Ај две лаички прашања, можда се глупи али морам:
1. Дали може да се прележи корона без притоа да бидеш свесен за истата? Тука пред се мислам на тоа да не те опфатат сите симтоми, пример само да киваш цело време.
2. Како човек што не патувал периодов нигде и што официјално немал контакт со некој од критичните подрачја може да знае дали е болен од корона? Или треба да се дојде до крајна фаза? Јасно ми е дека немаме премногу ресурси за да испитаме многу луѓе, ама чисто ме занима.
Конкретно за себе зборам, работам во банка, имам контакт со илјадници банкноти и клиенти секојдневно, а сеа за сеа само кивам чат пат. Али да напоменам, ова со кивавицава ми трае бар 2 месеци сигурно, а до неодамна имав и големо чешање на очите, секако на алергиска база. 99 посто кивањето ми е на алергиска база зашо немам ни температура, нит ме боли грло, нит нешто трето, ама онака чисто ме занима за горенаведените две прашања.