковид 19.Ем таму би биле некако изолирани,нема никаков контакт со други болни од разни други болести да имаат како што е ситуацијата сега по клиниките
 
Како бе не си загрижен за економијата?Ако крахира приватниот сектор од каде пари за пензии и плати за администрација?Иако не сум фан на Муртињо ама неговата идеа минималец за сите и не е така лоша идеа.Ама себичноста ќе победи како и секогаш на крај сите ќе го јадиме немиен.
Солзавец би им фрлил бе. Јао, каде живееме...

Со болест можда ке преживеам ама без јадење секако не
 
Незнам зашто се повеќе мажи како и кај другите раси, ама овие темнопутиве секојпат страдаат на север поради недостаток на сонце

Да. Нагласија овде дека можна причина кај луѓето од Сомалија да е недостатокот на Д витамин, како фактор на послаб имунитет.

Зошто повеќе мажи и на светско ниво имаше истражување и поврзаност со естрогенот. Колку е релевантно, останува да видиме ...
 
Последно уредено:
Мене едно нешто не ми е јасно.Гледам војската прави мобилна болница,шатори испод инфективна клиника.Кога служев у АРМ со редовна војска павиљонине у касарна Илинден не можеа да се исполнат,сега откако го укинаа воениот рок сум поише од сигурен дека 70% се празни.Тоа му доаѓа како иделна локација за едно инфективно одделение во кое би се сместувале исклучиво заболените од ковид 19.Ем таму би биле некако изолирани,нема никаков контакт со други болни од разни други болести да имаат
Tиe празни простории горе у касарна илинден додека ги оспособат за да имаат перфектни услови у битката за Короната, вакцина ќе успеат да најдат за следната пандемија по корона, не па за овој моментален проблем. :)

Претпоставувам дека боља локација за вакво нешто е борис трајковски салата или Јане у Аеродром, ако е возможно, отколку простории кои се запуштени со години и каде има мртви стаорци и жаби ( true story ).

Сепак ситуацијата у моментов не е дојдена за да иаме потреба за вакво нешто, се надевам дека нема ни да дојде до тоа и у иднина.
 
Tи празни простории горе у касарна илинден додека ги оспособат за да имаат перфектни услови у битката за Короната, вакцина ќе успеат да најдат за следната пандемија по корона, не па за овој моментален проблем. :)

Претпоставувам дека боља локација за вакво нешто е борис трајковски салата или Јане у Аеродром, ако е возможно, отколку простории кои се запуштени со години и каде има мртви стаорци и жаби ( true story ).

Сепак ситуацијата у моментов не е дојдена за да иаме потреба за вакво нешто, се надевам дека нема ни да дојде до тоа и у иднина.
Штознам,ама некако полесно ми изгледа у готова зграда на 3 спрата со по 80 кревети на секој кат да однесеш апаратура и да ја претвориш у болница,отколку во шатори кои се наоѓаат во склоп на болница во која секојдневно доаѓаат и други болни
 
Светлина ќе се види кога ќе излезе вакцината, зашто вака у карантин и целосна изолација со полициски час не верувам како било која земја ќе издржи да тера добри 3-4 месеци и јаче. :)
Ќе и се нанесе удар на болеста тоа сигурно со тек на време, на ваков начин, ама затоа ќе фатиме еден економски канцер од кој после со години ќе треба да се опоравуваме.

И не заборавај дека ваквите пандемии знаат да нападнат у бранови, кај шпанската треска која покоси 50м луѓе во Светот, вториот бран бил многу пофатален од првиот.
Остај ме да се тешам бе :)
Не верувам да се повтори тоа како со шпанската треска затоа што сепак напредната е и медицината и технологијата, ќе излези и лек и вакцина до тој втор бран, само треба време, затоа се карантините.
 
Па не бил лечен од ништо, не се пожалил на ништо посериозно цел живот, периодот пред Коронава идел и на водно, намалуел тежина, поентата беше дека Филипче ОФИЦИЈАЛНО на прес кажа дека освен вишокот на килограми друг проблем немал што не било случај со повеќето кои починаа,или биле многу стари или имале некои други заболувања кои си доаѓале и со годините.
Никаква шпекулација не е ова со оглед дека самиот министер за здравство ти кажува каков проблем имал, и цело време ги игнорира истите прашања зашто ако навлезе у детали нема да искочи дека е предебел бидејќи повеќето мислеа дека овој е над 100 кила и е многу дебел, што не е случај.

На филипче во конкрентиов случај му одговара да бил заболен и од нешто друго, за да не се шири паника, зашто 90% од прашањата вчера а и денес се однесуваа само за младово момче а неговите одговори беа слаби, упорно се обидуваше да не навлегува во детали што до некаде и го разбирам. Не сака да шири паника али јавноста ТРЕБА да знае дека детево не било многу дебело, чисто ради претпазливост бидејќи повеќето од младите несериозно го сфаќаат ова и не се плашат а голем дел од нив го имаат истиот проблем со килограмите, за кои филипче вчера кажа дека исто се фактор кој му дава буст на вирусот.

Така да сега за сега ништо погрешно не е пренесено во врска со дечкото ни од моја страна, само навлегов во детали и дадов одговор што филипче упорно го игнорираше овие 2 дена а истото се однесуваше на неговата дебелина, да, условно речено, дебел бил, односно имал проблем со килограми, но ништо драстично и ништо страшно односно имал проблем што голем процент и од младата и од постарата генерација го има. И ова ќе повторам, јавноста треба да го знае.
Многу резервирано одговори, а вчера целосно го одбегна одговорот. Рече дека ќе провери дополнително.

Друго ми е поентата. Не се 100 млади починати, од 101 вкупно, за сеа да праиме хистерија.
Денеска од муабетиве стана правило дека "вирусот убива и комплетно здрав млад човек без исклучок умира од вирусов заради неговата супермоќ"....што воопшто не е докажано дека е така.
Тоа што министерот бега од одговори може и да значи дека бега и од недоволна лекарска грижа, човечки фактор, грешка исл.
Да видиме дали ќе има нешто официјално во текот на наредниот ден.
 
Штознам,ама некако полесно ми изгледа у готова зграда на 3 спрата со по 80 кревети на секој кат да однесеш апаратура и да ја претвориш у болница,отколку во шатори кои се наоѓаат во склоп на болница во која секојдневно доаѓаат и други болни
Te сфаќам што ми збориш ама знаеш кај нас нешто кога ќе се запусти, запустено остануе и условите се мизерни, не дека тоа не може да се среди ама ако дојде до потреба плус мислам дека наместо да средуваат горе со недели, ќе одат на спортските сали по примерот и на други земји. Иначе знам за кои објекти збориш, точно е дека тоа ако се среди може да е од голема корист, и локацијата е добра плус а и просторот околу.
 
Веројатно прво се решија на тој простор зошто е во склоп на другите клиники и ако итно им е потребен доктор од друга клиника за консултација - интернист, пулмолог, може набрзина да "претрча".
 
Многу резервирано одговори, а вчера целосно го одбегна одговорот. Рече дека ќе провери дополнително.

Друго ми е поентата. Не се 100 млади починати, од 101 вкупно, за сеа да праиме хистерија.
Денеска од муабетиве стана правило дека "вирусот убива и комплетно здрав млад човек без исклучок умира од вирусов заради неговата супермоќ"....што воопшто не е докажано дека е така.
Тоа што министерот бега од одговори може и да значи дека бега и од недоволна лекарска грижа, човечки фактор, грешка исл.
Да видиме дали ќе има нешто официјално во текот на наредниот ден.
Има погоре види, од слободен печат, односно дека имал епилепсија, бронхитис ...
Не е наведено до душа дали тоа влијаело ваков тек да има болеста.

@Saber Rider
Бил излезен пред 10 дена у маало, со друштво, нареден ден температура, после 3 дена хоспитализиран, умира за 6 дена откако е хоспитализиран.
Tатко му и брат му у стратство, мајка му исто у изолација, у многу лоша ситуација се сеа, треба да се погреба детево, моменталнава ситуација не им овозможува да присуствуваат на погребот. У пм ...
 
Добро шо јадите бе луѓе јас повеќе од 52 кила немам кренато :)
јас 2 години сум на диета,под 100 кила сум сега )))))
Сега скоро и да сум веган. Месо и риба само варени.
А што јадев на на 144 кг,ако напишам ќе ви се крене коса...
 
Во Систина да не се тестирал Таше со фамилијата. Тукутака позитивни па негативни, НЕ.
 
Има ли податок во Кина како земја со најмногу смртни случаи, каква е старосната структура на починатите?
Италија одамна го презеде приматот.
Од Паланка си? (заради ников прашувам)
Гледам денес објавиле и таму еден заразен. Каква е ситуација таму?

Мене ме чуди помалку истоков што досега нема ништо оти колку што знам многу луѓе се отселени и сега вратени.
Ситуација во Крива Паланка нормална. Досега знаевме за еден случај на карантин - докторка која била на Цаца-симпозиумот. Неофицијално има 10-15 во изолација, ама ништо сигурно.
Инаку Паланчани се претежно во Франција и баш многу не се вратија. Очекувам дека ќе има уште заразени, нема тестирања додека човек со една нога не стапне во гробот.
Потрошувачката треска се смири, продавниците полека се полнат со сите потребни артикли.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom