WOW, а јас мислев дека ти не ги знаеш работиве, тоа искочи си изгазила
Неколку предупредувања. B12 најдобро е да се пие 1 месец on, 2 недели off. Немој да го пиеш цело време, исто за б комплекс, паузи - ротации.
Д витамин исто, се додека се зима со К2 MK4/MK7 и магнезиум нема да има никаков проблем, меѓутоа и тој барем 1 недела пауза на 1 месец после стабилизирање на нивото.
Цинк 25 мг секој ден за девојка е многу, пиј 25 преку 1 ден.
Друго, пази се ептен од селениум, поготово ако не е метилселеноцистеин, или селеноцистеин таложењето во телото
забрзува и зголемува инсулинска резистенција. Дури има и неколку студии кои прикажуваат добивање на
тип 2 дијабет. Најмногу 2x во неделата да го зимаш.
Железо не би ти препорачал да се пие ако нема хронична и документирана анемија, причина за анемија сем обилни циклуси, може и најчесто се нутритивни недостатоци, б12, фолна, б6, бакар, цинк, д3....а исто така многу честа е и појавата на MTHFR. Но ако долго време веќе ги пиеш и не се подобрува, тогаш да за железо, имај во предвид дека железото е еден од најнезгодните
оксиданти во телото, супер нестабилно и реактивно. Обавезно диета богата со антиоксиданти со железото.