Во разговор со лице кое работи во Државна, во најдобар случај ако се оди според планот, и населението ги почитува мерките што стапуваат на сила, пикот на вирусов би требало да биде негде крај на Април или почеток на Мај... во Јуни би требало да се намали или скроз да ги снема новозаболените, и во болниците ќе останат само пациентите кои ќе треба да се доизлекуваат. За тоа колку би требало да бидат заразени (бројката) несакаше да шпекулира.
Според таа проценка, тоа се 3-4 месеци во самоизолација/карантин....јас живеам сам, веќе 3 недели сум немал човечки контакт или конверзација со човечко суштество(скајп/фејбук не се важи
), освен кешиерите во маркет, каде ќе им кажам здраво, и без да погледнат во мене, кажуваат здраво, ама поради маските и да не ги ни чујам...зборот ми е, колку ќе трае ова со самоизолација, тоа до Јуни можеби е и преоптимистична претпоставка, што ќе се случи доколку ова трае до крајот на годинава, 9 - 12 месеца треба да бидам во изолација? Дали телото ќе ми се разболи од седење и не правење ништо, дали умов ќе ми се разболи од гледање серии и филмови
, а веќе почнав да си зборувам сам со себе.
Шала на страна, мора да се поставуваат прашања, важни прашања, не дали може да се реновира дома.
Многу фирми ги отпуштаат работнициве за да заштедат некој денар, знаејќи дека 70% од народов заработува/троши месец за месец, што ќе се случи со нас обичниот народ кога ќе немаме пари парче леб да ставиме на маса, кога ќе ни исклучат струја/ вода, па ете ни раце ќе неможеме да се измиеме? Што е со тие што работат во угостителство, и со тие мали примања се издржуваат, а ете наредните месеци нема да имаат никакви примања? Што е со тие што имаат еден тон други здраствени проблеми и нема да можат лек да си купат? Што ќе биде со еден тон мали фирми од сите области што едвај преживувале, а сега начисто ќе пропаднат, кој ќе им гарантира работа или парични средства на тие работници? Што е со тие што работиме или требаше да работиме во странство за да ставиме некој денар во џеб, а веќе ништо ни од тоа? Дали ќе има финансиска криза, и како државава и народов ќе се справи со тоа? Дали ќе има војни за ресурси?
Настрана сутиацијава со вирусов, последиците можат да бидат пострашни, а кога вирусов ќе го снема, тие одговорните и големите ќе се тапкаат по гради како успешно се справиле со ситуацијата, а ние обичните смртници ќе си ја маваме главата во ѕид.
Мора да се прашуваме што ќе следи кога ќе го снема вирусов, каква ќе биде иднинава, а не да одиме ден за ден од пусти страв.
Во редов што чека за Кам само јас сум со возраст <60
Поради тоа старите и не одам во КАМ, кога ќе застанам во редица и 7-8 бабички и дедовци што едвај одат ги наполниле тоа торбите, ми иде да им ги земам бастумите и да ги тепам...и зборувам за пред ситуацијава со вирусов..