Дали би простиле неверство?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Абе какво простувањеее. И не ми се јасни тие што бараат прошка. Да започнам од почеток :icon_lol:. Прво некој не сакал некого доволно (а бил во врска со неа/него) и го изневерил, а потоа бара да му се прости, односно бара тој другиот да сака доволно и за двајцата, затоа што очигледно овој првиов незнае да сака. МОЖЕБИ може да се заборави девојката или дечкото со кој што е направено изневерувањето (не партнерот), но никојпат неможе да се заборави нанесената болка. Иако по некое веме не боли, сепак сме свесни колку не болело кога сме биле преварени, и треба човек да не е човек и да си дозволи да си ги прави грешките пак и пак, и да се гази самиот себе си. Според мене и молење и објаснување и незнам уште што, не помагаат многу (бар знаеш дека тој што те изневерил се кае), но со ИЗВИНИ не се брише она што е сторено.
 
Да сум простила до сега неверство,но не сум заборавила.Значи имало е моменти кога за тоа повторно сум префрлува,иако сме ставиле крај на таа тема.Сум велела дека никогаш нема да простам,но ете си го погазив зборот.Затоа ќе повторам никогаш не вели никогаш.
 
Да сум простила до сега неверство,но не сум заборавила.Значи имало е моменти кога за тоа повторно сум префрлува,иако сме ставиле крај на таа тема.Сум велела дека никогаш нема да простам,но ете си го погазив зборот.Затоа ќе повторам никогаш не вели никогаш.
Па ако си простила, нема да си памтела и да си префрлувала. Убаво е да сакаш некој повеќе од себе, ама ако му префрлаш, тогаш ништо не е вистински. Не си сакал да бидеш сама па си останала со тој човек. Според мене ако навистина простиш, нема никогаш да го споменш тоа. Очигледно не била затворена таа рана, и не си ставила крај на таа тема.:smir:
 
Една работа ке ви кажам. Утописка мисла за современото брутално, изопачено, нехумано, перверзњачко или какво сакате општество. а гласи вака..
Ако сите се ставиат во таа ситуација и размислат ЈАС не ја варам неа/него од причина што не сакам тој/таа мене да ме вара. Ако имам некоја сила во мене која ке ми овозможи да бидам верен и ме заштити од склоност кон прељуба тогаш право пропорционално на својот разум верувам дека таа сила постои и во неа/него.
И ке има мир во целиот свет.:smir:
 
Јас би простил..тешко ке ми биде ,но ке и простам затоа што ке знам дека со другиот таа би била посреќна..ако таа не знае да ме цени , тоа е нејзин недостаток.Таа што ке знае да ме цени ,нема да ме изневери и ке знае дека никогаш не би ја изневерил..така?
 
А кој е оној што ќе каже : Јас душо моја те изневерив? :)
Барањето прошка доаѓа од кога ќе те фатат,а не додека не знаат :)
 
А кој е оној што ќе каже : Јас душо моја те изневерив? :)
Барањето прошка доаѓа од кога ќе те фатат,а не додека не знаат :)
кажвам бе,ама само без душо моја.
Дали знаиш што тоа значи?
 
Не не и не, тоа е најпонизното нешто сто можес да си го направиш пред партнерката
 
ај ке ви кажам ако бидам некогаш изневерен (не дај боже).... вака можам се да кажам ама во тие моменти незнам што ке направам:salut:
 
Сите викаат: не бре какво простување.
Ама кога ќе бидат изневерени пола и повеќе простуваат:toe:
 
Сум простила неверство. Простено, но не и заборавено. Сега со овој памет не знам дали би го сторила истото, едноставно зашто веќе ништо во врската нема да биде како што било претходно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom