Коронавирус (COVID-19)

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Така вели логикава, ама на објавиве од Венко, пишува излечен 1....
Значи излечен 1, мртви 2, заразени 170 и кусур.
Статистика и тоа како за плашење со ова излечен 1.
не се тестирани тие што се веќе заболени дали се уште позитивни. Не може некого да го сметаш како излечен само зошто престанал да кашла или нема темоература.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Реалноста не е на средина, реалноста е дека на 20% ќе им треба хоспитализација а 80% ќе го поминат во домашни услови нешто слично како грип.
Е сеа џабе е таа реалноста ако ти се погодиш да бидеш исклучок или да бидеш у тие 20%.
Ако сите луѓе на светов имаат 70+ години можда и тие ќе се бројките. А да, по можност и цел народ да е тестиран.
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Во разговор со лице кое работи во Државна, во најдобар случај ако се оди според планот, и населението ги почитува мерките што стапуваат на сила, пикот на вирусов би требало да биде негде крај на Април или почеток на Мај... во Јуни би требало да се намали или скроз да ги снема новозаболените, и во болниците ќе останат само пациентите кои ќе треба да се доизлекуваат. За тоа колку би требало да бидат заразени (бројката) несакаше да шпекулира.
Според таа проценка, тоа се 3-4 месеци во самоизолација/карантин....јас живеам сам, веќе 3 недели сум немал човечки контакт или конверзација со човечко суштество(скајп/фејбук не се важи :icon_mrgr:), освен кешиерите во маркет, каде ќе им кажам здраво, и без да погледнат во мене, кажуваат здраво, ама поради маските и да не ги ни чујам...зборот ми е, колку ќе трае ова со самоизолација, тоа до Јуни можеби е и преоптимистична претпоставка, што ќе се случи доколку ова трае до крајот на годинава, 9 - 12 месеца треба да бидам во изолација? Дали телото ќе ми се разболи од седење и не правење ништо, дали умов ќе ми се разболи од гледање серии и филмови :pos:, а веќе почнав да си зборувам сам со себе.
Шала на страна, мора да се поставуваат прашања, важни прашања, не дали може да се реновира дома.
Многу фирми ги отпуштаат работнициве за да заштедат некој денар, знаејќи дека 70% од народов заработува/троши месец за месец, што ќе се случи со нас обичниот народ кога ќе немаме пари парче леб да ставиме на маса, кога ќе ни исклучат струја/ вода, па ете ни раце ќе неможеме да се измиеме? Што е со тие што работат во угостителство, и со тие мали примања се издржуваат, а ете наредните месеци нема да имаат никакви примања? Што е со тие што имаат еден тон други здраствени проблеми и нема да можат лек да си купат? Што ќе биде со еден тон мали фирми од сите области што едвај преживувале, а сега начисто ќе пропаднат, кој ќе им гарантира работа или парични средства на тие работници? Што е со тие што работиме или требаше да работиме во странство за да ставиме некој денар во џеб, а веќе ништо ни од тоа? Дали ќе има финансиска криза, и како државава и народов ќе се справи со тоа? Дали ќе има војни за ресурси?
Настрана сутиацијава со вирусов, последиците можат да бидат пострашни, а кога вирусов ќе го снема, тие одговорните и големите ќе се тапкаат по гради како успешно се справиле со ситуацијата, а ние обичните смртници ќе си ја маваме главата во ѕид.
Мора да се прашуваме што ќе следи кога ќе го снема вирусов, каква ќе биде иднинава, а не да одиме ден за ден од пусти страв.
Во редов што чека за Кам само јас сум со возраст <60
Поради тоа старите и не одам во КАМ, кога ќе застанам во редица и 7-8 бабички и дедовци што едвај одат ги наполниле тоа торбите, ми иде да им ги земам бастумите и да ги тепам...и зборувам за пред ситуацијава со вирусов..:ROFLMAO::sramezliv::sramezliv:
 
Последно уредено:
Член од
22 јуни 2019
Мислења
233
Поени од реакции
810
Многу апокалиптични ти се гледањава дечко. Во мк има околу 200 респиратори...од нив нека бидат само 100 за коронашиве...за 100 луѓе да имаме на респиратор ние треба да имаме стотици илјади заболени со симптоми. тоа нема да се случи едноставно зошто во моментов да земат масовно да тестираат има да испаднат бар 50 000 позитивни на вирусот па двајца се на респиратор колку што знам.

Не значи дека и сите позитивни ќе развијат симптоми воопшто а за да дојдат до респиратор е доста тенка шансата, особено помладата популација која нема некоја хронична состојба од порано.
Ние уште не сме во трета фаза,ке дојде и тоа кога ке имаме по 100-150 новозаболени на дневна база
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.176
Туку што објави Владимир.Цела Русија од сабота на 10 дена иде у карантин.Трошоците и загубите на компаниите државата ги превзема на себе.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
У Романија едно швалерисување им го донесе и рашири вирусов.
Типот не смеел да каже дека бил у странство (со швалерката), кажал дека бил на службен пат во рамки на земјата.
Мислам дека лажно беше тоа, самиот портал си ја избриша објавата по некое време
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Реалноста не е на средина, реалноста е дека на 20% ќе им треба хоспитализација а 80% ќе го поминат во домашни услови нешто слично како грип.
Е сеа џабе е таа реалноста ако ти се погодиш да бидеш исклучок или да бидеш у тие 20%.
Немам видено информација колку од моментално заразените се хоспитализирани, а колку се на домашно лекување? Или сите се хоспитализирани за да се прати нивната состојба?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466
Мислам дека лажно беше тоа, самиот портал си ја избриша објавата по некое време
скроз могуче
такво време е денес, на потенцијални неточни информации
ама, никој не е будала да троши време за проверување за секоја информација која ќе ја прочита
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Туку што објави Владимир.Цела Русија од сабота на 10 дена иде у карантин.Трошоците и загубите на компаниите државата ги превзема на себе.
Индија 21 ден.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.527
Поени од реакции
18.788
Значи испаѓа си патиме од тие високо образовани лица, директори, доктори, професори и тако даље.
Наместо да бидат пример за граѓаните тие се доказ како не треба да се однесуваш.
На скијање ќе оделе тие, да ги пуштиш со санка ќе се отепаат по стаза, на скии ќе се качувале.
На стрелање треба да ги стават сите овие директори и доктори кои свесно ги ставиле во ризик своите колеги и роднини.
Таа Цаца ака Јаница Костелич барем да излезеше јавно да се извинеше кон граѓаните, писмено барем, не дека ќе сменеше нешто ама сепак.
Се надевам судот ќе и ја одземи лиценцата.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
Немам видено информација колку од моментално заразените се хоспитализирани, а колку се на домашно лекување? Или сите се хоспитализирани за да се прати нивната состојба?
ако мислиш за кај нас, covid19.mk преброј си ги
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.611
Поени од реакции
7.737
На 23.03.2020 година, тестирани се вкупно 232 материјали во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ (n=132) и во приватната лабораторија Жан Митрев Клиник (n=100). Позитивни се 12 или 5,2% од тестираните, од нив 9 се потврдени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, додека 3 се потврдени во приватната лабораторија Жан Митрев Клиник.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
Незнам што конфузно виде во ликот, али мене ми делуваше доста концизен јасен.
Само почни од првата реченица.
Започнува вака

Ова е ДОБРО ПОЗНАТ ВИРУС откриен уште 1965 година и го има кај човекот и секоја година околу 4 пати годишно се разболуваме. Овај Корона вирус предизвикува од 15 - 35 % од сите настинки во зимата. Два пати овај вирус не изненадува и има 4 подтипа и го има и кај животните и не знаееме кој е изворот на зараза, јасно е дека се пренесува од човек на човек и првите два дена се најзаразни и вирусот има ниска контагиозност.

Ниска контагиозност? (прашува со чудење водителот)

Да, ниска контагиозност. За разлика од Морбили што имаат 100% заразност носител на овај вирус ќе зарази помеѓу 1-5 луѓе. (Мој коментар ако зарази 5 тоа е 50% заразност)

Значи овие вируси не изненадуваат два пати во 2002/2003 и еве сега, и овие вируси се разликуваат од основниот корона вирус и овај го нарекуваат КОВ2 или Ковид19 заради тоа што овој вирус ПРВ ПАТ Е ПРОНАЈДЕН 2019.


Гледаш кој глупости ги кажува?

Значи од почеток до крај си се поби себеси, баткава. Да не зборувам за другиве небулози што ги пласира.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
16.527
Поени од реакции
18.788
Добро шо се случи со тие 7 лица кои биле пред отпусна листа, наводно брисеви ќе им земаа.
Еден месец сме а само 1 излечен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom