Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Види пневмонија може да предизвика и бактерија не дека не може. Стафилококна особено инфекција ж, може од обичен грип да се симне на долен респираторен систем.

Не сум докторка, ама се дрзнав да реплицирам.
Со обична крвна слика се покажува инфекција, леукоцити покачени=инфекција. Потоа офи понатаму ЦРП, Аст, АЛТ да се види што понатаму. Додупа може сето наеднаш да се направи, ако доктор ти ординира. Ти пиши упат на нашки кажано.
Toчно. Неутрофилите не ти укажуваат на бактериска инфекција? ЦРП покачено исто не оди во прилог на бактериска инфекција? Јасно ми е сето тоа што го зборуваш. Прашањето ми беше, за дијагнозата не е доволна крвна слика, преглед, рентген?!
Имам читано доста. Пневмонијата знам дека може да биде типична и атипична, па врз основа на тоа мислев дека постои емпириски третман.
 
Преска на радио слушнав дека ФЕИТ прави настан Кафе во дворче. Па дали се нормални? Ги ослободуваат од настава за да не се групираат, а они пак се собираат за кафе.


Ова му доаѓа нешто како масовно пречекување на корона вирусот.
 

Што е со директориве...му било речено дека е заразен со корона и треба да биде во самоизолација, овој се кренал да го носи детето во детска болница кајшто се лечат деца со рак и сл. Поглупо нешто од ова има ли?
Ima, francuzite so festivalot na strumfovi so 3500 dusi.
 
новите мерки ке вродат резултат ,само така со изолација и дезинфициранје може да се заштитиме ,за време на бегалската криза секое такси сто ке превозесе емигранти беше прскано дезинфицирано
 
[emoji16]
a2d174b0e6763e6e9995a68b0143219e.jpg


Sent from my Mi A1 using Tapatalk

Обавезно бацување икони, крстови се под што следува само после ако се заразат нека се лечат со молитви и чаеви од баба Рада а не да трчаат во болница.
 
Toчно. Неутрофилите не ти укажуваат на бактериска инфекција? ЦРП покачено исто не оди во прилог на бактериска инфекција? Јасно ми е сето тоа што го зборуваш. Прашањето ми беше, за дијагнозата не е доволна крвна слика, преглед, рентген?!
Имам читано доста. Пневмонијата знам дека може да биде типична и атипична, па врз основа на тоа мислев дека постои емпириски третман.
Да може да се дијагностицира без никаков антибиограм. Но крвна слика оди во прилог секогаш. Обично боцкање во прст.

Добар специјалист за респираторни болести, пулмолог, на аускултација(диши-не диши) може да утврди врз база на дишењето. РТГ ти е исто добар, може да се каже дека РТГ-пулмо е најубедлив доказ.
 
[emoji16]
a2d174b0e6763e6e9995a68b0143219e.jpg


Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Еееј ова не е ништо, да видиш на каков статус налетав, " Не подлегнувајте браќа и сестри на ова зло сатанистичко таканаречено корона вирус, Бог е тука за вас, ова е намерно пуштено од сатаната " абе абе, колку и да си верник ќе ти се одмили од вакви глупости жими очи.
 
Не ми се јасни бројкиве. Германија и скандинавцине имат ептен низок број на смртни случаи во споредба со другиве држави. Додека Италија испаѓа дека здравството им е на ниво на Сомалија. Или овие ги кријат смртните случаеви или во Италија има многу повеќе заразени од моменталната бројка што ја кажуваат.
 
Не ми се јасни бројкиве. Германија и скандинавцине имат ептен низок број на смртни случаи во споредба со другиве држави. Додека Италија испаѓа дека здравството им е на ниво на Сомалија. Или овие ги кријат смртните случаеви или во Италија има многу повеќе заразени од моменталната бројка што ја кажуваат.
И мене истово ме чуди не може до толку посупериорен имунитетов на скандинавциве, французиве и германциве да им биде у однос на италјанциве како е можно толку многу смртни случаеви таму да има...
 
Не ми се јасни бројкиве. Германија и скандинавцине имат ептен низок број на смртни случаи во споредба со другиве држави. Додека Италија испаѓа дека здравството им е на ниво на Сомалија. Или овие ги кријат смртните случаеви или во Италија има многу повеќе заразени од моменталната бројка што ја кажуваат.
Возраста на населението, поголем број на луѓе со хронични заболувања, пушачи, се си има влијание.
 
Od sosednite zemji ni se preteruvaat gosti dali za soping,dali za setanje itn.zosto ne se dade preporaka da vleguvaat stranci vo zemjava samo za nekoja pogolema potreba
Мислам дека ако ова го повториш уште 20 пати на темата, сигурно ќе ги затворат границите.

Еј не сум луда до толку. Ама таа ми рече така, па сеа рачунај кој е полуд. Низ смеа ме праша "xexe da ne imas patuvano negde".
И кажав за контактот, и така ноншалантно ми пиша амоксицилин, и вика ами ако ти е ептен многу лошо по 4-ри дена дојди.
Нормално дека не дај Боже да ни е лошокај неа сигурно нема да одам, шо че ми прај.
Ќе ти свари чајче најверојатно, ко што ја гледам луда :D

абдалот шета по аеродроми, генерално си врти на своја воденица со муабетот и неговото секташко мантрање за слободата и дрн дрн муабети, НО во делот за следење на мас медиуми и хистеризирање е апсолутно во право.

Не е заебанција вирусот ама уште поголема глупост е масовното собирање во маркети за да се обезбеди човек за „секој случај“. Не е ова 41 па да немаш леб.
Накренале 30 литри масло мислиш нуклеарка ќе падни по 2 дена.

Добро бе, 30 литри масло на просек 4 луѓе дома колку ќе ти траат? 2 месеци?
Нема да излезиш 2 месеци од дома, нема да си во контакт со луѓе? Нема да одиш на работа?

Болен народ.
 
Aко за тестов употребувале PCR (полимеразна ланчана реакција) ги сфаќам зошто тестираат само хоспитализирани а не превентивно, скапо е многу.
...квалитативно откривање на IgG и IgM антитела на коронавирус кај човечки серум се тестираат само тие на кои им помина инкубацијата, значи најрано после 10 дена од време на заразата со вирусот, а тоа се хоспитализирани највероватно со сомневање дека им поминало времето на инкубација, превентивно тестирање со PCR (полимеразна ланчана реакција) не постои за време на инкубација, а и да се направи тогаш тестот нема да биде валиден!
... смислата за тестирање е само ако се има симптоми (температура над 38 С, респираторни проблеми, кашлица и гушење, пневмонија), во првите денови на инфекцијата, нема доволно вирус присутен во организмот, а со тоа ниту тестот нема да потврди дека е присутен вирусот,

Прегледај го приврзокот 237284

...ако некој со симптоми смета дека го има коронавирус, се става во функција на протокол, матичниот бара тест во Националниот институт за Јавно здравје и животна средина , а осомничениот пациент се задржува во изолација, дома или во болница, доколку тестот се врати позитивен, пациентот останува во изолација и Општинската служба за јавно здравје спроведува истрага на сите луѓе со кои пациентот бил во контакт за време на инфективниот период, па мора да го следат нивното здравје за време на периодот на инкубација...итн

Прегледај го приврзокот 237283 Прегледај го приврзокот 237285

... серолошкиот тест се прави затоа што може да открие антитела дури и ако пациентот се опоравил, ама не порано од една недела, додека тестот за PCR (реакциите на полимерен ланец) може да го открие вирусот само доколку лицето во моментот е болно, ама ако двата примероците се земени премногу рано (пред 12 дена), кога вирусното оптоварување е премногу мало или ако телото на лицето сè уште не произведело антитела против вирусот, тогаш нема ни да имаме позитивен резултат, но вакви тестови прашање каде се достапни и воопшто дали ги има доволно кај нас!
 
Обавезно бацување икони, крстови се под што следува само после ако се заразат нека се лечат со молитви и чаеви од баба Рада а не да трчаат во болница.
Како за овие по кафичиве и за вакви треба список со име и презиме. Ако настане зомбиленд по клиникиве, оваа категорија последни по приоритет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom