Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли една валидна причина зошто не би било добро наши луѓе од странство, 2-3 недели да седат во карантин во хотелот таму?

И што ќе смени тоа? Еве ти на пример би се чуствувал ли комотно твојот комшија да дојде после 2-3 недели од „карантин“ во Италија? Мислиш дека карабинерите ќе се занимаваат со странци таму во карантин што секако ќе си одат за некоја недела и понатака нема да се нивен проблем.

Ќе биде ОК да ти дојде дома на кафе некој после таков карантин или порадо би во твоја држава со твоја полиција пред хотел каде и самите џандари се ваљда свесни дека ако им кидне некој може и они да го јадат или нивни роднини да страдаат? Незнам за тебе али јас порадо би карантинот да се спроведе во државата каде ќе биде ослободен човекот после карантинот, нормално ако тоа е медицински можно.
 
Брат зборев за хотелот во Битола, не си ме сфатил ваљда.
 
Инаку, една од добрите страни на ова што се случи е што барем во Македонија се покажа дека се можат онлајн многу работи. Фрчат онлајн порачки, е-трговија, се бранат дипломски/магистерски онлајн, настава се држи без проблем, документи се вадат за 3 минути, луѓе се научија дека има е-банкинг, итн.

Трагично е што мораше да стигне пандемија за да ни покаже дека треба и суштински да влеземе во 2020.

Тотален офтопик, само да се надоврзам.

Мислиш 2010... :)
Далеку сме, многу далеку.

Страните, 90% од нив со багови, нефункционални, недовршени, пола од продуктите им се практично out of stock, а на страната им стои дека имаат у залиха и настанува проблем... па нарачувај нешто друго...па рефундирање...

Милион вакви примери.

Кај банкиве за некои работи мора во експозитура да се отиде(активација на токен во УНИ), до пред некое време мораше да се иде физички у банка да се сменат девизи... Непостоечки/нефункционален customer support, 50 броеви мора да свртиш да ти вратат на мејл и да средат проблем.

Дигиталните кампањи и рекламите на фирмите, исто една декада назад. За блогерајот не ми се ни зборува...

Бонус: Високо образовани луѓе не знаат за овој концепт и за бенефитите од овој начин на купување. Многу дури и не знаат да нарачаат.

Тоа е реалната слика, за жал.
 
Не сме оф топик, таман работа, вакви корисни информации ќе се најдат. Не е лошо да отвориме периодов и страна со функционални онлајн продавници итн. кои ќе се најдат ако ништо друго.

Да се надеваме дека во иднина овие работи ќе се поправат за некои процеси и после ова да се спроведуваат онлајн а не пак да се враќаме во СССР време како што кажа Спојлер.
 
Nikoj ne rece deka negi saka vo Bitola(dobro barem poveketo ne rekoja)samo lugeto se uplaseni i toa e,se e ova posledica na strav ,a posto pocnavte site da gi napagate Bitolcani samo potsetete se deka do pred 1 mesec protestiravte za toa kade ke bidat centrite za terapija na narkomani (mene mi e mnogu slicno)
Не глеам што е слично во споредбава. Од една страна имаш државен карантин на луѓе од Малта каде веројатно голем број од нив се здрави и го немаат вирусов и каде ќе бидат 2 недели во карантин,каде полиција ќе го обезбедува хотелот и никој нема да мрдне. Ќе имаат и медицински надзор и било кој и да е заболен ќе си биде соодветно згрижен,сигурно нема да шетаат по Широк сокак. Од друга страна центар за терапија на наркомани кои слободно си се шетаат,дрогираат и фрлаат шприцеви на места каде живеат луѓе и играат деца.Поголеми се шансите некое дете да се зарази со нешто од тој шприц,отколку некој од овие во хотелов да прошета во овие две недели и да ве зарази вас во Битола. Ете и во Велес има хотел со карантин и во Скопје во сред центар,па не глеам никој да се буни.
 
Битола стана жариште, ама на морони. :D

А оние мамичките по групите на фб гледам се отепаа прашувајќи дали во Битола работат фризерски салони и оние за маникир, педикир каде ќе имаат блиски контакти и не знаеш таа претходно со кога контактирала и дали ја дезинфицирала опремата, а им смета што во центар има карантин.
 
Логички грешки во споредбите на корона со грип.

1. Анализирање на статистика за цела година наспроти 1-2 месеци, како податок бројката за умрени од грип по ден во Италија е ~ 46 случаи на ден во просек преку цела година - додека кај корона 227 на ден од 15 февруари до сега! Воедно заболени од грип има драстично повеќе, па така доколку од корона се разболат еднаков број на жители, исходот ќе биде брутален. Од грип заболуваат над 6 милиони годишно, од корона до сега има само 87.000!

2. Тврдења дека не се правеле обдукции, и сите се класифицирале како мртви од корона без разлика дали всушност умреле од неа, или од друга болест. Проблем со ова е што луѓето кои умираат од грип се ИСТО така болни и "не умираат" од грипот, што значи се додека нема обдукција на сите болни од грип и корона, никој не смее да тврди дека умрените од корона не умираат од корона. A редовна обдукција нема, па така овој "агумент" е во најмала рака смешен.

3. Грипот не бара да се мобилизира пола држава, не го преоптеретува здравството и не предизвикува КОЛАПС на целиот систем, фолијашите како и секогаш грешат.
 
Не знам дали сеуште некој бара да се објават имиња на инфицирани и во изолација ама пуздер ќе ги направат. Нема да смеат и по прележување да испаднат, ќе ги линчуваат со ваков памет.
 
Многу сумливи работи има околу вирусов.Како е можно кинезиве преку ноќ да го пресечат како со нож,а во Италија и Шпанија се уште прави хаос?Дали е можно во Европа да мутира од SARS-2 во SARS-3?Или пак белата раса потешко се справува?И по се изгледа вирусов им е избеган од контролана кинезиве и сеа му ебаа мајката на светов.SARS,MERS,па сеа некој нов Ханта вирус кој исто така се појавил во Кина!:shook:

Лажат Кинезите, како на почеток. Едноставно е. Дури сакаат да наметнат дека не излегло од кај нив. За да добијат симпатии, праќаат помош низ државите. Едноставно е не мора секојпат апстрактни причини да бараме. НЕ се Кинезите Богови како што некои ги величат.
 
Последно уредено:
Вчерашен биланс - масакр. Коронава како да е незадржлива. Спинојте со колективен имунитет изгледа се најава дека полека се крева раце од карантини, неодржливо е ова. Дури и филмски е некако, како да влегуваме во некоја сурова дистопија кај шо нема место за "болни и изнемоштени".

covid.JPG
 
само двајца образложуваме дали требало или не требало карантин во центар во Битола каде досега се НУЛА заразени граѓани од ковид 19 ама пусти комплекс да не пукните шубо си го покажавте ...........селото в град може да влезе ама од град нема да излезе , сељандурија без аргументи :D
 
Инаку, една од добрите страни на ова што се случи е што барем во Македонија се покажа дека се можат онлајн многу работи. Фрчат онлајн порачки, е-трговија, се бранат дипломски/магистерски онлајн, настава се држи без проблем, документи се вадат за 3 минути, луѓе се научија дека има е-банкинг, итн.

Трагично е што мораше да стигне пандемија за да ни покаже дека треба и суштински да влеземе во 2020.
НЕ само тука да видиш во Германија како се можело хоум офис или во секоја пекара да можеш со картичка да платиш. Све се може само малце поттик треба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom