Уште не сум почнал, не е така едноставно, најбитно е што ја знам процедурата, што треба да направам, и веќе започнав анализа на компании од цел свет ( многу има да не набројувам ). Кешот е спремен, но мислам дека сеуште не е момент да се почне, може да оди уште подоле со ново дно, па тогаш би влегол, секако според тоа која акција во моментот е најповолна за влез, т.е кои акции бидејќи планирам да направам портфолио од 10тина, секоја со различен ризик и принос, дел дивидендни акции дел со голема капитална добивка.
Инаку според мене најдобро е кај нашиве брокери - комерцијалан бројкер, илирика и шпаркасе брокер мислам дека има за во странство, не знам за други, може има и други со таква опција, но знам дека некои брокерски куќи кои тргуваат на МСЕ немаат можност за тргување во странство.