Апчиња (Витамини)

sleekmakeup

Queen of the South
Член од
14 ноември 2014
Мислења
116
Поени од реакции
38
UPDATE
Од вчера,19.03 за пакетот пишува дека е IN TRANSIT TO DESTINATION COUNTRY(веќе е во авион би требало да стигне во Германија за 5-6 дена).Значи си работат но можеби ќе има забавување од неколку дена за разлика од порано.
Јас сеуште го чекам пакетот што ми е во Германија од 11 Март.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Видов дека ве има повеќе што нарачувате од iherb, па мислење и од вас или искуство?

Го пиев овој пробиотик еден месец. Сега пауза 2 недели додека направам нови нарачки за да стигнат. Во дилема сум затоа што знам дека препорачливо е да се земаат различни пробиотици, дали појакиот од истата фирма или имате лично искуство со некој друг исто добар?

4421BFAF-651E-4CB2-AC27-DEFB62BB202E.png

Пред него, есента, земав Дармфлора две недели.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Видов дека ве има повеќе што нарачувате од iherb, па мислење и од вас или искуство?

Го пиев овој пробиотик еден месец. Сега пауза 2 недели додека направам нови нарачки за да стигнат. Во дилема сум затоа што знам дека препорачливо е да се земаат различни пробиотици, дали појакиот од истата фирма или имате лично искуство со некој друг исто добар?

Прегледај го приврзокот 240705

Пред него, есента, земав Дармфлора две недели.
Овие се доста добри...само ти препорачувам да пиеш по 4x на ден т.е. да порачаш 2 парчиња.


Како пробиотик/пребиотик ништо не се споредува со Кефир и Комбуха, какви сакаш суплементи пиј не се толку моќни (помагаат и тек како) ама Кефир и Комбуха (домашна) се next level.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Овие се доста добри...само ти препорачувам да пиеш по 4x на ден т.е. да порачаш 2 парчиња.


Како пробиотик/пребиотик ништо не се споредува со Кефир и Комбуха, какви сакаш суплементи пиј не се толку моќни (помагаат и тек како) ама Кефир и Комбуха (домашна) се next level.
По 2 на ден пиев, еден месец.

Ок ќе порачам тогаш од нив.

Знам. Ама за жал во Стокхолм не успеав да најдам за да го чувам кефирот сама, им готов ама тоа е се само не кефир.

Додека се вратам дома за да земам замрзнат, ќе продолжам со суплементи ...

Фала!
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
По 2 на ден пиев, еден месец.

Ок ќе порачам тогаш од нив.

Знам. Ама за жал во Стокхолм не успеав да најдам за да го чувам кефирот сама, им готов ама тоа е се само не кефир.

Додека се вратам дома за да земам замрзнат, ќе продолжам со суплементи ...

Фала!
Овие од Jarrow се подобри од мое искуство, тие од California се исто можеби добри, но Jarrow како бренд, ти е BMW во светот на суплементи, додека Thorne и AOR се Мерцедес. California се непознат inhouse бренд на iherb, што не значи дека се лоши ама сепак само да те информирам пред да направиш нарачка.

Имаш некакви дигестивни проблеми, или за имунитет ти е? За кефир пробај од Ebay/Грчки корисници обично продаваат домашен, ако го стави во млеко може да преживее без проблем, особено ако стави малце зрнца.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Овие од Jarrow се подобри од мое искуство, тие од California се исто можеби добри, но Jarrow како бренд, ти е BMW во светот на суплементи, додека Thorne и AOR се Мерцедес. California се непознат inhouse бренд на iherb, што не значи дека се лоши ама сепак само да те информирам пред да направиш нарачка.

Имаш некакви дигестивни проблеми, или за имунитет ти е? За кефир пробај од Ebay/Грчки корисници обично продаваат домашен, ако го стави во млеко може да преживее без проблем, особено ако стави малце зрнца.

Сега ми е појасно. :)
На Thorne користам магнезиум малат и магнезиум глицинат.

Конкретно дегистивни проблеми немам. Имам сјебана тироидна многу години и последните две години фт3 се изремети тотално. Па со суплементи го кревам, бавно ама оди. Пробиотикот е да одржам нормална цревна флора ... дека не може да има апсорпција на вештачки хормон со лоша дигестија и лоша јетра.
Ок чаша вино не се важи. :)))
Автоматски споено мислење:

Морам да се надополнам за да не направам хаос кај некој недоволно едуциран. Не би сакала.

Дијагностицирани се дефицит на Д витамин, б12, феритин како последица на тироидната. Додека нив не ги решам, ни фт3 нема да е оптимално.

Да не зема никој на своја рака ништо.
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Сега ми е појасно. :)
На Thorne користам магнезиум малат и магнезиум глицинат.

Конкретно дегистивни проблеми немам. Имам сјебана тироидна многу години и последните две години фт3 се изремети тотално. Па со суплементи го кревам, бавно ама оди. Пробиотикот е да одржам нормална цревна флора ... дека не може да има апсорпција на вештачки хормон со лоша дигестија и лоша јетра.
Ок чаша вино не се важи. :)))
За тироида, селениум, цинк, Д3, б комплекс, бакар се исто така многу битни. Пази се од јод, поготово ако се работи за автоимуна тироида ака хашимото. Глицинат навечер - малат преку ден, многу добри форми на магнезиум. Ако не те буди малат-цитрат миксот, тогаш глицинат не е обавезен (ако не сакаш да пиеш повеќе суплементи) за да се избалансира од аспект на квантитет на суплементи, ако не ти пречи подобро е да ги пиеш двете форми. Под 400 мг на ден џабе се пие, нема значаен ефект.

За дигестија исто така има супер добри ензими, релативно ефтини кои ако имаш проблем со јетра ептен ќе ти помогнат, мада за тоа најдобро е да се адресира потенцијалниот број 1 предизвикувач, инсулинска резистенција, која се контролира идеално со Berberine/Inositol/Na-Rala комбинација.

Едит, не го видов едитираниот дел, дефинитивно и Б12, и Д се голем фактор за пореметување на функција на тироида, само да ти доловам дека молекулот кој се тестира во лабаратории, е микс од Д2 и Д3, бројката која си ја добила, е 30% пониска од она што го гледаш како резултат, што значи ако имаш дефицит, имаш екстремен дефицит. Оптимално ниво на Д ти е 50-60 ng/dl.
 
Последно уредено:

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Еве како пијам:

На гладно хормонот.

Селен 200, витамин Е 400, магнезиум малат 1 со појадок.

Б12 mythylcobalamin 1250 со б комплекс, бакар 1 мг пред ручек.

Д витамин 5000 ( успеав малку да го кренам инаку бев на 10.000 ), к2, железо 100 мг, Ц витамин 1000, магнезиум малат 1, со ручек.

Магнезиум глицинат 2, цинк 25 мг со вечера.

Пред спиење пробиотик.

На почетокот едвај паметев се ама сега се снаоѓам. :))) Магнезиум ми излегува одприлика 500 мг на ден, а кога бев на повисока доза Д витамин си земав и по 800 мг.


Фала ти за помошта! Имав плашлива докторка и невнимателна, па морав сама да се едуцирам и да испитувам.
Сега во Шведска ми е полесно дека само кажав што се имам дефицит и одам на контроли за да дозирам соодветно.

Нај јакиот пазар месециве ми е на iherb. :))))
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
WOW, а јас мислев дека ти не ги знаеш работиве, тоа искочи си изгазила :icon_lol: :zver:

Неколку предупредувања. B12 најдобро е да се пие 1 месец on, 2 недели off. Немој да го пиеш цело време, исто за б комплекс, паузи - ротации.

Д витамин исто, се додека се зима со К2 MK4/MK7 и магнезиум нема да има никаков проблем, меѓутоа и тој барем 1 недела пауза на 1 месец после стабилизирање на нивото.

Цинк 25 мг секој ден за девојка е многу, пиј 25 преку 1 ден.

Друго, пази се ептен од селениум, поготово ако не е метилселеноцистеин, или селеноцистеин таложењето во телото забрзува и зголемува инсулинска резистенција. Дури има и неколку студии кои прикажуваат добивање на тип 2 дијабет. Најмногу 2x во неделата да го зимаш.

Железо не би ти препорачал да се пие ако нема хронична и документирана анемија, причина за анемија сем обилни циклуси, може и најчесто се нутритивни недостатоци, б12, фолна, б6, бакар, цинк, д3....а исто така многу честа е и појавата на MTHFR. Но ако долго време веќе ги пиеш и не се подобрува, тогаш да за железо, имај во предвид дека железото е еден од најнезгодните оксиданти во телото, супер нестабилно и реактивно. Обавезно диета богата со антиоксиданти со железото.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Од мака се едуцирав, не оставам на доктори веќе. :)))

Правам паузи и сум внимателна со се ама ете д витаминот го паузирам ( со се друго ) две недели пред испитување на се, инаку сум без пауза, од страв.

Многу поминав ама никој не сакаше да ме слушне.
Кога го открив дефицитот беше 17 ( на референтни вредности од 75-250 ) и две години ми требаа да го кренам до 143 ама сега ќе имам подолги паузи.

Феритинот ми беше 24 ( референтни вредности 70-190 ), не е дека имав избор за железото ...

Фала ти за советите! За цинкот не внимавав, го пијам секоја вечер 2 месеци, па месец пауза. Селенот месец, месец пауза.
Автоматски споено мислење:

Еве кој селен е:
F4430B47-EC15-4C55-B7CC-2E3CFF2F1534.jpeg
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952
Kolku e normalna kolicina na vnes na vitamin C dnevno iskazana vo limoni?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom