- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.952
- Поени од реакции
- 73.725
Како е научно докажано кога новиот вирус го нема ни 3-4 месеци? Од каде знаеме дека нема да попушти до крајот на годината? Во Европа го има едвај еден месец, а бројките на заразени се застрашувачки. Највеќе плаши прогресијата и леснотијата со која се шири.Сезонски грип е поопасен тоа е докажано со факти, научни од доктори и научници.
Загадувањето од греење на дрва и возење Вољксваген Голф од 1999 убива повеќе луѓе од корона и сезонски грип заедно, и тоа е докажано со факти од научници.
Е сега тебе паника те фаќа бидејќи во ударни вести нема ни за загадување ни за сезонски грип ама сега си бомбардиран од сите страни за корона вирус и паничиш.
Прво и основно, нема доволно историски податоци за овој вирус, за некој научно да направи споредба. Во последно време не ретко се случува да лица кои немале никакви здравствени проблеми, преживеале пекол со вирусов. Некои дури не преживеале. Во четврта деценија сум веќе, не се сеќавам дека некогаш имало толкава паника од сезонски грип. Не се сеќавам дека во други држави останувале без доволен капацитет за заболените.
Да, медиумите дополнително направија огромна паника, но апсолутно не се сложувам дека сезонскиот грип бил поопасен.