Коронавирус (COVID-19)

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.606
Поени од реакции
17.441
Ама напнаа новинариве со cause of death, зошто седело инфаркт дека во посмртницата, не е дека некој крие нешто туку појма си немаат од проста логика и после тоа создаваат параноја по народов. Да сакаа да скријат немаше ни да кажат дека жената била пост мортем тестирана позитивна.
Јас би им го одзел правото да се бават со новинарство со оглед дека нема/не постои лиценца за новинар кај нас. Глупи луѓе, само за продавање на наслови, кликања и паника ширење.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Во пријавата за смрт стои cardiac arrest, односно срцево затајување, а не инфаркт. Ова се става како причина за смрт во најголем дел од смртните случаи, затоа што означува запирање на срцето, што не е исто со инфаркт. Шарлатанството и сензационализмот, особено во новинарството, често е поопасно од сите болести заедно.
Овој па на прес инфаркт кажа, не знаев дека е arrest (затајување). Сешто
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.503
Поени од реакции
8.182
Дај бе нека ги објават заболените во Скопје по општини, 3 дена по ред по 10 вакви прашања поставија брееееј.
Ќе одговориме писмено, ќе одговориме писмено... катастрофа.
Немора да кажат матичен име и презиме како во Ц.Г , само да кажат од КАДЕ се, каде престојуваат и тн и тн.
Мислам џабе се многу работи кога криеш каде се најголемите жаришта во главниот град.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.362
Кинин имаше во Швепс?
Во Швепс тоник вотер - горчливиот вкус е кининот. Мислам дека во швепс битер лемон го нема.
... швепсот сода вода не содржи кинин, додека швепсот битер лемон и тоник содржи! (види спојлер)
1. ice_screenshot_20200323-154137.png 2. ice_screenshot_20200323-154235.png 3. ice_screenshot_20200323-154320.png



1.
ice_screenshot_20200323-154123.png


2.
ice_screenshot_20200323-154223.png

3.
ice_screenshot_20200323-154303.png

 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.385
Поени од реакции
7.018
Во пријавата за смрт стои cardiac arrest, односно срцево затајување, а не инфаркт. Ова се става како причина за смрт во најголем дел од смртните случаи, затоа што означува запирање на срцето, што не е исто со инфаркт. Шарлатанството и сензационализмот, особено во новинарството, често е поопасно од сите болести заедно.
По ова што го пишуваш, ми делува дека си медицинско лице или знаеш како идат работите. Па ако можеш, би било добро да ми објасниш, а и на сите други да ни се разјасни, во случајов со жената. По кажувањето на блиската фамилија, кои во тој момент биле пред болницата во Куманово и зборувале со мајката и синот кои биле на прозор. Е сеа по нивно кажување додека збореле, на жената и се слошило и паднала во соба, а синот бил прв што пробал да ја реанимира. После пробале и докторите ама неуспешно. Е сеа дали било срцев удар или има шанса да и откажале белите дробови и во многу краток период и срцето? Би било супер ти ли некој друг ако знае да појасни.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Е сеа дали било срцев удар или има шанса да и откажале белите дробови и во многу краток период и срцето? Би било супер ти ли некој друг ако знае да појасни.
Mислам дека за ова само со обдукција се добиваат информации, го отвораш телото и правиш тајмлајн на настаните.

Логично нели на крај секогаш срцето откажува ама во обдукциониот лист треба да се наведат сите малфункции на органите кои ги гледа докторот на судска медицина во моментот при обдукцијата.

Знам дека државава ни е втемелена на лажење и дрпање секој за себе ама во случајов не верувам дека некој намерно да сакал да скрие кога ја објавија женава дека ја бројат како почината од корона.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.158
Поени од реакции
30.294
Ќе му каже ли бе некој на овој бапчо дека е многу досаден со твитовите или ќе го праиме мк твотер крал?
Se ke napravat za da bidat na time.mk mnogu se zagreovi :)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Веќе е се појасно.
17.500 лица имаат останато без работа во Шведска за 8 дена.
Се е појасно зошто од денес под итно сме морале сите животот да го живееме.

Јас се враќам на јогата после тоа години. Мора ова да се преживее. :))
 
M

Macedon1um

Гостин
Чисто за потсетување 191 државен пазарен инспекторат ако приметите да пријавите нагло зголемени цени на производите
Денеска слушнав дека една пекара во градов преку ноќ ги зголемила цените на производите за 10 денари, утре одам да проверам и одма пријавувам ако се потврди дека е така. Не може во ситуација кога главните продукти кои ги користат во пекарската индустрија се со замрзнати цени овие да качуваат за екстра профит..
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.362
...низ цел свет има 10 центри каде се испитувало различна нова вакцина на коронавирус КОВИД19, а од петок започнале со своја ПРВА пробната вакцина врз 108 пријавени доброволци од Wuhan кои во себе го имале коронавирус, тие биле во различна возраст од 18- 60 год. поделени во три групи третирани со различни дози,
... вакцината била производ на биотехнолошка компанија CanSino Biologics Inc од Tianjin, истражувачка екипа на Chen Wei, кој бил експерт за превенција и контрола од биолошки опасности - Воената академија за воени медицински науки!
... експертите од Вухан, рекле дека за овие два дена бил забелижетелен напредок кај волонтерите кои доброволно се дел од клиничка студија, а се носители на коронавирус КОВИД19,
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Чисто за потсетување 191 државен пазарен инспекторат ако приметите да пријавите нагло зголемени цени на производите
Денеска слушнав дека една пекара во градов преку ноќ ги зголемила цените на производите за 10 денари, утре одам да проверам и одма пријавувам ако се потврди дека е така. Не може во ситуација кога главните продукти кои ги користат во пекарската индустрија се со замрзнати цени овие да качуваат за екстра профит..
Шо бидна со лимунот? Го намалија или па 300 да не го направија?
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.797
Поени од реакции
2.365
Знам дека не можеш ама идат по матични и на глава им се качуваат, ние сме единствена земја каде што пациентот кажува на матичниот што да му препише. Веројатно сега ќе има рестрикции на кого се му се препишува, нешто слично како лекарствата на розев рецепт што се.
Од збор до збор е точно! Преку ден вакви случаи слушам дома, татко ми се смее и им вика, абе луѓе ако знаевте што ви треба, што доаѓате на доктор...
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.385
Поени од реакции
7.018
Mислам дека за ова само со обдукција се добиваат информации, го отвораш телото и правиш тајмлајн на настаните.

Логично нели на крај секогаш срцето откажува ама во обдукциониот лист треба да се наведат сите малфункции на органите кои ги гледа докторот на судска медицина во моментот при обдукцијата.

Знам дека државава ни е втемелена на лажење и дрпање секој за себе ама во случајов не верувам дека некој намерно да сакал да скрие кога ја објавија женава дека ја бројат како почината од корона.
Не верувам и јас дека сакале да сокријат нешто, со тоа што пишале срцев удар или како што членот пиша, срцево затајување.
Мене како некој кој не се разбира во медицина, по описот на фамилијава, ми делува ко срцев удар, од тоа што сум имал прилика да видам по нет.
Поентата ми е дека за да искочат на прес и кажат дека жената починала од Корона, треба да се 100% сигурни во тоа. Се друго е стварање паника, по мене. За денешниот смртен случај, верувам дека е поради вирусот. И кај него имало нагло волошување на состојбата, но тоа не е во секунда, туку во неколку саати. Кај женава смртта настапила во таа минута кога и се слошило, а предходно се било добро зошто најнормално комуницрала со фамилијата. Тоа е тоа што мене ме буни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom