Македонија добро се справува со ситуацијава. Тоа генерално се должи на навиките што постарите ги стекнале за време на Југославија да ги почитуваат државата и нејзините препораки и така ги воспитувале помладите.
Државата добро се снаоѓа, Венко е добар, добро тера, само штета што тие околу него(Докторката) и над него се тешки сељаци.
Да беше капацитетен Спасовски како премиер многу поодлучно и побрзо ќе спроведуваше мерки(му дадоа вонредна-назначува судии), Димитров многу подобро ќе ги организираше странците да си дојдат дома и одма во карантин да ги стави. Премногу споро реагираат сите на државно ниво.
Генерално мислам дека се држиме добро и затоа што имаме доктори, сестри, медицински персонал кој без разлика кој е министер ќе работеа овака добро, и затоа што населението не е во паника.
Сериозно треба да се размисли да се ограничат твитерџиите што продаваат муда за бубрези дека снемало леб, дека се купувало тоалетна и шират дезинформации го паничат народот повеќе они отколку самите луѓе. Има и леб има и тоалетна и се што сакаш во било кој маркет, барем во Велес.
Гледајте позитивно малце на работите, не ширете паника, држете се до препораките, а хигиената држете ја високо и после короната.
Имаме многу велешани што работат надвор од градот уште никој нема донесено корона, уште немаме случај значи добро оди работава, ќе не биде, или што вика еден другар Македонија Заев го преживеа, ќе го преживее и овоа

.