Ајде еве вака малце мое мислење околу состојбата во која се наоѓам моментално ( во Шведска ). Останатите членови кои живеат тука може нема да го делат моето мислење, некои ќе мислат дека е overthinking, но сепак ова е мое индивидуално размислување до сега.
Зошто ме фаќа паника? Затоа што сум сеуште приморана да одам на работа, фирмата не ми дозволува работа од дома иако работам во ИТ. Ова е нешто што не можам да го разберам и што многу, многу ме фрустрира. Зошто секое одење на работа и цело седење на работа да ми биде стресно? Па јас јадам ручек во просторија со +300 луѓе! И да не јадам во исто време со сите нив, од кај знам тие што претходно седеле тука дали имале нешто или не?
Премногу наивно се постапува во цела ситуација, се даваат зборови како Its just a virus, не сте во ризична група, па и дури да се заразите не би требало да е нешто сериозно.... со преголема леснотија се изговараат овие зборови! Вирусот е присутен 2 и пол месеци! Никој не знае дали има долгорочни последици, на крај краева и бројот на заразени на светско ниво не е некој репрезентативен примерок! Се е базирано на претпоставки. Не ми се свиѓа пристапот кој се одбра тука ( да изградиме колективен имунитет ) за нешто што е толку ново. 2 и пол месеци! Нова технологија да излезе скептици се, чекаат прво 2 години сите други земји да ја испробаат пред да ја вклучат во проектите, сега за вирусот први станаа. Да го пробаме! Шведска ќе има демо на COVID 19 за 2 недели, stay tuned!
Многу ме мава и психата. Не сум сама тука, заедно сум со маж ми, ама еден од нас да се зарази, одма и другиот го фаќа. Немам мрежа на луѓе тука за кои сум сигурна дека доколку ситуацијата ескалира ќе одат во маркет или во аптека по набавка на продукти за нас. Свесна бев кога се селев дека заминувам во нова околина со никој близок околу мене, но никогаш не можев да си замислам вакво сценарио.
Ова е момент кој посебно ми ствара паника.
Ова е мое размислување, можеби и во некој аспекти е overthinking ама би сакала да ги имам размислено сите ситуации. Многу брзо се менува ситуацијата, во случаи на ескалација би сакала да сум спремна со постапки отколку тогаш да седнам да размислувам што ако.