Религијата во пандемија на коронавирус Covid19!

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Ете една „мала“ разлика од старо-еонските религии и она што означува иницијаторски Ред кој што го прифатил Законот на Телема!

IHQ О.Т.О. донесе одлука (која стапи на сила веднаш, 20 Март 2020-та) да се прекинат сите активности каде што е потребно да се собираат членови на едно место, без разлика дали е тоа за иницијации, изведување на Миса, разни состаноци во однос на управување на Редот и тоа колку е можно да оди преку разни алатки...
Оваа одлука ќе биде на сила се додека трае пандемијата и опасноста да се шири вирусот и се додека Светската Здравствена Организација не даде одобрување или новост дека вирусот е победен... :)

Тоа е тоа. Вие - размислете и одлучете што е мудро, а што не ;)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.487
Поени од реакции
84.952
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Што да кажам, од една страна на религиозните луѓе сега им текна на Бог, истите тие традиционални верници кои оговараат, лажат, изневеруваат, продаваат луѓе за ситен интерес.Истите тие кои од празник на празник оделе во црква и ги исмејувале луѓето кои навистина живееле по христијанските верувања, сега се први во одбрана на поповите.
Од друга страна па не знам зошто атеистите имаат толку голем проблем со тоа, после се лутат кога овие првиве ги викаат секташи, а буквално се тоа зошто само чекаат некој вакви случки и да ги исмејуваат демек глупите и простите луѓе.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.487
Поени од реакции
84.952
Што да кажам, од една страна на религиозните луѓе сега им текна на Бог,
Oва не е точно. На религиозните за Бог им текнува цело време. Ова што го пиша, баш сега важи за некои "атеисти", на кои им текнува на Бог само кога јајцето до газот ќе им дојде.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Oва не е точно. На религиозните за Бог им текнува цело време. Ова што го пиша, баш сега важи за некои "атеисти", на кои им текнува на Бог само кога јајцето до газот ќе им дојде.
Моја грешка што не го напишав вака "религиозните".

Јас не се ставам ни во една група, се сметам себеси си за православен, но не можам да си дозволам за себе да кажувам дека сум религиозен човек кои не живее според христијанските верувања и секојдневно влегува во гревови.
Знам луѓе кои навистина живеат така и за нив го имам целиот респект на светов, ама истите тие се нарекувани фанатици и забегани.За традиционалните верници кои мислат дека само постот е дел од верувањата го кажувам ова, тие се многу повеќе грешни од што мислат.
Ова сум го приметил и кај муслиманите и исламот, некој на глава ќе ти се качи како они биле вакви они биле такви а ниту клања ниту оди у петок на џума и целта на неговато верување му се состои во напаѓање на католиците(во овој случај за кој го земам за пример)

А од лично искуство тврдам дека вистинските религиозни луѓе, без разлика на која религија припаѓаат се едни од најдобрите луѓе но ете заради вакви примери се сфатени погрешно од страна на атеистите и останатиот нерелигиозен свет.
Тие се едни од последните луѓе на светот во кои сеуште има човечност и добрина ама вистинска а не од корист или некоја придобивка.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Што да кажам, од една страна на религиозните луѓе сега им текна на Бог, истите тие традиционални верници кои оговараат, лажат, изневеруваат, продаваат луѓе за ситен интерес.Истите тие кои од празник на празник оделе во црква и ги исмејувале луѓето кои навистина живееле по христијанските верувања, сега се први во одбрана на поповите.
Од друга страна па не знам зошто атеистите имаат толку голем проблем со тоа, после се лутат кога овие првиве ги викаат секташи, а буквално се тоа зошто само чекаат некој вакви случки и да ги исмејуваат демек глупите и простите луѓе.
Немаш приметено дека истиве ликови користат секоја можност,за било какво дешавање да плукаат по религијата.А јас сум сигурен дака ако им загусти ќе станат најголемите верници.Само не можам да сватам зошто имаат најголема одбивност кон христијанството???Иначе си во право како народ воопшто не си ја познаваме својата религија,туку љугето се склони повеќе кон некоја си традиција која нема некое значење.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Немаш приметено дека истиве ликови користат секоја можност,за било какво дешавање да плукаат по религијата.А јас сум сигурен дака ако им загусти ќе станат најголемите верници.Само не можам да сватам зошто имаат најголема одбивност кон христијанството???Иначе си во право како народ воопшто не си ја познаваме својата религија,туку љугето се склони повеќе кон некоја си традиција која нема некое значење.
Не ги коментирам нив оти едноставно непотребно е да коментираме нивно видување, во старт не се согласувам со нив и сме на различни страни.
И традицијата не ја почитуваме и тоа традиционален верник е веќе излитено, традиционален човек од минатото не се однесувал како што денес се однесуваат овие.

Не зборувам само за оние традиции околу празниците кои исто немаат никаква допирна точка со нашата релегија и вера, тука и за начинот на живот.Верниците се слика на верата, затоа овие другиве некогаш и со право ги "тролаат" иако како шо кажавме и јас и ти, се повеќе наликуваат на секта и фанатици која чека можност да нападне одредена религија.

Начинот на живот и верата во која веруваат и велат дека се дел од неа се тотално различни, а од друга страна пак мислат дека се безгрешни и веруваат дека навистина тоа што го прават е вистинското и правилното.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Немаш приметено дека истиве ликови користат секоја можност,за било какво дешавање да плукаат по религијата.А јас сум сигурен дака ако им загусти ќе станат најголемите верници
Убаво е што ликови ко тебе се „сигурни“ за било што...

Истиве ликови за кои се дрзнуваш да зборуваш и да пресудуваш онака како што тебе би ти се задоволило егото, се тука сеуште и сеуште не се христијани... сите до еден, и атеисти и Телемити... било кој што наоѓа замерка на христијанската филозофија за гревови, молења и „божја волја која се коси со човештвото и добробит на истото“ сеуште не се христијани и нема ниту да бидат и тоа заради свештениците и заради дрските мирјани и искасапената философија која не ја заслужуваат :)

Без разлика на вируси, смрт, несреќи... мислиш дека Телемит ќе се сврти кон христијанството и стариот еон?
Тоа важеше и важи за верниците кои припаѓаат на старите религии... таму може да имаш сигурност.

Треба да се сврти секој поединец прво кон заштита на човештвото, а потоа ќе ги браниме боговите... по ѓаволите и со нив!
Треба да мислите малку и вие ко мирјани, а и оние свештеници кои бладаат наоколу неразмислувајќи за последиците... бидејќи секогаш ќе ви пласираат оправдувања ако се разболите дека „божјата волја е таа, страдај и моли се“ ;)
 
Последно уредено:

И како еден Телемит се бори за заштита на поединецот?И шо со новиот еон,шо толку спектакуларно се дешава со новиот еон?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
И како еден Телемит се бори за заштита на поединецот?И шо со новиот еон,шо толку спектакуларно се дешава со новиот еон?
Во однос на темата, бидејќи темата е пандемијата прогласена со препораки поточно закони да не се собираат луѓе повеќе од 5 на исто место и минимум 2 метра растојание - не одам на ниту едно место, дури и боговите сами да се собрале на тоа место ако бројот е поголем од 5 и ако нема место помеѓу мене и боговите да е 3 метра!
За таа разлика пак старо-еонските свештеници, а по нивни урнек и самите мирјани врескаат наоколу како нема проблем во црквите да се собираат сите и да лижат една лажичка бидејќи тоа е „светена вода“.... никој ништо не ни може, ние сме христијани, Исус ќе не спаси!
Тоа е егоистично и фанатично размислување без грижа за другите и воопшто - не размислување за било какви последици а сето тоа се базира на догма...
Зошто сте такви? Кажете ми зошто? Свештеникот знам зошто е таков, но вие, обичните мирјани?

Затоа реков: Треба да се сврти секој поединец прво кон заштита на човештвото, а потоа ќе ги браниме боговите... по ѓаволите и со нив!

Прочитај малку погоре како ние Телемитите се справуваме да не го шириме вирусов и паникава, бидејќи за разлика од другите, знаеме дека боговите го имаат сето време во универзумот, ќе почекаат за служби и призиви!
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Во однос на темата, бидејќи темата е пандемијата прогласена со препораки поточно закони да не се собираат луѓе повеќе од 5 на исто место и минимум 2 метра растојание - не одам на ниту едно место, дури и боговите сами да се собрале на тоа место ако бројот е поголем од 5 и ако нема место помеѓу мене и боговите да е 3 метра!
За таа разлика пак старо-еонските свештеници, а по нивни урнек и самите мирјани врескаат наоколу како нема проблем во црквите да се собираат сите и да лижат една лажичка бидејќи тоа е „светена вода“.... никој ништо не ни може, ние сме христијани, Исус ќе не спаси!
Тоа е егоистично и фанатично размислување без грижа за другите и воопшто - размислување за било какви последици...

Затоа реков: Треба да се сврти секој поединец прво кон заштита на човештвото, а потоа ќе ги браниме боговите... по ѓаволите и со нив!

Прочитај малку погоре како ние Телемитите се справуваме да не го шириме вирусов и паникава, бидејќи за разлика од другите, знаеме дека боговите го имаат сето време во универзумот, ќе почекаат за служби и призиви!
Кај си го прочитал ова да го изјави некое свештено лице?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.462
Поени од реакции
7.830
Oва не е точно. На религиозните за Бог им текнува цело време. Ова што го пиша, баш сега важи за некои "атеисти", на кои им текнува на Бог само кога јајцето до газот ќе им дојде.
Им текнува секако, само никако да им текне да почнат да живеат според законите дадени од Бог.
Знам атеисти кои повеќе се придржуваат до тие закони, него ли вие што редовно ги следите правилата на луѓето во црно, надевајќи се ако ги знаете на памет правилата и обичаите господ ќе ве чува, божем не знае што правите останатото време. :tapp:

Туку ова старо еонски многу маркетиншки ми звучи, во смисла, вие сте застарени. :D
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Кај си го прочитал ова да го изјави некое свештено лице?
Јас да ти барам кој што зборува во МПЦ-ОА или патријаршијата од Истанбул?

Не може ова да го изјави „некое свештено лице“....
Сепак мора да доаѓа од највисокиот „орган“ на МПЦ-ОА како авторитет на православните христијани во Македонија или пак оние од Инстанбул...

Ми се допаѓа кога ќе ми налетате со вакви „кај си прочитал“.
СЕКАДЕ сум прочитал.
Го знам ставот и проповедањето... што, мислите на памет се зборува?

  • Великата Христова Црква од својот двеилјадигодишен опит знае дека Божествената Причест е „противотров за смртта“ и останува цврсто на досегашното православно учење за светата Причест;
  • Јасно е дека верата во Бога, како надминување, а не укинување на човечката логика, како и молитвата, ја засилуваат духовната борба на Христијанинот. Затоа, Мајката Црква во Константинопол ги поттикнува сите свои духовни чеда во светот да ги засилат своите молитви, та со Божја помош и просвештение да се надмине ова современо искушение.
Соопштение од Вселенската патријаршија за Covid-19 (корона вирус)

А внимавај... МПЦ-ОА што прави:

„...упатува апел до верниот народ да ги почитува мерките пропишани од страна на надлежното ресорно министерство за здравство како и на Светската здравствена организација. Во оваа смисла апелираме во парохиските храмови и во манастирите на МПЦ – ОА во кои има редовни посети и континуиран богослужбен живот, да се зголеми досегашното редовно одржување на хигиената. “

Пак и велат „во оваа смисла“... која смисла, сине? Која смисла? Бесмислени сте...

Да барам уште или доволно ти е?
Одете по храмовите, туркајте се и молете се... но потоа мора да се дружите само со такви истомисленици како вас, не со други! Бидејќи не се грижат тавките за другите...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Туку ова старо еонски многу маркетиншки ми звучи, во смисла, вие сте застарени. :D
Некомпатибилни со човештвото :)
Излишни закони... кои се реално само догма.
Во пракса ништо, на зборови сешто, историски се повикуваат како постоеле 2000 години... а забораваат да кажат колку писмен народ имало во тој историски поглед... и кои биле „писмените“ :)
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Јас да ти барам кој што зборува во МПЦ-ОА или патријаршијата од Истанбул?

Не може ова да го изјави „некое свештено лице“....
Сепак мора да доаѓа од највисокиот „орган“ на МПЦ-ОА како авторитет на православните христијани во Македонија или пак оние од Инстанбул...

Ми се допаѓа кога ќе ми налетате со вакви „кај си прочитал“.
СЕКАДЕ сум прочитал.
Го знам ставот и проповедањето... што, мислите на памет се зборува?

  • Великата Христова Црква од својот двеилјадигодишен опит знае дека Божествената Причест е „противотров за смртта“ и останува цврсто на досегашното православно учење за светата Причест;
  • Јасно е дека верата во Бога, како надминување, а не укинување на човечката логика, како и молитвата, ја засилуваат духовната борба на Христијанинот. Затоа, Мајката Црква во Константинопол ги поттикнува сите свои духовни чеда во светот да ги засилат своите молитви, та со Божја помош и просвештение да се надмине ова современо искушение.
Соопштение од Вселенската патријаршија за Covid-19 (корона вирус)

А внимавај... МПЦ-ОА што прави:

„...упатува апел до верниот народ да ги почитува мерките пропишани од страна на надлежното ресорно министерство за здравство како и на Светската здравствена организација. Во оваа смисла апелираме во парохиските храмови и во манастирите на МПЦ – ОА во кои има редовни посети и континуиран богослужбен живот, да се зголеми досегашното редовно одржување на хигиената. “

Пак и велат „во оваа смисла“... која смисла, сине? Која смисла? Бесмислени сте...

Да барам уште или доволно ти е?
Одете по храмовите, туркајте се и молете се... но потоа мора да се дружите само со такви истомисленици како вас, не со други! Бидејќи не се грижат тавките за другите...
Не сум знаел за ова, не е во ред ако не се почитуваат мерките.Муабетот во старт ми беше за случката во Велес.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom