Многу луѓе се во самоизолација, но истата (убеден сум) скоро и да не се спроведува како што треба и истовремено се стапува во контакт со луѓе при изолацијата, свесно или несвесно.
Бидејќи голем дел од луѓето се несовесни и верувам дека половично ќе ги испочитуваат тие 14 дена, може да настане голем проблем. Верувам дека многумина може да/ќе ја закомплицираат ситуацијата така што на 8от ден ќе добијат кураж и ќе мислат дека не им е ништо и ќе си лабават по комшии и со друштво, а симптоматологијата е доста специфична и не може да се најде НЗС.