Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
+5 официјално, а за другите двајца ќе чекале уште една потврда ради унификација на прегледите. Инаку, двајцата излегле позитивни на тестовите направени во Жан Митрев.
Значи, +7 нови.
За двајцава се шпекулираше и сабајле, наводно некои странци.

Инаку, другарка долета сабајле од Австралија, менувајќи авион во Турција. Точно НУЛА проверки и направиле на аеродромите, вклучувајќи го и нашиот. Ги проверувале само оние кои им ЛИЧЕЛЕ на болни.
 
Тоа Жан Митрев за приватно гарантира ПОЗИТИВЕН исход :D Живо ме интересира што ќе покаже контролата

Туку, ми паѓа во очи разликата меѓу земјите во смисол на смртен исход. Приметувам во арапските земји, има преку 2-3 илјади дијагностицирани, а смртни случаи НУЛА. Може сепак топлото време врши работа?
 
Лошо што тие што се на респираторна ќе им бидат потребни и до 3-4 недели да закрепнат...
 
Освен храна и лекови, еве мене денеска ми се расипа фен, па среќа најдов отворена продавница во која продаваат и тоа. Понекогаш не се само храната, тоалетната и лековите потребни во изолација

Да фен е first world problem во ваква ситуација, се знае што е битно храна и вода се друго мање више. После коронава малку повеќе ќе го цениме медицинскиот кадар, земјоделците што произведуваат храна и овие во маркетите што за минимална плата остваруваат илјадници контакти со муштерии
 
Тоа Жан Митрев за приватно гарантира ПОЗИТИВЕН исход :D Живо ме интересира што ќе покаже контролата

Туку, ми паѓа во очи разликата меѓу земјите во смисол на смртен исход. Приметувам во арапските земји, има преку 2-3 илјади дијагностицирани, а смртни случаи НУЛА. Може сепак топлото време врши работа?
Некако и мене натаму ми оди логиката. Можи ќе се шири, ама ќе се намалат смртните случаи. Засега само Скопје и Дебар ризични градови.
 
... ете тоа е, едно информираат на ТВ, а друго на терен, па уште воодушевени као многу се направило читајќи само напишан текст на ТВ ? што со совети и препораки тоа ли е здравствена интервенција во време на пандемија, границите обезбедени со контроли на ТВ, а на терен... ти му викаш дека доаѓаш од жариштето -Италија, тој ти вика терај немај гајле, не треба ништо? :facepalm:
Пред некој сат на вести ,,Лицата кои влегуваат во Македонија потпишуваат изјава дека доаѓат од земјите со висок или среден ризик, за разлика од некои останати земји каде е забрането влез во државата за лица кои доаѓаат од овие подрачја, или со самиот влез во државите лицата се спроведуваат веднаш во карантин"

Друго - скоро сите земји околу нас ги затворија границите, Америка забранија влез за лица кои доаѓаат од Европа, а кај нас уште си идат авиони од секаде и си потпишват изјави. Исто сите гранични прелази СЕУШТЕ си работат нормално скоро и без никаква контрола.
Иначе ние изолирани сме, миеме раце, се капиме... без гајле :mad:
Битно читаш коментари по ФБ бравоооо за нашите, најпрви од сите реагираа.
 
Позитивно е што 20+ заразени се од Дебар, а во карантин е целиот регион. Е сеа тие 5+ од Скопје/Македонија се реално закана за државата + туристите и печалбарите што ни се враќаат од странство
 
Тоа Жан Митрев за приватно гарантира ПОЗИТИВЕН исход :D Живо ме интересира што ќе покаже контролата

Туку, ми паѓа во очи разликата меѓу земјите во смисол на смртен исход. Приметувам во арапските земји, има преку 2-3 илјади дијагностицирани, а смртни случаи НУЛА. Може сепак топлото време врши работа?
Кои се тие арапски држави?
 
5 се сигурно, 2ца од Жан Митрев (ќе ги тестирале на државна за сигурно.. али најверојатно и тие имаат).

Таксистот 4 дена возел после девојката која е позитивна..
Мислам дека не рече за таксистот дека е позитивен. Рече само дека е контактиран.

Патничката од Холандија и 4 од Дебар се засега.
 
Чим кај овие што сами се пријавиле има тогаш господ знае колку ги има што се шетаат а поима немаат дека имаат.
Epa nemoze bas da se setaat i pojma da nemaat. Ke se griposani, ke imaat simptomi. Baska kakvo sto e vremeto nema da sakaat taka griposani, usmrkani, raskaslani da si se setaat kako sto si mislis (panicno).
 
Може ќе преживеам, ама ќе фатам настинка, па нема да знам дали е корона или не :D
п.с. Јас кај што сум на планина, моментално температурата е 1 степен, вчера снег врнеше ... не е баш толку топло
Немаш гајле од Корона чим си на планина.
 
Да фен е first world problem во ваква ситуација, се знае што е битно храна и вода се друго мање више. После коронава малку повеќе ќе го цениме медицинскиот кадар, земјоделците што произведуваат храна и овие во маркетите што за минимална плата остваруваат илјадници контакти со муштерии
Ниту пишав некаде дека не треба да ги цениме (не знам зошто ова мене ми го одговори), ниту реков дека фен е first world problem, реков дека е потребен дури и во ваква ситуација.
 
Пред некој сат на вести ,,Лицата кои влегуваат во Македонија потпишуваат изјава дека доаѓат од земјите со висок или среден ризик, за разлика од некои останати земји каде е забрането влез во државата за лица кои доаѓаат од овие подрачја, или со самиот влез во државите лицата се спроведуваат веднаш во карантин"

Друго - скоро сите земји околу нас ги затворија границите, Америка забранија влез за лица кои доаѓаат од Европа, а кај нас уште си идат авиони од секаде и си потпишват изјави. Исто сите гранични прелази СЕУШТЕ си работат нормално скоро и без никаква контрола.
Иначе ние изолирани сме, миеме раце, се капиме... без гајле :mad:
Битно читаш коментари по ФБ бравоооо за нашите, најпрви од сите реагираа.
Како се сите граници отворени? Само 5 премини функционираја и од утре и тие ќе бидат затворени за сите возила освен за транспорт на производи. Колку шо разбрав и аеродромот во Скопје ќе биди затворен.
 
Epa nemoze bas da se setaat i pojma da nemaat. Ke se griposani, ke imaat simptomi. Baska kakvo sto e vremeto nema da sakaat taka griposani, usmrkani, raskaslani da si se setaat kako sto si mislis (panicno).

Има случаи каде што на луѓе со добар имунитет не ни се појавуваат симптоми а веќе пренеле корона вирус на други лица, друго не тек одма се појавуаат симптомите - вчера на твитер од доктор кој работи во Жан Митрев прочитав дека 80% од случаите имале симптоми тек после 7 дена од заразувањето
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom