Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Aко добро ме служи меморијата, имавме полициски час само во Тетово и Куманово?

И во Битола имаше кога му ги палеа куќите на Албанците шо живеат тука..и во Прилеп исто така кога ги палеа џамиите никој не излегваше
 
Многу трубење дека е ова прв полициски час, илјада пати го видов. Народов заборај дека имавме војна во 2001 или шо е работава?

Во Битола и Прилеп мислам дека имаше тогаш полициски час. Не во Скопје.
 
За пропусти на властите кои може да се забележат, нели пазарен инспекторат ќе враќаше цени на производи, вчера лимоните уште беа по 170 денари, а сигурен сум дека и остатокот од артиклите кои не ги приметив уште беа по високи цени...

Случајно разменав 2-3 реда неврзан муабет со инспектор од ДПИ, бидејќи голем дел трговци од малопродажба имаа замерки.Вчера биле на терен.Се жалеше на глупите решенија од влада, во смисла цените се фиксирани во малопродажба, а не од почеток на ланецот.

Па имаме абсурдни случаи кога набавната цена е покачена од магацин/големопродажба, а инспекторите ги тераат маркетите да ја вратат на ниво од 19.03 ако добро памтам.
И сега имаме цена на магацин од пример 50 ден набавна за Х производ (продажна би била 55), а инспекцијата е со задача маркетите да ја фиксират продажната на да речиме 45.
Абсурдистан.
 
Што стана со дебилот од генералштабот на АРМ што криел дека бил на патување во Босна? Самоизолација или позитивен е и он?

Куманово два пати, ако се сеќам прв пат поради војната, а втор пат кога го убија она младо момче 2002/3...
 
Многу трубење дека е ова прв полициски час, илјада пати го видов. Народов заборај дека имавме војна во 2001 или шо е работава?
прв пат на територија на цела македонија
 
Aко добро ме служи меморијата, имавме полициски час само во Тетово и Куманово?

Имаше и во другите градови. Јас бев прва средно во Кичево и добро знам дека имаше ама не се почитуваше многу. Ни оддалеку немаше толку џандари вработени како денес, не можеа со тоа да се занимаваат.
 
Има што лажат несомнено. Ама не би искрено.

Да го праќаат бар тој брисот 1500ќе дадам не жалам.

Но да се визам во воз или автобус, ако сум потенцијална да заразам некој, ако не да се заразам.

Нема логика навистина ситуацијава.

Значи логика и теорија нема сите градови се зафатени, само за Битола и Прилеп се ќути. Шансите да нема случај на оваа бројка официјална во овие градови се рамни на нула.
ПП денеска имало 4ри за испитување, ама тоа сабајлето ми кажа мајка ми некаде до пред 10 беше. Сигурно после тоа имало и повеќе. Реално на толку (>150 души во самоизолација) сигурно некој има.
 
Последно уредено:
Koи други држави со нашето ниво на ресурси тестираат илјадници дневно?

Ебаната АМЕРИКА едвај се реши да тестира по илјадници дневно.

Од старт кажаа дека МАКЕДОНИЈА НЕМА КАПАЦИТЕТ ДА СЕ СПРАВИ СО OUTBREAK НА ВИРУСОТ.

Затоа апелираа да се останува дома и лицата кои се враќаат од странство да одат во изолација.

Тоа е единствената и клучна грешка која ја направија, што не воведоа задолжителен карантин за сите кои после случајот со моронот од директорка се враќаа во Македонија.

Сите други мерки им беа на место.

Едноставно не можеш македонскиот здравствен систем за 1 месец да го спремиш за да одговори на масовна заразеност.

Требаше пендрекот да заигра од сам старт, тоа беше решението.

До вчера по едвај десетина теста дневно се правеа. Има стотици луѓе со симптоми и во тешка здравствена состојба, со високи температури со денови, со болки во грлото, со суви кашлици, кои се оставени во неизвесност, сами на себе да се снаоѓаат и лекуваат со чаеви. Се чека значително да му се влоши состојбата на некој, да дојде до пневмонија и потреба за респиратор, па за да му направат тест.

Да се сфатеше сериозно работата уште од самиот почеток и да се правеа тестови за такви случаи наместо да се прикрива реалниот број заболени, сега официјалната бројка на заболени ќе беше далеку поголема. Поголема бројка на заболени - поголема свест кај народот. Ќе се редуцираше бројот на "abe bace obicna nastinka e" ликови. Луѓево далеку посериозно ќе ја сфатеа епидемијава. Можеби и немаше да има потреба од ригорозни мерки од кои трпи штета приватниот сектор и обичните работници.

Колку и да не сакаме да ги воочиме грешките, реалноста е таа, ептен несериозно ја сфативме работава уште од самиот почеток. Побогу, до пред десетина дена политичариве беа со став дека немало причина да се одложат изборите.
 
Последно уредено од модератор:
Ако веќе одиме со теории на заговор, 100 пати пореална опција е енглезите да го пуштиле отколку кинезите.
Ама такви муабети нема смисла да се прават, секој ќе си врти како сака.

Сите гомнарии што се правеле изминативе 5-10 дена ќе излезат на виделина во наредните 3-5 дена.
Дали тоа било прикривање на бројки намерно, не тестирање, свесно прикривање на случаеви од Цаца или што ти знам што, нема да може да се скрија.

Господ да ни е на помош, оти од државата се видело помошта.
 
Добро е за темава шо сериозни муабети почнаа да циркулираат. :tapp::tapp:
Ќе ве молам без теории на заговор и рекла казала со цел вистинските информации да го видат денот. Бидете сериозни!
п.с. Од каде идеата дека со работна дозвола луѓето че си работат трета смена?
 
Не дека нема простор за теории на заговор, ама ова срање ептен ескалира. Или па можда не беше предвидено до толку, ама сепак им избега од контрола, кој ќе ти каже.
Од друга страна па низ историјата имаме еден куп вируси и чуми кои направиле масакр на дури 1/3 од светската популација, за овие барем сигурни сме дека не се направени во лабораторија.

Точно е дека технолошки сме светлосни години напред за разлика од овие кои живееле во 14 век, ама лудо е да тврдиме дека знаеме се, и имаме решение за се. Којзнае какви се пиздарии и промени се дешаваат секој ден во светот, а ние луѓето сме немоќни макар биле и влади со неисцрпни ресурси.
 
Eпа пекари работат трета смена, така да мора да добијат дозвола.
 
Не дека нема простор за теории на заговор, ама ова срање ептен ескалира. Или па можда не беше предвидено до толку, ама сепак им избега од контрола, кој ќе ти каже.
Од друга страна па низ историјата имаме еден куп вируси и чуми кои направиле масакр на дури 1/3 од светската популација, за овие барем сигурни сме дека не се направени во лабораторија.

Точно е дека технолошки сме светлосни години напред за разлика од овие кои живееле во 14 век, ама лудо е да тврдиме дека знаеме се, и имаме решение за се. Којзнае какви се пиздарии и промени се дешаваат секој ден во светот, а ние луѓето сме немоќни макар биле и влади со неисцрпни ресурси.

Се е језиво бидејќи имавме и свински и птичји грип и уште не какви, ама вака никогаш не било, колку ја што се сеќавам.
 
Премериот на Шведска вечерва имаше пет минутно обраќање до нацијата.
Да се остане смирен, без паника, дека не сфаќа сите ама тешки времиња се за сите. И сите веќе слушнати мерки за самозаштита.
И рече, многу ќе го фатат вирусот и од многу треба да се збогувате, на време.

Како Шведска се спрема.
Со најмал број на болнички кревети по човек, во цела Европа.
Поставени се над 1000 лимени “сандаци” пред клиниките, за тие што ќе умрат. Така се спрема Шведска, во тоа да е подготвена.

Прв пат имам некоја глупа грутка во грлото. Отиде човештвото во неповрат. Навистина е потребен рестарт ...

447B2AA1-A34B-48B3-A723-7F79F6AE4019.jpeg
 
И рече, многу ќе го фатат вирусот и од многу треба да се збогувате, на време.

Замисли ова било кој политичар од балканов да го кажеше каква реакција ќе имаше? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom