Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
3 автобуси со арбајтен од Италија кои биле вратени од српска страна, се отидени до Словенија каде превозникот ги префрлува во други автобуси лажирајќи дека се тргнати од Словенија.
Моментално автобусите се во Македонија.

Ова ама ич не ми е за верување. Италија ги затворија границите, а и Словенија не дозволува влез од Италија.
 
Може ли некој со сигурност да каже кој симптом го разликува коронавирусот од сезонскиот? Како најлесно може да се разликува?
Тешко. Симптомите се исти скоро.

Едина разлика, ама не е правило е дека кај CoVid-19 носот е затнат, ама немаш nasal drip. Иако се шпекулира дека има пациенти и што немале ниеден симптом освен осип биле позитивни.

Кај секој организам различно ваљда влијае. И не, не мора да значи дека ако не си фебрилен 38°+ дека немаш CoVid-19.

Како најверојатни се:болка во грло, печење под грло при голтање, затнат нос, сува кашлица, тешко дишење и температура.

Но има исклучоци, може да се појави, мачнина, гадење, болки, дијареа. Така да со сигурност не можеш да кажеш, дури не почниш да си ги повраќаш белите дробови од кашлање.
 
Последно уредено:


Мислам дека уште сум у неверување дека УСА што треба да е најјака држава во историјата толку лошо е поставена во однос на здравјето на народот
 
"...Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи ги повика верниците да ги одржуваат петочните молитви во џамија ..."

Кај нас бре јака конкуренција има за најутепан.

Зашто ли од сите корона случаи, баш кај Албанците/муслиманите се испорашири?
 
3 автобуси со арбајтен од Италија кои биле вратени од српска страна, се отидени до Словенија каде превозникот ги префрлува во други автобуси лажирајќи дека се тргнати од Словенија.
Моментално автобусите се во Македонија.
Или гадно те излажале или си копито кое сака само да се прави интересен.Недела дена ништо не смее да мрдне од Италија,ни влез ни излез има.
 
"...Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи ги повика верниците да ги одржуваат петочните молитви во џамија ..."

Кај нас бре јака конкуренција има за најутепан.

Зашто ли од сите корона случаи, баш кај Албанците/муслиманите се испорашири?

Па беше овој пред некој ден на ТВ паламудеше дека во екот на пандемија и во куранот пишувало да не се оди на џамија/да се избегнува контакт со заболени.

Не бе не ни бега ќе го јадеме , немаме никаков менталитет
 
Според она што го видов во засебни земји многу лесно се шири од несовесност (или друга причина) на само еден човек. Тој ќе рашири меѓу повеќемина, а тие понатаму. Тој кворум да се локализира и задржи што побрзо, како што сега се обидуваат кај нас со Дебар.

Примери - Романија, Македонија, Бугарија...
ДОДЕКА ТЕЧЕ ПЕРИОДОТ НА ИНКУБАЦИЈА

Филипче појасни дека никој не може да знае дали и колку лица ќе бидат заболени од коронавирус од несовесната лекарка
 
до толку ли бе?:facepalm:
шо праат овие да ми је знати
каков собир е тоа?

Коронабилдинг изгледа

Оној Булевар на фб споделил видео од коли испаркирани за петочна молитва, и во коментари нема вирус што ќе не спречи да одиме и сл :tapp:
 
Оној Булевар на фб споделил видео од коли испаркирани за петочна молитва, и во коментари нема вирус што ќе не спречи да одиме и сл :tapp:
Случај - салмонела у слаткарница у Турска Чаршија. Известуваат медиуми, толку и толку заболени.
Утре дента следува реакција од Албанците кои се солидаризираат со слаткарницата и пред камери групно купуваат од неа на кило колачи, смеејќи се во камера.
За некој ден триплиран бројот на заболени.

Ова ама баш не е ич различно.
Ние сме утепани, али они се сироти за жалење од некој како нас. Па сеа ти види колку се они утепани.
 
Во Синерџи е , во Биен.. Ова ако не се баграна од Slice...

Препознавате ли некој? @the_kop @Dani

99,99% се некои од Слајс, само тие вработуваат вакви чудни фаци од цела зграда.
 
Добро, што им е?
Стварно.
Како не можат барем минијатурна рационална искра у себе да имаат?
 
Ај две лаички прашања, можда се глупи али морам:
1. Дали може да се прележи корона без притоа да бидеш свесен за истата? Тука пред се мислам на тоа да не те опфатат сите симтоми, пример само да киваш цело време.
2. Како човек што не патувал периодов нигде и што официјално немал контакт со некој од критичните подрачја може да знае дали е болен од корона? Или треба да се дојде до крајна фаза? Јасно ми е дека немаме премногу ресурси за да испитаме многу луѓе, ама чисто ме занима.

Конкретно за себе зборам, работам во банка, имам контакт со илјадници банкноти и клиенти секојдневно, а сеа за сеа само кивам чат пат. Али да напоменам, ова со кивавицава ми трае бар 2 месеци сигурно, а до неодамна имав и големо чешање на очите, секако на алергиска база. 99 посто кивањето ми е на алергиска база зашо немам ни температура, нит ме боли грло, нит нешто трето, ама онака чисто ме занима за горенаведените две прашања.
 
Срина се системот за плакане со картици и многу места нема пари во кеш во Софиja.

Во истиот момент Шпаниja воведе вонридна состоjба и мобилизира армиjaва.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom