Џабе ти се чисти рацете откако ќе ги извадиш ракавиците, ако со нив претходно си допрел нешто од твојата околина, со чистите раце потоа пак ќе допреш и ништо не си постигнал. А да не збориме што со непроменетите ракавици се шири насекаде, па другите луѓе се ставаат во огромен ризик. На страна што гледам апсурдни ситуации, со ракавиците пали цигара и ја става во уста, или ќе испопипка и маска и коса па телефон...
Точно дека со ракавици имаш повеќе свест да не допреш до лице, но со валкани раце имаш повеќе свест дека треба да се измиеш пред да допреш било што друго. Нема совршена заштита, третина од докторите во италијанските болници се заразени, а повеќето седат по цело време во комплетни скафандери, но збориме за здрав разум кое однесување е помалку а кое повеќе опасно.
Ултравиолетовата неонка се користи за т.н. "кварцање" пред се во здравствени установи, но потребно е да има соодветна фрекфенција на зрачење, одредено време и површина за кое делува, и при тоа се уништуваат и бактерии и вируси. Но, истото е многу штетно и опасно за директно изложување на човекот, може да доведе до опекотина на кожа, а за многу кратко време оштетување на очи, затоа кога се вклучува истото, не треба никој да биде присутен во просторијата. Може да доведе до оштетување и на електроника, на пластични површини, итн. но тоа е помалку битно во ситуацијава.