Едно постара изјава од бившиот гувернер Богов од 2013, секако ни денес не е нешто поинаку, можеби сега плакатолепачите од двете партии и да се замислат од каде се парите за платата што редовно ја добиваат.
Македонија живее од парите од дијаспората
Според гувернерот Димитар Богов, вкупните дознаки од странство се стандардно високи и изнесуваат 18-20 проценти од БДП (околу 1,6 милијарди евра)и покриваат најголем дел од трговскиот дефицит. Богов појасни дека од нив на приватните трансфери опаѓаат 60 отсто, што значи дека македонските семејствата примаат околу една милијарда евра годишно како помош од своите роднини.
На годишната конференција на Обединетата македонска дијаспора Богов, исто така, информираше дека во првите четири месеци од годинава странските директни инвестиции изнесуваат околу 70 милиони евра, а проекциите се меѓу 200 и 300 милиони до крајот на годината.
Се обрати и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски кој побара од младите во дијаспората да извадат македонски пасоши.
– Односите помеѓу етничките заедници во Македонија се менуваат. Бројките се менуваат и многу ќе биде важно бројноста на Македонија и на Македонците да ја задржиме и ја растеме во годините што доаѓаат. Тоа ќе биде важно и за економските ефекти – рече Пешевски.
– Затоа апелирам: Земете што поголем број пасоши, пренесете го тоа и на сите оние Македонци кои се надвор и се чувствуваат како Македонци, но не го прават тој чекор да ги земат пасошите. Земете го пасошот, бидејќи тоа е најдобриот и најлесниот начин да и помогнете на Македонија, посочи Пешевски и додаде дека и Владата ќе ги помагала тие процеси.