Невозможно е да спречиш ширење на ваков вирус, не постои врата која едноставно ја затвараш и тоа е тоа, нема вирус. Во денешно време практично е невозможно и шансите се премали со сите тие летови, влегувања излегувања у земја, туристички патувања, карневали што привлекуваат туристи, знаменитости и све остало. Не дека допуштиле било што, можат само да го намалат ширењто на вирусот и во тој контекст да поебат одредени ствари ко италијанците што сјебаа ама дури и таквите мерки не гарантираат дека нема да се деси хаос.
Доволно е еден заразен да влезе и толку, чао довиџења, а влез на заразен е невозможно да спречиш колку и да се трудиш, тргни од тоа какви простаци и незналици има кај нас што кријат, бегаат, намерно лапаат апови за да скријат симптоми, тоа не е случај само кај нас, насекаде е. ... да спречиш ширење на вирус е едноставно невозможно ...
На ова додади и дека на почетокот може и апсолутно ништо да не осеќаш, а да си преносител, никој не е спремен за битката против невидливиот непријател.
Живееме у свет кој многу малку одвојувал време за да се спрема во битка против овие микроскопски мали непријатели невидливи за човековото око кои дефакто постојат, постоеле и ќе постојат, а многу повеќе се концентиррале на војни, нафта, нови оружја, нуклеарно оружје, безброј нови технологии и тн и тн, и затоа ова се случува, се случувало и во минатото и ќе се случува се до оној момент кога екшли ќе се вложува и во битката против идните пандемии кои се неизбежни. Цела среќа што овој вирус не е толку агресивен и има ниска стапка на смрност, во спортивно ќе доживеевме една катаклизма и ќе беа потребни години и години дури и по наоѓањето на вакцина да се опоравиме, зборам глобално, не само за нашата земја.
Ќе си дозволам да кажам дека и добро е што ова му се случува на Светот, wake up call е ова и стандард за луѓето едностанво потребно е да се деси нешто вакво за да се свестиме, шпанската треска очигледно не беше доволна и ниедна следна генерација не се обиде сериозно да ја сфати таа потенцијална закана која тогаш уби 1 процент од населението на планетата, и дека истата е многу пострашна од било која војна. Чисто за споредба, шпанската треска у 1918 уби 50м луѓе што е за 15м помалце од вкупниот број на жртви од втората светска војна која траела со години но некои информации велат дека бројот на мртви од шпанската треска која нападна у два брана е и дупло поголем.
Денес со вакав технологија и масовни медиуми би требало конечно поинаку да ја перцепираме оваа закана и да се превземе нешто пред следната пандемија која може да биде далеку пострашна доколку станува за вирус кој е далеку поагресивен и има висока стапка на смртност. Во тој контекст реков дека ова што сега се случува е добро, тест е на кој дебело паѓаме ама може да не спреми за следниот далеку посјебан тест на кој ако не му влеземе добро подготвени.
И ова важи за сите, не само за оние кои се на власт, сите медицински леста, здравствени организации, европски унии ната мата и слично, туку и ние општо како луѓе, колку човештвото само не е спремно за ваков непријател доказ е лабилниот и несериозен однос на луѓето ама не сме ние криви, едностанво секојдневно сме труени со други информаци и со години и години многу слабо сме информирани нит пак сме биле доволно едуцирани и спремани за ваквиот тип на непријател за луѓето.
Кога во 2020 треба да потенцираш дека треба да се мијат раце, значи да се мијат раце, толку ... ова е доволно мислам за да се сфати колку сме само заостанати во оваа битка. Горе ако има некој и не надбљудува , у моментов го гледа убедливо најлесниот начин како да не совлада без притоа да испука еден куршум или што и да имаат.
За оној економски аспект да не разглабам, има тема на форумов иако ја немам отворено гарант веќе се исцртани дел од црните сценарија кои не чекаат, значи од секој можен аспект човештвото не е спремно у моментов за ваков тип на нептријател, а covid-19 е ко да пуштиш игрица и лошите да ги местиш на easy mode, сега можеме само да претпоставиме гледајќи што сега се случува, што нам ќе ни се дешаваше ако mode-oт беше ставен на појак левел.